За сите што примаат инекции за зреење на бели дробови. Колку инекции препишуваат илк тоа е индивидуално, и каде треба да се боцкаш, рамо, кук, стомак?
Јас имам близначиња преку ивф родени 36+0. Ќе терав и уште ако не искочеше друга здравствена компликација неповрзана со бременоста. А најави за предвремено породување имав уште во 24та недела па броев денови и недели и толку споро поминуваа...Точно е дека близначката бременост е поризична, чести се компликации и предвремени породувања ама па и не дека секоја бременост е таква. И моите се еднојајчани и во две кеси и сите доктори ми рекоа дека е тоа добро. Бременоста не ми беше лесна нема да лажам, ама немав некои посебни компликации, само болки кои се очекувани за близначка бременост и тежок последен месец што е исто нормално кога носиш две бебиња во себе. 3 месеци скоро бев на мирување и тешко ми беше лежењето ама за нивно добро спремна бев на све. Остај што пишува на интернет, ништо добро нема да ти донесе читањето. Таков исцедок и јас имав првите недели проследен со грчеви и менструални болки. Примај прогестерон, појачај на магнезиум, одмарај и ќе биде се во ред. За крај, јас бев кај Петрова во Ремедика и сум презадоволна. Настрана што е многу стручна, многу доверба ми влеваше и ми влијаеше позитивно, кога ќе ми речеше добро е све, и верував и ме смируваше. Само позитивна мисла и уживај во бременоста
Здраво, колку се родија близначињата? Јас денес бев на контрола и едното е 2400 другото 1900, дали е многу разлика? Докторката вели дека е се во ред
Се родија 2100 и 2700. Малово малтене не качи ич од 33 недела веројатно зашто немало простор за растење. Беше во инкубатор само 3 дена и тоа поради примање на инфузија за гликемија, немаше потреба од кислород. Двете добија апгар 8/9 Не се тревожи за килажа, битно е да се здрави
Се надевам дека ќе е се во ред поштовсњ разлика 2400 и 1900 помало во стомачето, но докторката не рече ништо кажа во ред е се. Уште малце остана да биде само се кско треба, со Господ нспред.
Дечки, веќе трет ден лежам, 25+4 недела сум, близначка бременост. Бебињата фала Богу се добри, но докторката на последниот преглед виде скратен цервикс 1.8/1.9 цм, не смеело да падне под 1.5. И реков за серклаж, ми вика засега нема потреба. Ми рече мирување, ми даде утрогестан насабајле и навечер плус магнезиумот што си го пиев. По две недели на контрола. (Имам доверба во докторката, во Плодност е, ако беше да ми ги земат парите одма ќе ми направеа филм за серклаж да ми стават). Дали се соочила некоја со слично искуство, и дали има шанси да се подобри ситуацијата по мирувањето? На што да се сведе мирувањево? Јас сега само за да тоалет станувам, и ептен кога е мм на работа да си поземам нешто од кујна за јадење (не да готвам, туку нешто леб со нешто и сијадам во кревет). А вака лесно се чувствувам, досега ни стомак ми тежеше ни ништо... Други во ваква ситуација ни цервикс мерат, ни ништо.
Јас би барала и второ мислење, на таа должина можеби е подобро серклаж. Само не знам до која недела ставаат серклаж, да не закасниш?! Обавезно консултација и со друг доктор. Ти ја препорачувам Петрова од ремедика.
Работата е имам доверба во докторката зошто е во Плодност во Битола. Ако одам на второ мислење треба во Охрид да одам, а немам многу доверба во овие доктори тука, сепак се специјалисти во Плодност, и многу позитивни искустваима за докторката. Си велам и за да ми ги земат парите одма ќе ме пратеа да ми стават серклаж во Плодност, а др ми рече засега нема потреба.
Vo 27 nedela bev koga doktorkata mi izmeri 1.5cm cerviks i se zacudi kako mojot maticen ne mi izmeril porano cervik..lezev vo bolnica primav inekcija za zreenje i isto doktorkata mi rece samo miruvanje i taka ke uspeeme..Piev magnezium i isto utrogestan 2 pati na den gi piev.Poveketo od vremeto lezev ama imase i isklu4oci bidejki imam i pogolemo dete.Taka stignav do 36nedela so cervik 1.5cm.. Leži i uzivaj so pozitivni misli.. p.s.Dali imas bolki vo stomakot ,bidejki jas imav kako mali kontrakcii ako stanuvav i "poveke" se izmoruvav?
Zdravo na site ,vi blagodaram na site komentari , navistina se uteha i motivacija a i spokoj deka ima nadez i moze se ke bide kako sto treba . Denes bev na prv skrining kaj Petrova vo remedika i mi rece deka se okej , se sto treba da e razvieno , e vo red i super napreduvaat , edinstveno deka ima razlika , ednoto e 13.5 nedeli a drugoto 12.6 nedeli spored razvoj ( jas sum 13.4 nedela , ama ne mora nisto da znaci moze ke se izednacat. Dali kaj vas identicno napreduvaa i dali da se sekiram sto se edna nedela razlika ?
Па кај мене се од почеток до крај разлика една недела, а сега сум при крај и се повеќе разлика. Секако ќе има разлика посебно кај еднојајчени, не се преоптоварувај, оди на 3 недели на контроли и слушај доктори. Докторката вели дека е се во ред, ваљда нема простор да порасне едното бебе и е карлично свртено. Како што читам кај други се раѓаат и по 1кг разлика така да нема простор за грижа само позитивни мисли
Дечки, повеќето од вас примаа инекции за зреење? Која недела ги примивте и по колку инекции се примаат? Може било која сестра да ги пушти ако веќе ги препише доктор, или мора во болнички услови? Искуство на некоја што се породила во 7ми/8ми месец? Јас сум 26та недела, со мирување заради скратен цервикс и само бројам денови Засега немам никакви болки, само што си врзана за кревет .
Zdravo na site mamicki so bliznaci. Jas sum 8 nedeli i 4 dena se custvuvam mnogu ubavo no isplaseno vo istovremeno. odam na rabota ne mi tesko sednata i nemam stres. No koga citam deka lezat drugite mamicki. Vikam da ne gresam jas. Koga bev na kontrola mi kaza dr Tatjana od New Born zdravi bebuski imas i dobri se. No sepak imam nekakvo custvo cudno ponekogas. Dali treba poveke da odmaram i sto me sovetuvate nesto od vase iskustvo? Ve guskam i na site posakuvam Bliznaci. Nie sto sme po pat na invitro Samo bliznaci i trojka ke ne ispolnat ubavo makite