Девојки не успеав да пишам тука дека јас се породивЗа некој ден правиме еден месец. Се породив со царски на 37+2. Ви посакувам на сите лесна бременост и лесно породување. Вистински благослов е дома да имаш две ангелчиња
Здрави и живи да сте, едвај чекам да дојдам на твое место Ако имаш време раскажи ни како е, како се снаоѓаш, сакаме се да знаеме
И вас да ви се пофалам бев на преглед ги видов беблаците. Женскава замислена ептен, а дечково како на секој преглед мрда, прета, се прозева.. Двете се по 32 см и околу 600 и нешто грама. Супер си се. 23 недели и 3 дена двете.
Здраво женски Има ли некоја од вас што планира да се пораѓа во Чаир ? Сакам да одам кај др.Неџипи, слушав позитивни искуства па сакав да се консултирам и тука , дека сепак сме со близначиња..
Количка за близнаци цела една кола една преубава начекав прашувам колку пари е, 96 000. Многу е за количка толку пари. Кога ќе ми текне и колку пари воопшто ќе требаат за близнаците... се х2.
Jac vcera kupiv nova kolicka za moite princezi..Ok kika boo e 14 500denari. Lesna i mnogu prakticna na prva prosetka mi se vide,a pres toa imav edna glomazna ko avtobuz da vozam Ti ja preporacuvam..ja ima na stranata na loco croco
Другарка се породи природно со близнаци и ја породи тој Ако нешто поточно те интересира можам да ја прашам...
Пред 4г другарка зема на Грацо убава од Либерта, види таму. Она ја продава нејзината, па ако некој е заинтересиран нека ми пише
Zdravo. Nova sum na forumov. Bremena su 8 nedeli so bliznaci . Uste od 6ta nedela mi pocnaa bolki vo dolniot del na stomakot karlica kicma ,mi dadoa terapija utrogestan i inekcija progesteron na 7 dena , mi se namalija bolkite no pak osekam proboduvanja grcenja vo dolen del na stomakot i nadolu i slabost vo nozete, inaku so bebinjata e se vo red imast srceva reakcija. Ima li nekoj slicno iskustvo
Пиеш ли магнезиум? Се шири матката и ќе си осеќаш до крај такви бодежи... Особено дека се две, сигурно појако поради тоа осеќаш. Јас со едно и имав такви болки и бодежи се до крајот...
Како сте другарки, што има ново? Вакви си нарачав од али експрес. Бодиња, да не мислите бебиња порачав
Preeslatki se, i jas barav taka nekoi so interesni natpisi za bliznaci, pa ke naracam se nadevam ke stignat pred poragjaj. P.s. 31 nedela i veke me "pukaat" tremi za poragjaj, vo smisla shto, kako kje bide i blagodarenie na toa sekoja vecer sonuvam bebinja ili kako me nosat na poragjaj Treba da idam i brisevi da zemam, tie sto gi zemaat pred poragjaj so bliznaci se preporacuvalo porano da se napravat, deka neli ne se nosat do 40ta nedela voobicaeno..sigurno ke bide neprijatno so taa "shtipkata", skroz sum se odviknala..
Здраво мамички на блузначиња,дали некој знае дали имаме право на продолжување на породилното отсуство.Нека ми спидели инфо
Знам за тоа но бебињава не ми се пишани во градинка,сме на листа за чекање,а и мали се,а треба да се вратам на крај на јули,па дали постои основа некако да го продолжам бар до септември?
Здраво, 29та недела сум утре а денес бев на контрола. Близначките ги измерија по 1300грама, а на апликацијата што следам е за едно бебе и толку пишува дека треба да е едно бебе, претпоставував дека за две, за близначки е помалку кај вас колку се грама според недели ?
Не мора да значи дека а се близнаци морало помали да бидат, не знам што се запнати луѓето со тоа. И кај мене растат како што треба нормално демек таму по некои статистики како треба да се развива едно бебе. Тоа ваљда е дека близнаци се раѓаат порано и логично и помали се од бебе родено во термин. А дека морало да се развиваат помали и се развивале помали нема никаква врска. Нека се здрави и живи. Јас сум 26 недели и 3 дена.
Мешиња хелп Претходната недела имав крварење, се установи дека е хематом. Вчера на контрола кај докторот, вели хематомот направил белја. Плодовата вода на едно од близначињата е намалена. Шансите се 50:50,ако самиот организам почне да произведува вода ќе преживее. Хематом почнал да се намалува. Инаку сум16 недела. Има ли шанси да се избори јуначето