Ништо не е страшно. Некогаш и кај мене е така, некогаш и ден-два плус покажува. Плус двете бебчиња не може да се ептен исти, секогаш едното ќе заостанува зад другото и затоа не може точно да се покаже Ако има некој некое друго искуство нека сподели ама јас мислам дека е во ред.
Не се плаши мила. Важно е да напредувАат од еден до друг преглед, плус се прават отстапки +- две недели. Со лесно
Живи здрави да се Како поминавте на ГАК, јас сум 30та и сакам таму да се пораѓам, па чисто информативно ☺️
Здраво драги. Бидејќи носам близначиња решив да ви се обратам на вас. За 2 дена влегувам во 14 недела. Сакав да ве прашам дали сте почуствувале како "влечење" долу ниско во стомакот и како долниот стомак да ви е отежнат? На што може да се должи тоа? До сега бев на сите прегледи и скрининг и се беше ок.. Фала ви.
Мила, со лесно да ти е. Сега се шириш повеќе, побрзо растат бебенцата, штом се е во ред со останатите прегледи. Поголем е притисокот, сепак се две. Да си помирна пиши му на гинекологот, може и да те ѕирне, но мислам немаш простор за паника.
Здраво мамички, пишав и во темата колички но не добив одговор затоа овде пишувам. Сакам да прашам од каде купивте количка препорака да ми дадете, за новороденчиња да биде функционална, практична и удобна. Убава вечер
Јас по препорака од членка земав на старо Maxi Сosi Dana количка со транспортери вака добра ми се гледа уште едно хемиско да и направам
И јас ја имам таа, Maxi Cosi Coral 360 Essentia, транспортер и сум задоволна. Многу внимание потрошив на барање количка, ми требаше да е лесна, да можам сама да искачам со неа, да ме собира во лифт, во влез, лесно се склопува чадор систем, што ми е од корист многу кога сум сама со нив.. Може маала мана и е дека е со малечки тркала, ама пак дека е лесна и лесно се поткрева пример при некоја препрекА.
Јас случајно на оглас на Пазар 3 бидејќи скапа ми беше на ново, но ја има во bebehome.mk погледни ја таму
Здраво јас ја имам на Cosatto убава е барав тогаш потесна за да ме собира по лифтови. Купи си некоја лесна не гледај марки чуда бидејќи како што растат е се потешко да тегнеш
Всушност зависи што ти треба, реално нема баш избор на колички. Јас не гледав марка туку барав задолжително количката да биде со транспортери бидејќи првото дете ако не беше во транспортер, плачеше и немаше шанси да се вози во количка. Единствен избор на количка со транспортери беше оваа од бебе хоум и на чиполино која ја имаш на страната на тополино и чини со транспортери околу 28 000 но е по габаритна.
Фала мила на одговорот. Јас не барам марка да е не ми е важно тоа, битно ми е да е практична, функционална и како што рече да можам лесно да управува со неа, е убаво што напомена битни ми се и транспортери да се става на неа, баш ќе ја погледнам таа што ми ја препорача, да нема многу избор за близнаци. ❤️
https://topolino.mk/product-category/bebeshki-program/kolicki/kolicki-za-bliznaci/ Која од овие е најдобра и на која се ставаат транспортери, бидејќи како што гледам овие се без транспортери