Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Бременост сo близнаци

Дискусија во 'Бременост' започната од mimidjon, 28 април 2016.

  1. Suze18992

    Suze18992 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 март 2020
    Пораки:
    1.121
    Допаѓања:
    1.594
    Пол:
    Женски
    Кога ќе одиш на контрола нека ти измерат цервикс според тоа Претпоставувам ќе знаат и дали има шанси пред време да се породиш и дали има потреба од инекции.
     
    На meelitsah му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Tess36

    Tess36 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2022
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    1.169
    Пол:
    Женски
    Јас сега кога бев на преглед во 25 недела прашав, др ми рече дека не сака да ги дава ако нема потреба и и индикација. Кажа ќе следиме, само ако навистина треба, затоа што имале влијание понатаму на IQ, имунитет и ред други работи. Јас за ова првпат слушнав, сега кога ќе одам кај друга докторка сакам пак да прашам, затоа што велеа дека тоа е само превентивно и нема контраефект, ама еве после ова сум збунета.
     
    На meelitsah му/ѝ се допаѓа ова.
  3. KarmaEKucka

    KarmaEKucka Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 август 2016
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    14
    Пол:
    Женски
    Дали некој има правено пренатален тест за близнаци. Ми кажаа дека имало разлика. Некој да сподели искуство?
     
  4. Tess36

    Tess36 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2022
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    1.169
    Пол:
    Женски
    Да, јас правев по препорака на ивф докторот, Панорама, основен пакет, (мислам дека беше околу 600 евра во август), затоа што за близнаци не можеле да ги утврдат сите други работи. Читав тука некои правеле и Нифти, ама мене овој ми го кажаа како поспецифичен за близнаци, па не навлегував понатаму.
     
    На KarmaEKucka и Lavica2602 им се допаѓа ова.
  5. le.soleil

    le.soleil Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    1.555
    Допаѓања:
    5.497
    Само со индикација. Ти веќе си во безбедна зона не верувам дека ќе ти требаат. Стисни заби уште недела две барем :D
    Јас не примив, се породив 36+0
    На крај на 34та цтг почна да покажува контракции и докторот секој ден ме викаше на цтг и ми спомна дека можеби во 35 ќе ми прави царски и ќе ми даде доза зреење. Ама не дојде до тоа
     
    На meelitsah и Lavica2602 им се допаѓа ова.
  6. meelitsah

    meelitsah Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2021
    Пораки:
    83
    Допаѓања:
    91
    Пол:
    Женски
    Да ти кажам искрено едвај чекам 36та да дочекам и да закажеме царски хахха ...
    тешкичко е, а и превентивново лежење ми стана премачно особено зашто пред да бидам бремена вежбав 5-6 пати неделно интензивни тренинзи

    Инаку после царски колку време би требаше да се вратите горе доле во нормала?
     
  7. le.soleil

    le.soleil Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    1.555
    Допаѓања:
    5.497
    Мене не ме прашувај, јас не сум репер пошто имав компликации. Уште се опоравувам после 5 месеци
     
  8. meelitsah

    meelitsah Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2021
    Пораки:
    83
    Допаѓања:
    91
    Пол:
    Женски
    Уф, што побрзо да се оправиш
    Не сфаќам зошто немам опција за природно да се породам .. докторката ми кажаа во Систина не ризикуваат за близначка бременост, а кај мене двете се со главчето наместени надоле..
     
  9. le.soleil

    le.soleil Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    1.555
    Допаѓања:
    5.497
    Оди кај Панчевски во Систина, он не е против природно дури и за близнаци ако е се ок.
     
    На meelitsah му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Life 018

    Life 018 Активен член

    Се зачлени на:
    16 декември 2021
    Пораки:
    90
    Допаѓања:
    148
    Пол:
    Женски
    Jas se porodiv prirodno a samo ednoto bebe bese so glavata nadolu,mnogu sakav prirodno da gi rodam i taka bidna..Razgovaraj so doktorot koj ke te porodi,ako nema nekoja komplikacija,zosto da ne prirodno:wasntme:
    So sreka (fingers)
     
    На meelitsah му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Saba08

    Saba08 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 август 2017
    Пораки:
    1.451
    Допаѓања:
    1.662
    Пол:
    Женски
    Неточно те информирала докторката. Јас се породив во Систина природно, а само првото бебе беше со главата надолу.
    Ако се двете со главата надолу, значи дека може да се породиш природно, ако се разбира, нема некоја друга индикација за царски.
     
    На meelitsah му/ѝ се допаѓа ова.
  12. KarmaEKucka

    KarmaEKucka Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 август 2016
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    14
    Пол:
    Женски
    Може да ми кажете каде го правевте тестот, колку се чека?
     
  13. Tess36

    Tess36 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2022
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    1.169
    Пол:
    Женски
    ИВФ докторот што ми ја водеше бременоста во прво тромесечие пушти барање во лабораторијата во Систина додека бев кај него на преглед, доле ме боцнаа, кратко поразговарав со генетичарот во однос на испитувањето, кажа дека примерокот го праќаат во Америка и за две недели ми пратија резултати на мејл.
     
  14. Lucky1312

    Lucky1312 Активен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2021
    Пораки:
    81
    Допаѓања:
    49
    Пол:
    Женски
    Чисто само инфо дека количката за близнаци на Чиполино (таа една единствена со нормална цена ) , во Андреј Компани е на акција од 39 990 на 31700 ( количка и транспортери) , да знаете ако му треба на некој.
     
  15. EA23

    EA23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2020
    Пораки:
    137
    Допаѓања:
    372
    Пол:
    Женски
    Zdravo mamicki. Dali ima nekoj iskustvo so dr. Vesna Livrinova mi e preporacan od drugi doktori. Da se porodam i kaj nejze. Kako i e odnesuvanjeto dali se grizi e vnimatelna. Dali treba mnogu vrski kaj nejze . Nekoi iskustvo bi mi bilo podobro. Uste malce 28 nedela pa razmisluvam za se i sesto
     
  16. VickyBecky

    VickyBecky Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2019
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    12
    Пол:
    Женски
    Здраво.
    Бременоста ја водам во Систина кај др. Лазаревски. Моментално сум 16+3, денес бев на ехо кај него и се е супер. За втор скрининг ме упати кај др. Гордана Петровска, исто во Систина.
    Кога прашав која цена е скринингот ми рекоа 9000 ден, но дали има некој скоро искуство како нивни пациент, колку сте платиле?
    Бидејќи првиот скрининг ми го наплатија како обично ехо.
     
  17. Tess36

    Tess36 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2022
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    1.169
    Пол:
    Женски
    Јас правев втор скрининг пред месец и нешто, платив 9000, ама убаво детално ги прегледа докторката и не ме пушташе на ништо дополнително да испитувам. Инаку се исто како тебе, првин кај Лазаревски, па после 16та недела се префрлив кај Петровска.
     
  18. VickyBecky

    VickyBecky Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2019
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    12
    Пол:
    Женски
    Благодарам многу.
    Читам многу задоволни има од кај таа докторка, па секако ќе одам кај неа.
     
    На Tess36 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Tess36

    Tess36 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2022
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    1.169
    Пол:
    Женски
    Нема проблем, со лесно. Брза е, ама детална, искусна и многу стручна, барем мене ме опушта, ако има нешто за паника ќе каже, ако не, не те замара со тривијалности. Јас отидов и на друго мислење за секој случај, ама само еднаш, кај неа повеќе ми се бендиса и ми е супер, се надевам ќе успееме и да ме породи.
     
  20. VickyBecky

    VickyBecky Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2019
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    12
    Пол:
    Женски
    Со лесно❤️❤️
    уште колку имаш до пораѓај?