Здраво, јас се породив во 37+1 без инекција за зреење. Така да мислам дека и не мора да се прими ако е се во ред со бебенца.
Се е во ред со бебињата, Димчев ми рече немам предиспозиции за предвремено раѓање (и дека 2-3 недели има дејство инекцијата и дека не е баш така наивна работа). Матичната пак мора да ја примаш (еве вика друга пациентка у 32 се породи вика среќа барем една инекција имаше примено, стално ми влева страв). За 10 дена сум пак кај Димчев па ќе видам со него (сепак он е специјалист). Фала ти мила ❤️
Слушај си го Димчев и ич да не се секираш, се ќе биде добро. Мене Гордана ми ја водеше бременоста и јас и запнав уште во 36та да ме пораѓа дека веќе стварно ни можев да одам, ни да спијам од што ми беше голем стомакот она ми викаше што се брзаш, убаво им е, имаш и плодова вода и супер си се, си растат убаво и викам ајде ќе се стрпам уште малце хехехе. Димчев е специјалист, си ја знае работата гушки
И јас така мислам, имам доверба во човекот си ја знае работата па да оставам на него он да си одлучи. Фала ти мила ❤️
Јас примив во 31ва за сигурност. Мислам дека не е ништо штетно, ќе бидеш помирна. Ама пак од друга страна ако е се ок.... Јас сум сега 35+6 и се е ок. Дај Боже барем до 37 полна да истуркаме со бебушиве. Со лесно на сите
Здраво и јас сум мак Гордана и ме интересира како си задоволна од прегледи пораѓај, се со неа. И твоите двојајчани се или еднојајчани?
Здраво, јас бев со инвитро кај Лазаревски, он ми ја препорача Гордана. Докторката е супер, прави убави прегледи, убаво кажува и објаснува и дава многу поддршка и позитивни мисли. Некогаш може да биде во гужва и да не ти посвети мн мн внимание ама нема утка во тоа што го работи. Дури кога ми ја ставаа спиналната, ме држеше за рака и ми викаше да не се секирам дека се ќе биде добро и дека за брзо ќе си ги видам бебињата. Иначе моите се двојајчани. Момче и девојче
Не знам прашањево дали е баш за тука, ама колку од вас што имате близначиња на природен начин(зошто нели со инвитро е доста почесто), имате други близнаци во блиска фамилија? Мислам дека животна желба ми е близначиња да имам, ама немам никој во фамилија колку што знам. Има шанси, зошто имам слушнато дека има врска генетската предиспозиција?
Моите се на природен начин и бидејќи сме имале близнаци во фамилија, мислев сум наследила генот. Нели генот за суперовулација ќерката го наследува од мајката, она од мајка и итн. Е ама научив дека близнаците биле од страна на дедо ми, а не од баба ми и така излегува дека јас сум прва, значи шанси имаш
И моите се природно, немав појма јас за близнаци ни на крај памет па не ми дошло дека јас ќе имам. Кога ни кажаа на преглед дека се две почнавме да истражуваме и испадна дека свекрвата на бабата на мажот ми била близнак, а мојот прадедо, татко на дедо ми исто бил близнак така да ние од двете страни ете се погодивме да сме имале и на нас падна лотото хахха..
И мене ни на крај памет, ни желба, ни некој интерес за близнаци. За мене тоа беше нешто што се случува на други луѓе. Инаку, свекрва, прадедо, татко, дедо, не важи во наследувањето на генот. Може да го наследиш од мајка ти, ако таа го наследила од баба ти, а она од прабаба ти и така таа линија ја истражувај, од таму ти е лото ливчето
Панорама, 9+4, твинс пакетот што испитува трисомии, пол и дали се еднојајчени или двојајчени, цена околу 34000 на 3 рати. Резултатите ги добив за 10 работни дена. Со близначка бременост невозможни се оние сеопфатни испитувања со делиции, и Панорама е тест препорачан за близнаци од повеќето доктори.
Isto i jas imam bliznacki ednojajcani se moite.Nemam od strana na majkami so bliznaci a pa nemav nikogas zhelba za bliznaci, no ete Gospodova rabota, taka da ima nades i za tebe