Кој ти е матичен, ако не е тајна? И јас сум од Штип, мене Влатко ми е матичен, тој ми го правеше скринингот. Зошто да одиш во Скопје да се малтретираш, оди си само кај Органџиски, убаво ехо има тој.
Јас сум мајка на близначиња.Ги родив во 34 г.н.и тежеа по 1920г и 1940г.Интересни се и многу менуваат.Обврските се дупли но вооошто не ми беше тешко.Се соживуваш ,добра организација и на среќата и нема крај.Ниедна обврска на светот не е поголема од среќата што ја доживуваш.Чуството е прекрасно.Уживајте во најубавиот период и мајчинството.Јас сега очекувам пак бебенце но овојпат е едно☺
Па знам кое на која страна е, е ако ме буткаат на средина на стомакот тогаш не знам ама момата во секој случај ми е помирна
А што мислите, колкави се шансите да бидат два пати близнаци? Јас сега не размислувам за уште едно дете, ако раѓам реков за едно 10 години може, ама ме фаќа страв што ако пример останам трудна и пак бидат две? Читав на една Хрватска страна на интернет една жена кажуваше како родила близнаци и одма после тоа останала трудна со уште едни близнаци, значи на година разлика ќе и бидат. Јас не би се осудила да останам трудна уште еднаш поради тоa. Полесно им е на жените што прво раѓаат едно, па вториот пат се близнаци.
мислам дека и тука имаме таков пример, нека се јави феминката што има близнаци и што чека пак близнаци
Мамички со близнаци каква позиција фаќате за седење и лежење? Јас ако се свртам на десна страна мрда бебушот што е таму, ако се свртам на лева другиот бебуш. Не можам ни да лежам ни да седам. Многу ми е тешко. Ако се движам ми мрдаат двете и ми се стврднува стомакот и ми се грчи, или притискаат надоле и мислиш излегло некое од доле Никако не сум. Аууу тешко било со близнаци. Да бидам искрена сакам побрзо да излегуваат претешко ми е.
Знам дека уште пола имам од бременоста но сепак да си прашам некако страв ме фајка за породување ајде искуства
@bumbaroska јас сум 3 дена зад тебе. Многу ни е далеку Јас минатата недела се испозамарав со секакви глупости, сега се префрлив во барање на идеи за детска соба Ама до визуелизирање на пораѓај не сум стигнала. Мислам дека 98% ќе сум царски, така да пораѓајот нема да е проблем, туку одењето дома со рана од царскиот со плус два нови членови. Сепак овој е прекрасен момент и во никој случај не би требало да го поврзам со страшни мисли. Мора да остане, чист и исполнет со возбуда и многу љубов
Ќе биде журка дома со две бебушки Да се здрави и живи само,и се да помине во најдобар ред, другото со тек на време ќе се навикнеме
Дефинитивно ќе биде журка @iki26 Најмногу од се, се надевам барем да имам млеко. Мислам дека ова може малку да ме спаси. Тебе дефинитивно ќе ти треба и мажот ти да зема боледување или да ти ја гледат малата.
Да цицаат најдобро ќе биде.Прво од здраствени бенефиции кои ќе ги имаат малите, па после од економски причини за нас. Уфф да може да земе ММ боледување супер, ама тешко Ќе имам помош ама само на почетокот, (3-4 недели ) после што биде нека биде
@iki26 ќе преживееме. Само нека се здрави и живи. Првиот месец дена ќе биде најважно, дека ако сме царски, барем малку раната да зарасне. Како им било на нашите баби со по 5-6 деца Секако раѓале едно по друго и им се погодување "повеќе бебиња" по дома. Искрено од економична страна не можам да сметам, дека сум на големо растојание од бебиња веке извесен период. (не дека не сакам, ама нема во фамилијата) Ама сметам во времето кои се губи за заправување формула, топлење млеко...
Близнаци носиш??? Јупиии, баш ме израдува. Кој месец си? Какви се? Или многу прашувам? Кај кого ја следиш бременоста? Многу да мируваш и никако стресови. Намали со физички активности на минимум и никако штикла.
хаха @Abeja 18 недела. Едното е машко, ама за другото не сме скрос сигурни Бременост следам кај матичниот и + уште еден локален специалист, ама од наредниот скрининг се префрлам Скопје. До сега постојано мирував и оскудно движев, а сега почнав со кратки прошетки, но никаква физичка активност. Штикли немам проблем, дека и онака не носев, само најмека можна патика Се е под контрола