Немој веднаш да мислиш на најлошото мила. Верувај и мисли позитивно..Одмарај и следи се што ти кажал докторот. Навиваме да се избори јуначето. Ве гушкам
Жал ми е многу и се те разбирам. Јас во 13 недела бев кога влегов во вц зошто осетив наеднаш гргање течност и кога видов река крв, светло црвена, како втор ден циклус, значи многу крв, многу. Баш крварење. Обилно. И преплашена со солзи одма на гинекологија, не беше таму докторот што ми ја знае бременоста, тој што беше на смена ме прегледа, аха аха мхм ништо не кажа и станувам викам дај кажи што е и само ми рече оди легни да ти ставиме инекција и тоа е, само позитивни мисли. И јас си сфатив дека тоа е тоа крај, мали шанси за подобро и стрес, нервози, плачки, неспиење. Бев до сабајле таму, сабајле баш мојот доктор дојде одма ме прегледа, крварењето вика нема врска со близнаците, не е од кај нив, се е во ред немој да се грижиш и си заминав и него му верував и ете 27 недела терам фала богу ништо после тоа. Прашај те молам и друг доктор и оди на друго место.
Здраво. Ми треба добар искусен гинеколог за водење бременост со близнаци во Скопје. Има ли некој од вас да ми препорача.
Др. Гордана Петровска - Систина. Лично мојата бременост ја водеше од 16та недела до крај и уште на две мои пријателки исто така близначка бременост.
Iva da se e ido geni kaj nas i od moja strana i od stranata na maz mi ima bliznaci taka da i nie dobivme bliznaci...ubavo e cuvstvo da imas bliznaci samo sto keti kazam ti treba povekje vreme za dvete da gi sredis koga edno jade i drugo edno place vednas i drugo kako hor da imas vo kukja bo sepak si gorda koga ke te prasaat dali se bliznaci
Количка многу тешко да се најде. Многу. Или никаде нема, или се прескапи, и кај што има нема нешто избор, еден модел во највеќе две бои и толку. Сите гломазни, големи, грди. И морав да земам една од тие дури две што ги пронајдовме по продавници и тоа само затоа што ја собира во кола...
Јас сум презадоволна од maxi cosi, чадор систем е, ја собира и во лифт и низ повеќето врати.. Има опција и за транспортер, тоа дури беа мали, сега вака е друго, плус е многу лесна. Топла препорака за количкава
И јас исто имам препорака за количката од Maxi Cosi, година ипол се моите и уште си се возиме, ја сакаат. За разлика од тие гломазните оваа е топ.
Jas imam kicka za bliznaci ama glomazna a sto e najloso nesme se vozile vo nea 5pati....ne sakaa da se vozat vo kolicka i sega si stoi
Со верба и молба до Господ. Др цело време ми викаше дека можам и до 40 јас да издржам но ризик ќе беше за бебињата. Инаку и малку се поправив само 5 кг. Потешкотии имав само со спиењето. Ќе издржиш мила без гајле
А дали ја примивте таа инекцијата за зреење во 30 недела? Мене докторот ми рече сега следната недела да одам да ми ја ставел, кај близначка бременост ми рече често се става, а се во ред како што треба е не дека има потреба за нешто. Барем така ми вели тој.
@Beatris и ти си со близнаци? Која недела? Количката еве ја, прави си мерак Летна и зимска демек се правела ете.