Во 18 недела двете беа хиперактивни 24/7 т.н ровареа неможев нити да седам нити да лежам, а камо ли да спијам.
И кај мене се двојајчани-ќерки Моите постојано се менуваа, прво лежеа двете хоризонтално едно над друго (и на двете главчињата им беа на иста страна)- тоа беше на прв скрининг. 17та недела сеуште лежеа едно над друго но беа спротивно наместени со главчињата. После 20 и некоја едното лежеше уште доле, другото беше исправено вертикално со главата горе. И дури од 26та недела до сега двете се горе лево и десно со главчиња едно до друго (си муабетат) Така да, според тоа знам дека си менуваат положба..
Леле јас какви сликички имам да ти покажам ќе се смееш многу. Од почеток се на тие страни и на секое ехо така се, машкото лево, женското десно. Женското е цело време со главата горе, стуткано и со рачињата на очи, а другово ехееее еднаш на една страна свртен, еднаш на друга, еднаш испружен со двете нозе напред, еднаш се смеевме многу кога видовме на ехо баш тогаш шутираше кај сестра му во делот. А тоа кутро стуткано и еднаш само му ги видов прстињата ги мрдна и толку.
Хааа, двојајчани се така? Еве кај мене минатата среда беа двете со главчињата горе, денес на ехо видовме дека едното се свртело со главчето доле Инаку минатиот пат за џабе ме испаничиле за помало главче 2 гест.недели, испадна помало само за 4 дена...
Двојајчани се да. И мене едното напред недела и пол ми било. Ама вака кога гледам еднаш вака еднаш така кога ни кажуваат ништо не верувам во тие мерките повеќе.
Јас на секои 3 недели одам. Ама зависи од бременоста, тој на почеток ми рече со тебе ќе се гледаме барем на недела и пол дека близначка бременост, ама после 2-3 контроли ми рече нема потреба толку често зошто се е во ред и одам на три недели.
Јас бидејќи одам и на конзилијарно мислење дека продолжувам боледување, исто на 20 дена одам за извештај на клексани, скрининзите што ги правев, плус еха кај матичната и речиси секогаш ми се погодува на 2 недели, а ми се случува дури и еднаш неделно некогаш да ми се погоди. Понекогаш се ставам во филмови дека тоа е премногу често, ама кога ќе отидам на ехо некако помирна сум и до сега така терам. За 4 дена влагам во 30та недела, па планирам да одам да се договорам со др во болницата каде што планирам да се пораѓам и претпоставувам после тоа само таму ќе идам...
Во право беше за ова со меркиве и затоа што на ГАК нон стоп ми кажуваа различно и некогаш знаеа да ме исплашат, отидов денес кај др.Петровска во Систина. Детално ме гледаше (како скрининг) и кажа дека немало никакви отстапувања во однос на мерките, туку баш се си е како што треба и според неделите.. Затоа понекогаш можеби од прва треба да се оди на приватно и без оглед што претеруваат со цени, мирот ми е најважен..
Јас сега следна недела сум закажана за скрининг кај матичниот, па ако не дај боже пак ми кажува недели понапред поназад ќе одам и јас ќе проверам приватно второ мислење. А и многу имам читано тука членки со огромни разлики во мерките, им велеле мало, слабо со килажа а се раѓа 4 кила. Така да и второ и приватно мислење не сфаќам премногу сериозно за мерки кога се работи. Само да е се како што треба
Дали вас ви кажаа кога ви е терминот? Јас преку апликации што сметаат недели и периоди во бременоста си гледам, таму ми вели 06 септември, а матичниот вели нема термин кога ќе сакаат тие тогаш ќе биде термин.
Убаво ти кажал матичниот. Да си знаеме термин само како ориентација да ни е, но ние со близначка бременост мислам порано ќе ни дојдат бебињата, барем мене така ми кажа др што ќе ме пораѓа.
E убаво ти кажала докторката И јас знаев термин за ориентација само, ама они излегоа по своја инициатива порано во 37недела
Мене овај калкулатор ми пресмета најточно https://www.yourduedate.com/report/due-date/2022/09/06/ Полн термин за близнаци е 37 недели, значи краен термин би бил околу 16 Август
Мене за тогаш ми рече за царски докторката баш, а со едно, значи многу веројатно да си породена или заедно да славите
Ајде кој прв ќе каже А дали и вас ви се прави стомакот прво горе качен одма под градите, па друг ден спуштен скроз доле и ептен тркалезен, па како заоблен, па нанапред испакнат, секој пат различно? Зошто кога велат кога ќе слушнам вака го носиш бебето онака го носиш, а кај мене различен е стомакот?