Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Бременост сo близнаци

Дискусија во 'Бременост' започната од mimidjon, 28 април 2016.

  1. Milce89

    Milce89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2020
    Пораки:
    479
    Допаѓања:
    1.519
    Пол:
    Женски
    Може мила.. Моите дури беа во инкубатор, имаше родители ден два и си ги префрлуваа на ГАК и тоа повеќето правеа така, откако ќе се стабилизираат.
    Со лесно
     
    На doll.a му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    1.980
    Допаѓања:
    10.224
    Кога обично се гледа јасно на ехо дека се два ембриони? Поточно кога ви ги дијагностицираа на вас?
    Многу сум тазе за да се каже нешто поконкретно (5+4), ама има едно јасно видливо жолто тело и уште една точка залепена на ѕидот на плацентата за која докторката се сомнева дека може да биде уште еден ембрион :o
    Од прва бев некако кул со информацијава, ама еве веќе после некој саат гледам дека почна паника да ме фаќа на помислата. Нареден преглед тек за десетина дена...
     
    На EA23 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Saba08

    Saba08 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 август 2017
    Пораки:
    1.451
    Допаѓања:
    1.662
    Пол:
    Женски
    На 4+ некој ден имаше сомнеж, на 5+6 се потврди дека е близначка бременост.
     
    На Giovanna му/ѝ се допаѓа ова.
  4. EA23

    EA23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2020
    Пораки:
    137
    Допаѓања:
    372
    Пол:
    Женски
    Koga otidov kaj dr. bev 6.0 nedeli i vide jasni dve tocki deka nosam bliznaci duri i srce im slusnav. So sreka i so.ubavo :inlove:
     
    На Giovanna и Martka им се допаѓа ова.
  5. Gabrielle...

    Gabrielle... Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2019
    Пораки:
    151
    Допаѓања:
    239
    Пол:
    Женски
    Дечки, дали има друга тема во категорија Бебе, за веќе породени мајки со близнаци? Или може и тука да сподели некој искуство. Дали има случаи кога мајка ексклузивно ги дои двете близначиња со мајчино млеко до кај 5-6 месеци?

    Некако сите се наоѓаат паметни да ме "утешат" дека најверојатно ќе се нема млеко за две бебиња...
     
  6. Beatris

    Beatris Популарен член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2011
    Пораки:
    1.046
    Допаѓања:
    2.364
    Пол:
    Женски
    Јас немам искуство, ама знам жени што замрзнуваат нивно мајчино млеко, од што имаат премногу за едно бебе. Ако сакаш да доиш, а ако не и доволно ќе и дадеш адаптирано плус. Јас сум бремена со близнаци, ама уште сега имам желба да ги дојам, така да здравје, ќе дадам се од себе, па што е тоа е. Секој жена и бебе, едно или две, си е приказна за себе.
     
    На Gabrielle... му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Milce89

    Milce89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2020
    Пораки:
    479
    Допаѓања:
    1.519
    Пол:
    Женски
    Јас не успеав ексклузивно да ги дојам, еднаш така еднаш дохрана, не зашто немав млеко, туку немав помош.. Две мои другарки и повеќе од 6 месеци ги доеа, ама мора да имаш помош на почетокот, дури се фати редот.. За млеко ич не се секирај, ќе имаш.
    Со лесно
     
    На Gabrielle... му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Gabrielle...

    Gabrielle... Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2019
    Пораки:
    151
    Допаѓања:
    239
    Пол:
    Женски
    Во која смисла помош Милче? Некој друг да ги завршува домашните обврски како готвење, чистење, па ние само да се доиме, или во смисла да ти покаже некој како правилно да се држат бебињата...
    Јас сум во филм за тандем доење...ама едно е план друго е реалност
     
  9. Inamya

    Inamya Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    1.475
    Допаѓања:
    4.281
    Пол:
    Женски
    Еве јас тазе мама на тримесечни близначиња. Имав млеко само првиот месец, и не им стигнуваме дека две значи од раѓање со доење и АД. Арно ама незнам што се Деси снемав млеко преку ноќ. Хормони ми беа на најако па се нервирав за се и сешто, они мали по две ипол кг едвај влечеа и се си допринесе да ми секне млекцето. Секако си продолживме само на АД. И фала му на Господ супер си напредуваат по едно кг месечно!
    П.с јас не се чувствувам помалку мајка што веќе не дојдам! Битно ми е да ми се здрави и живи бебињата и да си напредуваат како што треба.
    Од план до реализација има огромна патека, така да не се оптеретувај со ништо пред време.
    А за тандем, хммм дур не си ги држат главчињата неможеш ни ти тандем да ги држиш/ доиш бар кај мене е така. Со лесно идна дупла мами ❤️❤️
     
    На Gabrielle..., Milce89 и Martka им се допаѓа ова.
  10. Saba08

    Saba08 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 август 2017
    Пораки:
    1.451
    Допаѓања:
    1.662
    Пол:
    Женски
    Јас ексклузивно ги доев 6 месеци, додека не се разболев од грип. Како по договор и двете не сакаа да цицаат, ама имав многу висока температура и претпоставувам млекото им е било претопло, не знам.
    По секое доење остануваше млеко за одмолзување, тие напредуваа убаво, така да не слушај муабети и не се секирај пред време.
     
    На Gabrielle... му/ѝ се допаѓа ова.
  11. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.666
    Допаѓања:
    18.309
    Пол:
    Женски
    Јас имав млеко за три деца, а син ми цицаше како за две. 8) Некои жени имаат многу млеко, јас наполнив фрижидер со млеко, сите кеси беа полни по 180-200. Тоа беше вишок, да стимулирам ке имаше уште повеќе.
    Плус доев 3 години.

    Не знам дали си породена, ама повеќе фактори играат улога. Прво, многу е битно бебињата колку ке влечат односно колку ке стимулираат надоаѓање на млеко. Ако бебињата се силни и фатат убаво ред од почеток ке е многу лесно. Ке си вежбаш позиции за доење. Ке направиш распоред на доење, па и истовремено да цицаат е издржливо.
    Многу е битно да се хидрираш добро и да се храниш здраво.
    Трето, многу е битно да си ангажираш помош ако мислиш дека ке ти треба. Маж или мајка сестра свекрва да ти се наоѓаат за чистење перење ручек за ти да одмориш. И да имаш сила да се будиш на 2 3 часа и ноќе.
    Можеш да се советуваш со лактациски консултант и да поработиш на успешно доење.
    Некои жени немаат ни за едно. Не знам од кои фактори ама немаат. И покрај цел труд не успеваат.
     
    На Gabrielle... му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Gabrielle...

    Gabrielle... Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2019
    Пораки:
    151
    Допаѓања:
    239
    Пол:
    Женски
    Фала ви многу мамички. Тоа ме интересираше дали воопшто има некој кој можел. Јас не сум уште породена, 31ва недела сум, абер немам и за други работи ( немаме земено уште ни количка ни креветчиња) , ама ме интересираше дали воопшто може. Зошто многумина уште отсега ме тешат дека ќе немам млеко за две, што ме иритира. Ок е сето тоа, многу мајки на едно даваат адаптирано, фала Богу за тоа е тоа млеко измислено, ама инсинуацииве и претпоставкиве ме нервираат.

    Бац-шлац
    Г
     
  13. Lucky1312

    Lucky1312 Активен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2021
    Пораки:
    81
    Допаѓања:
    49
    Пол:
    Женски
    Zdravo na site, me interesira kaj koi doktori gi sledite bremenostite so bliznaci? Se iznaslusav ubavi raboti za dr.Gordana vo Sistina i otidov denes po vtor pat kaj nea na redovna kontrola i se preiznervirav, pregledot traese bukvalno ne preteruvam 4 min , me vide mi kaza gramaza i tolku, doma gledam razlikata vo razvoj 6 dena, a minatiot pat ( pred 3 nedeli) bese 4 dena , razlikata vo gramaza minatiot pat 20gr sega 40gr, a ona vika se e super , super terate, mozebi e taka ama za 4 minuti pregled 3800 denari e stvarno sramota. Ne ocekuvam da izmisli topla voda i 1 saat da me gleda, ama 15 min zasluzuvam koga veke plakam privatno 3800 . I na kraj pak si zakazav kaj maticnata utre da me vidi podetalno. Kako terate ? Samo skrininzi na privatno a ostanatoto kaj maticnata ? Ne znam zbuneta sum, ne mi e problem da platam ama nemam pa ni za frlanje ako nema vrednost vo toa.
     
    На temiskera, EliElena и EA23 им се допаѓа ова.
  14. EA23

    EA23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2020
    Пораки:
    137
    Допаѓања:
    372
    Пол:
    Женски
    Mila jas kaj Tatjana vo new born mnogu mi e dobra fina i se grizi mnogu dobro zs mene. Isto i maticnata Jasmins vo gjorge petrov e dusa covek. kombiniram
     
    На mommy's love и Lucky1312 им се допаѓа ова.
  15. EliElena

    EliElena Активен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2022
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    19
    Пол:
    Женски
    Jas bev kaj Gordana pred 1 mesec isto tolku traese pregledot do 10min i nekako mi e malku drska i ne mi dozvoli da prasam se sto me interesira kako da sakase da me otkaci pobrgu i mi izmeri razlika megu bliznacinja po 1 nedela , a pred edna nedela bev na skrining kaj Dimcev i mnogu sum pozadovolna celokupno vo se. Ti dozvoluva se sto sakas da prasas i se objasnuva ubavo , mnogu e popozitiven i te opusta , i razlika megu bliznaci bese 3 dena a ne 7 kako Gordana mi izmeri. ( I maticna mi izmeri razlika od 3 dena )Pregledot trase kaj Dimcev skoro 30 min no dobro toa bese skining. Podetalno gledaat. Inaku odam na tri nedeli na pregled ednas kaj matecna pa sledniot pat vo sistina . I otsega kaj Dimcev ke sum na pregledi.
     
    На Lucky1312 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. doll.a

    doll.a Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    3.972
    Пол:
    Женски
    Јас одам кај Дракулевски во Систина .
    Првин кај матичниот идев до 26 недела. Прв скрининг кај Дракулевски исто и втор и веќе од 30та недела одам еднаш неделно кај него зошто и на цтг ме ставија. Ептен сум задоволна. Иначе да по 10 мин трае преглед меѓутоа он си гледа се на цтг и ехо .
     
    На Lucky1312 и EliElena им се допаѓа ова.
  17. EliElena

    EliElena Активен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2022
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    19
    Пол:
    Женски
    Слушнав дека дракулевски е и за ризични бремености .Јас се многу мислев за преглед и скрининг помеѓу димчев и дракулевски но Димчев го избрав поради што читав добро за него. Дали Дракулевски има добар пристап спрема пациенти и дали добро објаснува и дали можеш го прашаш се што те интересира , па и да му се јавиш за нешто итно?
     
    На Lucky1312 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. doll.a

    doll.a Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    3.972
    Пол:
    Женски
    Што и да сум го прашала секогаш ми објаснувал . Достапен е на телефон ако не ти се јави ќе пишеш порака ќе ти врати.И првата бременост кај него ја водев ептен е добар доктор супер пристап има . Ако е се во ред со ехо ќе ти каже терај така не ти го тупи што е логично ако е бебето добро и ќе ти каже се гледаме наредна недела ( во мојов случај после 30 недела) или на почетокот од бременост ако си за месец дена се додека не почнеш со цтг. Докторот е стварно стручен и се си гледа што е потребно и нема ни стрес да ти направи ни нит ништо напротив ќе те опушти. Он ја има пораѓано првата четвртока во Македонија во 1997 и баш е за ризични бремености. Исто во Систина имал и преку десет тројки што пораѓал така да топло го препорачувам :)
     
    На Lucky1312 и EliElena им се допаѓа ова.
  19. Lucky1312

    Lucky1312 Активен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2021
    Пораки:
    81
    Допаѓања:
    49
    Пол:
    Женски
    E bukvalno istiot vpecatok, kako stoperica da imase pusteno.
     
    На EliElena му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Lucky1312

    Lucky1312 Активен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2021
    Пораки:
    81
    Допаѓања:
    49
    Пол:
    Женски
    Bev denes kaj maticnata i istoto mi go kaza 7 dena razlika i 40gr vo kilaza i pocnuva malku strav da me faka da ne pocne ednoto da zaostanuva, deka se ednojajcani so edna postelka. Dali kaj nekoj drug ima vakva razlika ? Mi rekoa deka ima resenie vo Sofija laserski se resavalo, ama deka treba da pocekame uste nekoja nedela za dali ke se zgolemuva uste razlikata . Fala vi beskrajno na site soveti i poddrshka