Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Бременост сo близнаци

Дискусија во 'Бременост' започната од mimidjon, 28 април 2016.

  1. Beatris

    Beatris Популарен член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2011
    Пораки:
    1.046
    Допаѓања:
    2.364
    Пол:
    Женски
    Мене првиот ми го наплатија 3 300, како обичен ехо преглед. Баш ме интересира колку време ќе трае прегледот, дали два термина ќе се потребни за да ги види двете бебиња, за ваква цена.
     
  2. Gabrielle...

    Gabrielle... Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2019
    Пораки:
    151
    Допаѓања:
    239
    Пол:
    Женски
    Да не е во таа цена и преглед од кардиолог за срценца, тоа на втор скрининг се прави, т.е околу втор скрининг. Инаку многу е 9000 денари.
    Јас во Плодност за двата платив по 4500 денари, и тоа 4000 денари е за единечни, а 4500 за близначка бременост. А регуларен преглед плаќам по 2500 денари (а 2000 ден е за единечни.)

    Еднаш само ме закрпи приватен доктор во Охрид, за регуларен преглед на близнаци ми наплати 6000 денари, дамла ме удри. 3 пати поскапо од Плодност, барем во Плодност имаат посовремена опрема.
     
  3. Beatris

    Beatris Популарен член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2011
    Пораки:
    1.046
    Допаѓања:
    2.364
    Пол:
    Женски
    Не не во Систина само скринингот за близнаци е сега 9000 денари, за единечна е 5900 денари. Моментално мислам дека се врв со цените во цела Македонија.
     
    На kelly.r му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Gabrielle...

    Gabrielle... Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2019
    Пораки:
    151
    Допаѓања:
    239
    Пол:
    Женски
    Омг премногу е тоа... ама што и да ни побараат ќе платиме ...
    Јад еве со приватниот доктор се изненадив, а носев 3000...си викам нема сигурно поскапо од Плодност да биде, за обичен преглед одам... од ракав ставаат цени сегде.
     
    На Beatris му/ѝ се допаѓа ова.
  5. EliElena

    EliElena Активен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2022
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    19
    Пол:
    Женски
    I jas pravev pred 3 nedeli vtor skrining so bliznaci i mi naplatia 5900. Neznam zosto e razlicno
     
  6. Suze18992

    Suze18992 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 март 2020
    Пораки:
    1.121
    Допаѓања:
    1.594
    Пол:
    Женски
    Ремедика се уште поскапи 10000 е прв скрининг за близнаци сега , а за при крај на септември ќе биде повеќе исто и контролите ќе ги покачат.
     
  7. Fani80

    Fani80 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2016
    Пораки:
    216
    Допаѓања:
    158
    Пол:
    Женски
    Да, Ремедика се најскапи, сега се јавив да закажам ми велат очекуваме повотрно благ пораст на цени
     
  8. doll.a

    doll.a Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    3.972
    Пол:
    Женски
    Девојки јас се породив вчера со близначињата. 35та недела во Систина. Фала богу не беа во инкубатор .46 цм 2290 и 2340 грама момчиња Три пати од под две инекции примив за зреење на белите дробови во 30та,31ва и 32ра недела.
    Втор пат се пораѓам и морам да кажам само пофални зборови одлични се и сестри и болничари сите те гледаат немам никакви замерки. Јадењето исто е преубаво. Ако на некоја нешто и треба дополнителна информација слободно нека пише :)
     
    На LilyRose, mssuniquee, Diva_ma и 12 други им се допаѓа ова.
  9. Gabrielle...

    Gabrielle... Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2019
    Пораки:
    151
    Допаѓања:
    239
    Пол:
    Женски
    Честитки мила, да се здрави и живи бебињата.
    Како ти беше последната недела? Имаше ли некакви болки?
    Јас сум 34та, се молам да истерам уште една недела, имам како менструални болки во кичмата, и многу болки кога ќе станам од кревет за во тоалет, а често одам во тоалет. Примив две инекции за зреење во 30та, и две во 32ра. Болките од ноќеска ми почнаа, бев на цтг, мирно беше. Ама тежината на стомакот ме убива кога ќе станам од кревет, а кога лежам не ме боли. Лежам од 25та недела поради скратен цервикс (1.8, а последнава недела 1.6) .

    Со лесно на сите :l:
     
    На bertold, doll.a и Life 018 им се допаѓа ова.
  10. doll.a

    doll.a Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    3.972
    Пол:
    Женски
    Јас да ви ти кажам докторот мене ниту еднаш не ми измери цервикс зошто поима немам. Јас имав болки од 32ра недела па до крај баш ко што ги кажуваш ти. Јас на работев идев до 30та и толку земав одмор и боледување и лежев од 31ва недела се до крај. Идење само до тоалет и назад. Со цтг почнавме од 31ра недела . Веќе во 35та почнаа контракции кои се видоа на цтг и да ме боли повеќе доле и ме задржаа. Ти може си имала контракции ама најверојатно лажни биле.
    Со лесно нека ти е строго одмарај ќе издржиш. И јас не можев од стомакот ништо да правам мачно ми беше ама избуткав до 35та. :)
     
    На Gabrielle... му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Gabrielle...

    Gabrielle... Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2019
    Пораки:
    151
    Допаѓања:
    239
    Пол:
    Женски
    Фала ти за поддршка Дол. Ајде уживајте запознавајќи се и гушкајќи се со дечковците :l:
     
    На doll.a му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Beatris

    Beatris Популарен член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2011
    Пораки:
    1.046
    Допаѓања:
    2.364
    Пол:
    Женски
    Девојки заврши и вториот скрининг, супер поминавме, фала му на бога бебушки добри. Е сега докторот ни даде предлог за срцињата да одиме кај докторот Димески, многу подетално можел да види се. Немало никакви индикации, рутински тоа го предлагал на сите. Какво искуство имате вие, го правевте ли тој преглед?
     
    На Suze18992 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. doll.a

    doll.a Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    3.972
    Пол:
    Женски
    Добив повеќе пораки во инбокс колку платив во Систина па ќе пишам тука да знаете сите. :)
    Вкупно 141.400 мкд
    137.000 пораѓај,1900 ковид тест и останатото беше за анализи за бебињата.
     
    На top4eј му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Misskirova

    Misskirova Популарен член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2018
    Пораки:
    3.580
    Допаѓања:
    8.230
    Пол:
    Женски
    Долл преку осигурање идеше? Со рефундација или како иде тоа?
     
  15. doll.a

    doll.a Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    3.972
    Пол:
    Женски
    Со осигурување односно со гаранција од осигурителната компанија.
     
  16. meelitsah

    meelitsah Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2021
    Пораки:
    83
    Допаѓања:
    91
    Пол:
    Женски

    И мене ми го предложи докторката прегледот, фетална ехокардиографија. Многу се мислевме и на крај не отидовме.
    Ја прашавме што би било во случај да видат нешто, дали има терапија што ќе може да го реши проблемот со срценцето.. и одговорот беше дека не може ништо да се преземе, туку само ќе се има предвид доколку има некаква аномалија кај плодот.

    Така да, ние дома решивме да не го правиме.
     
    На Beatris му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Lucky1312

    Lucky1312 Активен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2021
    Пораки:
    81
    Допаѓања:
    49
    Пол:
    Женски
    I jas denes vtor skrining pravev vo sistina , fala bogu se e vo red , 9000 denari e cenata. Ama isto ni rece doktorkata obavezno da se napravi ehokardiografija deka se ednojajcani i moze da ima pogolem rizik.Ne sum pametna neznam dali da se pravi ili ne. Znaete koja e cenata ?
     
  18. Lucky1312

    Lucky1312 Активен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2021
    Пораки:
    81
    Допаѓања:
    49
    Пол:
    Женски
    Se javiv vo sistina prasav 5000 za edno,9000 za bliznaci
     
  19. Anaskopje

    Anaskopje Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2016
    Пораки:
    315
    Допаѓања:
    521
    Пол:
    Женски
    Машала, јас платив 2020 год. 4500 ден втор скринг за близнаци.
     
  20. Beatris

    Beatris Популарен член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2011
    Пораки:
    1.046
    Допаѓања:
    2.364
    Пол:
    Женски
    9 000ден е и ехокардиографијата. Јас скринингот го платив 6 000ден, како за едно бебе, ама најверојатно тоа зависи од докторот. А оваа да наплаќаат плус за близнаци ми изгледа како најнова мода да им е, а реално исто време е, дали 10мин плус ќе потроши за две бебиња да види. И овој прегледот за срцето што е, сигурно нема да трае плус време за да наплатат скоро па дупло
     
    На meelitsah и Lucky1312 им се допаѓа ова.