Мене пак Нифти ми го препорачаа, на скринингот се беше во ред но јас сакав да направам. Со нифти се испитваат три основни трисомии и пол кажуваат. Не ми кажаа дали се двојајчани или еднојајчани, но кас тоа го знаев пд почетокот дека се еднојајчани. Резултати добив за 5работни дена а цена во готово плативме 34.100, а инаку може и на рати.
И јас како повеќето врска немав дека сме имале близнаци. Дедо ми (на мајка ми таткото) имал браќа близнаци, починале двете месец-два после раѓање. Не знам дали по таа линија наследив, знам дека шок доживеав кога ми кажаа во 6 недела дека се две
Potrebna mi e obleka za bebinja bliznacinja i bebesko krevetce.Obleka za vozrast nad 1godinka.Vi blagodaram.
20та недела сум на преглед и после 23та на скрининг. Што се случува на тој скрининг, како поминавте? Сега сум 19та недела за 3 дена.
Јас го правев во 22+3. Тоа е втор скрининг всушност и истиот се смета за многу важен, од причина што ги гледаа сите органи на бебињата. Ми потврдија пол, гледаа срценца, бубрези, мозочиња, броеа прстиња итн..Исто на крај ми измерија и цервикс. Со среќа
Едвај чекам, иако ми е стресно кога одам на секоја контрола, уживам кога ги гледам и ми кажува докторов како се. И на крај одма ми поминува времето и мислам 2 минути сум била таму.
Бременоста ми е фала богу нормална, природно зачнати близнаци, немам маки некои, а докторот ми рече ќе ме пораѓал царски. Кај вас? Зошто да не би можела природно?
Мене ме породија природно во Систина, првото бебе поставено со главата, второто карлично. Освен ако се двете карлично и ако нема друга индикација, не знам оти не пробаат природно.
Па не знам и јас затоа прашав, а нема никаков проблем барем засега фала богу, а и плус е рано за муабети за пороѓање не па за тој чин и врска немам зошто ми го кажа тоа докторов.
Женски јас цела вечер и денес цело време осеќам нешто во стомакот скокоткање како мрдање, можно да е бебе?
Не стоиме ние стагнираме веќе 8 месеци. А и реално не ни имав потреба ни па сакав, самата помисла дека две души растат во мене не би се осмелиле. Сепак секој си знае за себе
И ние така многу ми е и страв и грдо и дали два пати само сме имале и тоа со грижа на совест, па полека, нежно, со пазење и поарно не.
Не и не. Само да се родат живи и здрави. За облека веќе купувам различни во најмала рака боите и дезените се различни. За имиња немаме избрано, ама единствен критериум ми е и да не се слични и да не се римуваат.
Moite nemaat slicni iminja, no im se rimuvaat..A za oblekuvanje 50-50 Cesto se slicno obleceni, a cesto i razlicno koga znae ednata da povrati i da se naprai llom pa da i smenam samo na nejze obleka
Моите не се слични ама последните две им се исти и некако се римуваат. Мене ми е мерак исто да ги облакам или бар исти дуксер или долни некогаш и различно ама некогаш.
Ист пол? Моите се машко женско и да сакам исто скроз не можам да ги облекувам А за имиња не знам ај некоја идеја
Михаил-Михаела, Јован - Јована, Стефан - Стефанија, Нино-Нина, Зависи какви сакаш, дали традионални или од помодерните.