Можеш. Бело крем жолто кафеаво, имаш многу унисекс алишта. Јас за синко имам алишта кои сум ги гледала и на женски. Можеш и да комбинираш бои а машки и женски модели. И да сакаш не може бебе цело време да е модерно, некогаш ке бљуцне на боди и ке смениш, некогаш ке се покака. Ама за слики можеш да комбинираш. И јас би сакала како тебе да имам машко и женско. Моево едно како што вреди за три, на второ не помислувам.
Да, машки се моиве. Ќе им правиш интересни комбинации, ќе видиш како ќе ти текнува, ќе си се дополнуваат Со лесно Незнам дали сакаш имињата да ти се слични, Ирис, Ведрана и Бјанка ми се омилени од женски.. а машки Јован, Ведран, Војдан, Павел, Стефан, Дамјан. Пример Павел и Бјанка Или Војдан и Ирис Ајде може кума ќе ти бидам
Не можеш да знаеш Јас уште пред бремена да бидам сакав едно машко едно женско и имиња си имав ставено Лана и Леон или Лорена и Леон ама ништо никој не ми ги сака... Мажот ми вика тој ќе си го крстел женското јас машкото ама да не е Леон
Zdravo, jas sum 22 nedela i imam problem so kicmata i nogata me boli dali nekoja od vas ima vakov problem i dali nekoja ima resenie, zosto doktorite nisto ne davaat osven B6 i parcetamol
И јас имав такви болки, почнаа околу 20та недела..не ме боли константно, но секогаш кога лежам/ подолго седам и ќе станам едвај се исправувам и од кичмата и нозете ме болат..(единствено само пренаталните витамини ги пијам и магнезиум). Ако веќе пиеш магнезиум, по консултација со др. зголеми ја дозата..Само тоа и ми помага. Парацетамол за вообичаени болки во кичма, нога не би земала, а не ми ни препорачале. Испив само 2 парацетамола за да симнам темп, кога бев позитивна на Ковид. (Околу 19 недела)
Kaj мене се машко и женско. Имињата им се Андерј и Маријана, а други имиеа што би ги препорачала се:Јован,Благојче,Леонардо,Стефан и Петар за машки. Николина,Ирина,Ирис, Марија,Јована,Изабела и Ана за женски.
Бремена сум 28+2 со близначиња и до сега на сите еха и скринизи си одговараа за гестациската неделата(дури беа и понапредни). Вчера на ГАК ми кажаа дека на едното близначе BDP мерката на главче е помала во однос на неделата за ококу 2 недели. Денес повторив ехо и мерките на едното бебе се скроз во ред, а на другото стомаче и ножна коска исто во ред, само главче помало. Веднаш ми дадоа упат да повторам TORCH што го имам правено уште 11 недела, за да сме виделе да не е последица на нешто вирусно (пример прележан Ковид) Дали некој имал вакво искуство, дали има простор за паника?
На Гак два пати беше или на друго место вториот пат? На Гак другарка ја извадија од памет за мало главче (а после слушнавме дека доста така ги исплашиле), а потоа испадна дека е во ред. Оди и на уште едно 3то мислење, приватно...
Да, на ГАК бев. Закажав и на приватно, фала ти на советот, но и јас претпоставувам дека е така, бидејќи до пред 2 недели ниту матичната, ниту Димчев не ми спомнале такво нешто.
Околу 17 недела, но нежно само како пеперутки и вообичаено во долниот дел од стомакот, а потоа се чувствуваат се повеќе и се почесто.
Јас во 17 едното и мислам сега 24/7 е активно, а другото мноооогу ретко, многу ме загрижува тоа бебе и на ехо само со рачињата на очи е и никако не се мрда. Само го мислам. За другото мал збор е хиперактивно колку е активно нон стоп. Него, како сте со килограмите и неделите? Јас 22 недела + 5 кила само.
Драга слично како јас да се читам. Од аспект на активност понекогаш не можам да проценам кое бебе мрда, бидејќи нели они постојано си ја менуваат положбата. А тоа со рачињата на очи и криење на ехо на едното бебе, скроз исто. Речиси 29та недела сум а уште немаме убава слика од ултразвук на едното бебе. Не се грижи, доколку нешто не е ок би ти кажале. Едноставно не се исти, јас тоа бебе го викам инатче мало. Во однос на килограмите, јас утре сум 29 недела а сум поправена точно 6,5 кг и сметам дека тоа е ок. Јас отсекогаш сум била крупна и се плашев по колку ќе качувам во бременост, но очигледно бебињата си добиваат колку што им е потребно и мислам дека нема простор за грижа.
Не ги мисли килограмите, битно е бебињата да си напредуваат како што треба. Незначи ако се поправиш 20 кг дека ќе родиш 5 кг бебе. Еве јас сум 34+ а сум поправена 5,5 кг, битно бебињата ми се супер.
Супер до крај така се супер да помине кај тројцата. А стомакот голем ти е многу, кога ти порасна највеќе? Јас слаба како што сум си мислам којзнае колкав да не ми порасни па да немам после рамнотежа да паѓам нанапред хахах во 22 сега голем ми е ама терам можам да одам уште без паѓање
И јас сум слаба и малечка, само стомакот расте, друго цело тело исто ми остана. Од 17 недела почна да ми се познава дека сум бремена, па си расте стомакот секој ден И да штом неможам да се наведнам, да си облечам чорапи и патики, да си ги видам стапалата од стомакот голем ми е, мислам нормален како што треба и да е Ма какво паѓање, не си на точак па рамнотежа да одржаваш, не се секирај само растете си со убаво и лесно
Чекај јас сега збунета сум за положбата.. Да не си мислам цело време погрешно дека едното ми е лево едното десно а тие да се преместуваат.. Твоите се еднојајчани? Моите се двојајчани и така ми рече доктор, машкото ти е лево, женското десно и така ќе си останат до крај да си ги знаеш кај се. И ние така си тераме, лево тој, десно таа, така им зборуваме, така ги галиме.. На секое ехо така се исто со страните. Во заблуда да си живеам замисли, а тие си мењаваат страни