Од Андреј компани ја земавме. Бевме еднаш да ја видиме, имаше три бои, зелена, виолетова и сива и додека ние се двоумевме дека ни е рано и меревме дали ќе ја собере низ врати, влез, лифт, зелената се продаде и одлучивме да ја земеме сивата, да не останеме без никаква. Друго што гледавме поквалитетно, имаше една во Бебе Центар, ама со корпи една позади друга (такви не ми се свиѓаат), и беше комплет над 1000 евра. И исто такви гледав и во Либерта, таму се над 1500 евра. Буквално нема никаков избор за близнаци, само оние пластични летни никакви, таква не ни планирам засега.
Тие скапите стварно не ми се свиѓаат, прегломазни ми се, а и јас нејќам таква една позади друга корпа. И јас мислев на таква да падне изборот на чиполино, но изгледа сега нема да може да ја најдеме...
И јас земав на Чиполино, може малку порано, ама видов дека никаде веќе нема ни избор, а ни по пристапни цени. Ние пред две недели бевме во Андреј Компани им беше останата една виолетова и рекоа дека не знаат дали ќе добијат и кога би било. После сосема случајно на интернет ми излезе продавница во Прилеп - Bebe Centar Alf Kids ги има на фб, се слушнав со нив имаа сива и зелена, ние ја земавме сивата. Од таму луѓето рекоа дека до крајот на месецот очекуваат да набават пак, само што веројатно ќе бидат поскапи од сегашните.
Дефинитивно ја нема никаде количкава на Чиполино, има останато само виолетова, што не ми одговара. И по странство сите ги ангажирав да бараат, ама или е нешто што стварно не ми се свиѓа или е прескапо, а не ми се фрлаат пари за нешто што не знам и колку ќе го користам. Крајно ако продава некоја мајка тука нека ми пише, може да се договориме
Можеш да се обидеш и на странициве огласи што има, може да има. А има и една тема тука продавам /купувам нешто така беше.
Info nekoj da kaze dali se plakaat vo sistina inekcii na zreenje na belite drobovi i kolku se plakaat?
Пред пет месеци ги примив, секако се плаќаат мислам околу 200 и нешто беше инекцијата а за да ти ја стават 700 денари! Но можеш да ја аплицираш и кај матичната или друго медицинско лице!
Кога прв пат ги осетивте бебињата да мрднат? 12+6 сум пред малку осетив као пливкање ниско на стомакот си викам дали се они или цревата.
Ni Na na gi narekuva vo prodavnicata kade sto gi vidov. Pred dve godini imase vnuka moja i prezadovolna e. Mnogu pomaga se na struja i adapter i muzika . Nekako za bliznaci me izgledat od pomos. a sto najbitno lezacka polozba .Sto mislite dali nekoj upotrebuval vakvi
Ваквите можно е доста кратко дека ќе ги користиш. Евентуално на старо ако ги купиш па да испадне поевтино. Се’ зависи од децата какви се, моите од 3 месеци немаше шанса да лежат цело време, сакаа да разгледуваат и да бидат во раце. Легнати само за спиење Затоа им купивме релаксатори, па доста долго им беше интересно во нив.
Жени како се справувате со болките во долниот дел на стомакот и половината. Се плашам да не ми е од нешто друго, зошто реално сметав дека не ми е голем стомакот за да имам болки од тежина. Се јавив на матичен му опишав какви ми се болките, дека на станување ми се и првите чекори кога ќе ги направам и на спиење ноќе кога се вртам, а едното бебе го осеќам доле ниско, ми рече дека е од тоа притиска бебе, натежнува веќе и нормално е да имам болки. За две недели сум на преглед, докторот ми рече дека сега е рано, зошто во 21ва недела бев на скриниг, се беше ок и цервикс ми мереше докторот, уствари цервиксот цело време ми е исто 4цм, ама се плашам сега да не се крати или нешто друго да е проблемот. Инаку 24 недела сум сега. Ако има некоја тука некаде како мене, а има болки, нека ми пише искуство.
Тек сум 13 недела , а веќе ми почнаа болките во кичма , имам намалено 5кг од за месец ипол а немав ни претходно вишок. Најверојатно се нормални пошто поголема тежина носиме од старт. Пробај да смениш нешто во однос на душек за спиење или да прашаш јога за трудници може ќе ти помогне.
Мене ми почнаа болките од кај 16та недела, сега влегов во 19. Најмногу при вртење во кревет, како да се преместуваш со камења во стомак, а особено ако се движам малку повеќе, тогаш одма ме фаќаат болки ниско доле скроз, кај срамна коска и половината и морам да седнам. И кажав на матичната, ми спомна да разгледам некоја опција појас за трудници. Стомакот јас мислам ми е многу пораснат, а она спомна дека сосема нормално за близнаци личи, ама пошо сум слаба а имам и спондилоза, сколиоза се тоа, да земам нешто превентивно и да одмарам повеќе. Инаку цервиксот ми беше 5 пред месец, не верувам дека е од тоа, самата тежина си го прави своето.
Какви болки имаш? Дека нормално е да те притиска на некој нерв или слично па да имаш повремено. Ако имаш константно болки или на одреден интервал, оди на преглед за да не претпоставуваш. 4см цервикс е супер, одмарај на страна легната превентивно.. Јас сум 25+5 недела, и знае едното што е доле да ме стиска на некој нерв ама не е нешто јако и константно.. Вчера бев на преглед и ми рекоа супер е се. Цервиксот ми е 33мм и ми рече дека не е скратен, само да не сум ептен раздвижена. и наместо седење повеќе да си прилегнувам.
Па пример ако лежам повеќе време, на станување ме боли дури како печење осеќам, но штом се размрдам сум ок. Исто во вц кога ми се оди, болките ми се доле ниско, најмногу на левата страна, како јајникот да ме боли. Скоро цела бременост ја поминав во лежење, во 16та недела имав ниска постелка и крварење, после тоа се среди се качи постелката и сега немам реална причина за лежење, но премногу сум наплашена, па цело време на лежење ми е работата. Вака кога лежам ретко имам болки, ептен некогаш ме боли јајникот само. До пред една недела немав никакви болки, сега ми се појавија, маж ми вика преслаба сум била, коските не можеле да ми издржат. Ама се чудам оваа тежина ако не можам да ја издржам, како ќе биде до крај.
Не се секирај преслаби девојки истерале бременост со фул термин. Цервиксот е важен, ако ти го следат се е во ред. и мене ме мава во јајник и исто така понекогаш се осеќам.. ама не гледам простор за паника. Без стрес. Магнезиум можеш да си пиеш. Сепак најдобро е да те прегледа гинекологот за точни насоки