Пробај да се опуштиш бебињата ќе се родат здрави не се секирај. Јас пред две години се породив со царски близнаци еднојајчани втора бременост имам и син пред нив. Откако помина царскиот станав после 5 саати наредниот ден сабајлето се истушира и подруго беше одма. Надвор од мк сум тука ги даваат бебињата во соба до мајката од прв ден да се грижи за нив така да јас ги бањав уште во болница и пелени сама. За доењето на почетокот се молзев давав во шише заедно со адаптирано. Не се форсирав да дојам бидејќи ми беше тешко сама со три деца без помош. Им направив ред на близнаците секогаш во исто време заедно јадеа спиеја и ми беше многу полесно. Не се секирај се ќе биде во ред. После царскиот пробај малку да станеш со помош истиот ден и ќе ти биде многу полесно. Со лесно
Ти благодарам. Јас лајт не сум била ни пред бременост, со цела борба што ја имавме, ни па во цела бременост. И сега на крај за да не мислам на царскиот, се фокусирав на постпородилниот период, а тој уште пострашно ми изгледа од се и многу се оптоварив. Само се надевам дека ќе го имам тој мајчински инстинкт па ќе биде џабе сум паничела.
Мила прво со лесно да ти е. Знам дека ти е тешко ама мораш да гледаш малку попозитивно, ќе престанат болките за некој ден. Да се грижиш за нив е нормално, ама сигурна сум дека ќе биде се во ред штом си стигнала до тука. Јас се породив 32, едното беше баш малечко па еве ги трчаат низ дома веќе година дена. Не е лесно ама е преубаво, поготово дека се две, секој ден ќе си изненадена за нивната приврзаност, секој ден нешто ново. Тргај стравот на страна, те чека најубавиот период
Ти благодарам од срце. И јас ќе бидам сама, без никаква помош, и страв ми е дали ќе успеам да воведам ред затоа што сум многу мека на карактер. Ама штом си можела ти сама со 3, ваљда ќе можам и јас со 2, само да бидат здрави прави.
Убаво е вака кога ќе прочиташ позитивности. Искрено се надевам дека ќе научам да уживам со нив штом се родат, наместо да се стресувам на секое за се и сешто
@Tess36, немам близнаци и можеби не ми е местото тука многу, а и со кратко искуство сум што би се рекло, една недела од пораѓај. Меѓутоа, ни во бременост, ни сега со бебе не сум раат што реално сум свесна денс не чини толку паники. Она што сакам да го кажам е дека сигурно ќе се трудиш да бидеш најдобра мајка што можи за тие деца. И не мисли поинаку. За пример јас пред неколку денови на болница таква криза имав. Доаѓајќи од тоалет го слушам педијатарот на моето дете каде што вика. Тие и тие деца се пуштени дома, детето од таа соба нема да си оди. Мало е, а мајката нема доволно млеко за хранење. Од сегашен аспект и добро што останавме ден два плус на болница. Тогаш толку ме погоди тоа што мислам побезвредно во животот се немам почувствувано. Ако имаш некој поблизок може да го замолиш барем за пазарење, припрема на храна да ти помага за тебе и сопругот. Или да дојде да испегла алишта од децата.
Од денес 30 недела,бев на контрола двете бебиња супер напредуваат , цервикс скоро 4 цм, доволно плодова вода, плацента добра . Матичната превентивно им давала флостерон на сите трудници со близнаци, мене баш и не ми се примаат ако нема потреба. Какви се вашите искуства , сте примале флостерон иако немало некои индикации за предвремено породување ?
Јас не ги примив. Докторката што ме води во Систина ми рече ќе се гледаме почесто, ако има потреба ќе дадеме, ама еве стигнав до 35 полни и не ми ги спомнаа веќе, бебињата се во ред. А баш бев на приватен преглед и кај др од Гак и ми викаше дека во Систина ги давале требало не требало, а демек си имале влијание после на когнитивност и интелигенција и ми направи шубе, ама ете јас сум жив доказ дека не ги даваат без потреба.
Нека ти е живо, здраво и мирно бебушко, се останато ќе се заборави, и коментарите и стравовите. Мислам само да ги извадат и да ми кажат дека се скроз здрави, дури тогаш ќе имам малку раат, па после од ден за ден ќе се учиме. За жал немам некој во близина за помош, ама ќе се организираме сами со маж, само да поминат овие страшни последни денови во неизвесност.
Ако нема потреба не треба да ги примиш. Не ги примив ни јас докторот ми рече нема потреба и така остана.
Здраво, би сакала да прашам за близначка бременост, кога почнуваат да се осеќаат бебињата? Јас сум 17та недела при крај, меѓутоа не осеќам баш, иако викаат дека за близнаци порано се осеќаат. Јас не знам ни што треба да осетам зошто ми е прва бременост Ве молам споределете искуства вие што сте веке одминати недели.
@Suze18992 мора да напишам апдејт на ова, едвај го најдов постов, а не сакав да испадне дека сум дала дезинформација. На крај сепак ги примив флостеронот, вчера на 35+6 на преглед докторката утврди дека има потреба па ме боцнаа 2 во рок од 24 часа и ми закажаа царски. Во цела паника не препрашав зошто што како, ама претпоставувам затоа што цело време се водеа 2 недели назад, а последниве две недели никако не можеа да ги измерат, па веројатно е за некаква сигурност дека ќе можат да дишат сами, не знам. Ама во секој случај се додека сè личеше дека е во ред не ми ги дадоа тие првите дози што почнуваат од 28 недела, туку испадна како што ми напомена докторката, ќе следиме и ќе видиме дали ќе требаат или не до крај. Некако не ми беше сеедно што ги примам, пак од тоа шубето што ми го набија, ама верувам дека е за нивно добро и дека ќе биде се во ред.
Девојчиња штета неможе да има од нив, само бенефит во однос на дишењето. Не сум слушнала на некој да направиле ороблем. Јас три дози примив, два пати по два флистерони и дента на пораѓај уште еден урбазон, немаше време за од третата доза вториот флостерон. Ич да не мислиш дека се штетни, поголема е шететата да не се примат доколку треба. Со лесно
Фала ти многу. Искрено и јас така знам, дури мислев и да си побарам ако не ми дадат, ама кога професорка од Гак ми го направи тој муабет, ме штрецна некако безвезе и си ќутев. Не знам дали само толку сакаат да се оцрнат меѓу себе или што е, ама не е во ред за нас пациентите. Како и да е, си имам потполно доверба во докторкава што ќе ме пораѓа и верувам дека ќе биде се во ред.
Фала, што сподели, со лесно дај боже се да помине добро . Те чекаме со убави вести. Јас денес бев на клиника и пак ми кажаа превентивно не даваме ништо ќе следиме цервикс и ќе одлучиме, засега цервиксот е долг и затворен као супер за таа недела.
Za site idni mamicki na bliznaci mnogu se raduvam.Se poveke imam zelba da imam i jas no moeto e skoro pa i nevozmozno.No ako jas pak ke se raduvam od srce za sekoja zenichka ovde i na ulica shto ke ja sretnam kako gi sheta ❤