Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Бременост сo близнаци

Дискусија во 'Бременост' започната од mimidjon, 28 април 2016.

  1. Tess36

    Tess36 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2022
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    1.169
    Пол:
    Женски
    Има и во Genc, ама во Тетово се. Ако те води пат или да им пишеш на соц.мрежи да ги прашаш со што располагаат. Ние кога баравме имаше и во Бебехоум, Крш, Либерта и Енци менци, ама или не беа со транспортери или беа ужасно скапи, зборам над 70000, 90000.
     
  2. Suze18992

    Suze18992 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 март 2020
    Пораки:
    1.121
    Допаѓања:
    1.594
    Пол:
    Женски
    Ќе им пишам прво што имаат па ќе го праќам маж ми да види, иначе враќав назад во темава и видов во Алф Прилеп исто имаат им пишав кажаа дека имаат али не ми пратија слики на фб ја имаат само антрацит сива.
    И ние бевме во енци менци и Крш и цените ко за кола да купуваш а не количка за бебе.
     
    На Tess36 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Tess36

    Tess36 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2022
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    1.169
    Пол:
    Женски
    Баш како за кола. Има две-три по пристапна цена и во Бебе Супермаркет, може да ги ѕирнете и онлајн, зависи што мислиш дека ќе ти треба.
     
    На Suze18992 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. le.soleil

    le.soleil Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    1.555
    Допаѓања:
    5.498
    Станува полесно кога ќе се породиш :D
    Да не се лажеме, до крај ќе ти станува уште потешко...
    Јас секој ден си викав епа не може потешко од ова и секое сабајле ми докажуваше дека може:D
    Не си слабак, мислиш дека не можеш да издржиш, ама можеш, секој ден ќе ти биде година ама знаеш зашто трпиш и се ќе заборавиш кога ќе се родат:inlove:
     
    На Tess36 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Tess36

    Tess36 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2022
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    1.169
    Пол:
    Женски
    Баш така, секој нов ден викам леле денес отоците на нозете и болките ми се најстрашни, и секој следен ден стануваат уште полоши ама пак издржуваш некако. И прво тромесечие викав нема јас да издржам, ќе умрам, до толку што ми беше лошо, ама издржавме еве веќе осми месец. Ваква бременост никому не посакувам, дај боже сите да си минуваат лесно без да ја осетат, само да се изборам да се родат живи и здрави, па се ќе се заборави.
     
  6. VickyBecky

    VickyBecky Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2019
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    12
    Пол:
    Женски
    Ве молам за мислење...
    Бев на втор скрининг во 19+2 во Чаир кај др.Шпишиќ. Виде некоја сенка блиску до малото мозоче кај едното бебе за кое не беше ни самата сигурна што е. Повика друга докторка за мислење, и таа исто не знаеше што е. Инаку, сите мерки се во ред и соодветни за г.н..
    Преплашена сум, ве молам дали има некоја искуство со таа докторка.
    Секако ќе одам и на второ и трето мислење во Систина, но сите ми кажуваат дека е уште рано, барем 21 недела да дојде, а до тогаш ќе полудам.
    Да напоменам... правен пренатален тест Панорама, се' ок, прв скрининг во Систина, исто се' ок. Во 16+4 недела повторно редовно ехо во Систина, дури повеќе личеше на скрининг со прегледи на органите, исто се' во ред.
    Извинете на долгиот пост.
     
  7. doll.a

    doll.a Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    3.977
    Пол:
    Женски
    И јас мислам најдобро да отидеш во 21 недела да те прегледаат во Систина. Не знам каква апаратура имаат во Чаир ама тука сигурно ќе се види како што треба. Мој совет ти е да не паничиш и да не мислиш на најлошото. Може и да не е ништо.
     
  8. Tess36

    Tess36 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2022
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    1.169
    Пол:
    Женски
    Има некоја што се пораѓала царски во Систина периодов да сподели колку беше цена? Знам дека сега е 138000, ама во други теми почнаа да тресат дека било дупло за близнаци. Треба да договарам термин и ако е дупло стварно не знам што ќе правам, нема шанси.
     
  9. VickyBecky

    VickyBecky Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2019
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    12
    Пол:
    Женски
    Јас прашав во Систина пред некоја недела и ми кажаа за близнаци 155.000 ден, без инкубатор (доколку е потребно).
     
    На Tess36 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Proletno

    Proletno Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2016
    Пораки:
    487
    Допаѓања:
    571
    Пол:
    Женски
    Не знам каде прочитав..до 150.000 е највеќе. Нема шанси дупло..Инкубаторите се многу скапи.
     
    На Tess36 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. VickyBecky

    VickyBecky Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2019
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    12
    Пол:
    Женски
    Бев денеска и фала му на Господ, нема ништо, се е ок, но сепак ќе одам и на трето мислење.
     
    На Meddy, doll.a и Izzy_0504 им се допаѓа ова.
  12. Tess36

    Tess36 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2022
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    1.169
    Пол:
    Женски
    Ова денеска првпат слушнав дека има разлика дали едно или близнаци. Никаде не стои на флаер дека има разлика или скриени трошоци, ама ете имало. Тоа е, секој ден по еден нов шок.
     
  13. doll.a

    doll.a Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    3.977
    Пол:
    Женски
    Јас се породив во септември 141.000 платив .
     
    На Tess36 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Tess36

    Tess36 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2022
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    1.169
    Пол:
    Женски
    Ако има тука со искуство некоја членка да прашам. Кога ви закажувале царски ако е во ред плодова вода и задоволителен цервикс? Мене ми спомнаа да дочекам барем 36та недела, а со цтг да почнам од 34та. Знам дека е подобро бебињата да се што може подолго во меше, и они фала богу засега се ок, освен што се малку помалецки, ама јас се плашам дали ќе издржам ако треба подолго со болкиве во ребра, кичма и отоци.
     
  15. Suze18992

    Suze18992 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 март 2020
    Пораки:
    1.121
    Допаѓања:
    1.594
    Пол:
    Женски
    Немам искуство до царски и мене ќе ми биде прв.
    Вчера бев на преглед и докторката ми кажа во 36 недела да одам на преглед да се договорам кој доктор сакам да ме породи за во 38 недела.
    Плодова вода добра исто и цервикс, моиве бебиња уште сега на преглед беа наместени со главата надолу али ризик било за природно породување.
    Според мене штом ти кажале 36 оди таа недела нема што да се мачиш они ќе пораснат и надвор.
    Со лесно
     
    На Tess36 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Tess36

    Tess36 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2022
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    1.169
    Пол:
    Женски
    Фала ти, со лесно и на вас тројца 33+2 сум, кај мене само едното е со главче надолу, другото е трансверзално, ама кажаа никако природно не доаѓа предвид дури и тоа да се сврти, затоа што сум имала ептен мала карлица и било ризично. Па не ни инсистирам, ниту па се замарам, само живи здрави да ги извадиме. Следна недела ќе почнам и со цтг, па ќе кажат ваљда поконкретно, малку ме фати паника да не им текне да ме форсираат до 40та, а веќе нема ни како да седнам, ни како да легнам, недај боже да треба да стојам
     
    На Suze18992 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Suze18992

    Suze18992 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 март 2020
    Пораки:
    1.121
    Допаѓања:
    1.594
    Пол:
    Женски
    Јас сум 28+2 имам уште време до крај којзнае колку пати ќе се свртат, уште од сега ми препорачуваат царски , викаат незнаеме како ќе се сврти второто кога ќе му се ослободи место да не го мачиме.
    Од почеток повеќе бев за природно , али минатата недела баш зборевме со една блиска нејзината снаа исто има близнаци едното го родила природно второто морало царски. После ова ич не се мислам си одам царски.
     
    На Tess36 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Tess36

    Tess36 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2022
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    1.169
    Пол:
    Женски
    Убаво си мислиш, преголем ризик е, недај боже да треба второто царски од што побрзо да закрепнуваш после. Вака мирна глава, штом викаат докторите царски, така е најпаметно. Кај мене од 29 недела се вака поставени и мислам дека така ќе останат до крај, немаат многу место за егзибиции
     
    На Suze18992 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Tess36

    Tess36 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2022
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    1.169
    Пол:
    Женски
    Иако темава е слабо активна, сепак ќе пишам тука, може некој ќе прочита. Како се справувавте психички пред породување? За нецели 10 дена ми е царскиот, јас мислам дека веќе сум на раб на нервен слом. Ај физички што грбот едвај ми го издржува стомакот, едвај се оправив од грипови, синуси, ребрата ме кинат од болка, ама ова мисливе ќе ме срушат скроз. Препрепреисплашена сум, не можам да замислам колку страшен и непознат процес е со едно бебе, камоли со две. Не можам да спијам, ако заспијам имам кошмари, а будна само мислам дали ќе се родат здрави прави и по толку испитувања, скрининзи, уз, се се плашам дека нешто сме промашиле. Како ли ќе застанам на нозе олку слаба и физички и психички после операција за да се грижам за нив? Што ако заборавам некое да нахранам или не приметам дека нешто не е во ред? Што ако немам ич млеко или ако имам, а не знам да ги дојам? Наместо да се радувам на тоа што ме чека, јас постојано плачам и замислувам лоши сценарија. Апетит воопшто немам, се што ќе каснам ми се враќа, па и од тоа се плашам, дека неухранети ќе ги родам и дека јас ќе сум виновна ако имаат некаков проблем. Можеби сум за на психијатар, ама сега касно е.
     
  20. Anaskopje

    Anaskopje Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2016
    Пораки:
    315
    Допаѓања:
    521
    Пол:
    Женски
    Се од горенаведеново може да се случи ама за се има решение, мене првата година ми беше претешка после се стабилизираат работите и времето брзо поминува. Имав помош по дома, не бев успешна со доењето од страв и незнаење ама има решение и за тоа. Плачеа многу од грчеви и тоа помина. Да си уживаш со дечињата ќе се снајдеш. А бев лајт пред пораѓај ама после пораѓај имав мака :D
     
    На Tess36 му/ѝ се допаѓа ова.