1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Брендирано парче во вашиот плакар

Дискусија во 'Мода и стил' започната од tinkerbelll, 13 ноември 2013.

  1. tinkerbelll

    tinkerbelll Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2010
    Пораки:
    2.096
    Допаѓања:
    5.018
    Пол:
    Женски
    Дали поседувате брендирано парче,облека,чевли,чанти или пак аксесориз?
    Сметате ли дека кај нас се купува брендирана облека и колку таа ни е достапна?Дали би купиле едно праче кое е брендирано или пак неколку no name?
    Зборувам за брендови од типот на Dior,Marc Jacobs,Michael Kors,Celine,Tiffany,Cartier,Juicy Coture,Hermes,Givenchy и слично.
     
  2. Cicero

    Cicero Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2013
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    18
    Valentino kosula :inlove:
     
  3. sofijanoka

    sofijanoka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    2.652
    Допаѓања:
    15.512
    Пол:
    Женски
    Не,и неверувам дека и во иднина ќе поседувам.Сакам да се облечам стилски понекогаш,ама искрено сметам дека фрлаље огромни суми на брендирани парчиња нечини.Ако имам вишка,боље ќе ги вложам за некое незгрижено животинче или ќе донирам за некое болно детенце,сиромашна бабичка.Па и да не вложувам во хуманитарни цели,боље стан шо се вика ќе си купам отколку такви.Или 100000000 поевтини парчиња од таканаречените street brands,како Bershka i stradivarius,на кој сум им постојано верна.Имаат пристапни цени,ги следат трендовите,имаат потинејџерски стварчиња и од таму ми е ставрно најубаво.
     
    На HeidiDiWalt му/ѝ се допаѓа ова.
  4. tinkerbelll

    tinkerbelll Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2010
    Пораки:
    2.096
    Допаѓања:
    5.018
    Пол:
    Женски
    ^
    На пример,еден часовник од М.Корс кошта 200 $,тоа е далеку од стан нели?Значи не секое брендирано парче кошта 5000 евра,или пак 50 000 колку еден стан.
    Еден убав солиден часовник кај нас,од типот на Swatch или Esprit е 8000 денари,да не зборувам за Guess,CK и така натаму кои се поскапи.
    Постојат и брендирани парчиња со нормална цена,а постојат и луксузни.Според мене доколку е некој во можност вреди да се купи брендиран часовник или наочари.Спеак квалитетот е неспоредлив.
     
    На Kaylie и sweet-star им се допаѓа ова.
  5. sofijanoka

    sofijanoka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    2.652
    Допаѓања:
    15.512
    Пол:
    Женски
    Па нели не зборевме за такви брендови?? :?:
    Да,не коштаат колку еден стан,ама неколку такви парчиња и коштаат,зар не?
    Ако тебе ти се даваат пари за такви глупи луксузи,мене не ми се даваат. :)
    И квалитет можеби и се има,ама и себичност исто. :D
     
    На Decapitated.Hanna му/ѝ се допаѓа ова.
  6. IamSexyAndIKnowIt

    IamSexyAndIKnowIt Популарен член

    Се зачлени на:
    18 април 2012
    Пораки:
    1.634
    Допаѓања:
    2.881
    Пол:
    Женски
    Имам некои маици и кошули од Tiffany, друго скоро се ми е H&M, Gina tricot, a и фустан и маички од Madonna. ( имам и многу небрендирани парчиња облека ) :)
     
    На zalosna му/ѝ се допаѓа ова.
  7. clock.pot

    clock.pot Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 септември 2013
    Пораки:
    184
    Допаѓања:
    335
    DKNY maichka i swatch chasovnici
     
  8. tinkerbelll

    tinkerbelll Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2010
    Пораки:
    2.096
    Допаѓања:
    5.018
    Пол:
    Женски
    ^ ^
    Каде напишав јас дека зборуваме за брендови кои коштаат минимум 1500 евра за пар чевли? Јас набројав неколку,сигурно нема да правам листа од 100 имиња.Постојат и повеќе пристапни брендови кои не се за потценување.Кои се тие ''такви'' брендови?Не зборувам јас овде само за Версаче.
    А ти ако дојде да пишуваш за мене дали ми се даваат пари за глупи луксузи или дали сум себична,поарно прескокни ја темава.
    Изгледа на форумов не знаете да дадете само мислење,се што не се совпаѓа со твоето мислење не значи дека автоматски е глупост.
     
  9. Decapitated.Hanna

    Decapitated.Hanna Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2012
    Пораки:
    798
    Допаѓања:
    576
    Ма јок, јас сум стилски облечена и без брендирано сра*е. :^) :D
    Зошто да му го плакам на некој името коа можам фино лепо за тие пари да си купам повеке работи. И како што кажал некој некогаш, стилот не се купува. :!: Џабе ке изнакупиш еден куп брендирани работи ако незнаеш да ги склопиш. Пример две другарки ке земам.

    На едната татко и има фирма и незнаат колку пари имаат.. Девојчето се нешто порачува од интернет, исклучиво брендирано.. знаете, за статусот да си го докаже. :^) Ама сенс за мода.. слабо.

    Другава за една прослава се облекла од глава до пети во парчиња од она поефтиното.. Пренди мислам се викаше.. и што да ви кажам. :x Изгледаше прекрасно, така убаво ги имаше вклопено што човек неможе ни да претпостави дека сето тоа ја чинело околу 800 максимум. :)

    Кога ги погледнав една до друга на прославата, вторава изгледаше многу пософистицирано и дури можам да речам, и поскапо облечена од првата. Така да, не е се во парите и брендираното. Тоа по мое ми се чисти глупости од типот колку да се пофалам која сум.. па носам брендирано. Зарем неможете истото парче да го најдете на друго место? :wasntme: Не судам, ако ви се фрлаат пари, фрлајте.
     
    На Someonespecial, eloves, MarchelineAmaru и 5 други им се допаѓа ова.
  10. zalosna

    zalosna Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2011
    Пораки:
    4.742
    Допаѓања:
    78.090
    Пол:
    Женски
    DIESEL јакничка,DKNY сат,burberry сат поклон од братми :) и ..
     

    Прикачени фајлови:

    • image.jpg
      image.jpg
      Големина на фајлот:
      210,3 KB
      Прегледи:
      973
  11. zalosna

    zalosna Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2011
    Пораки:
    4.742
    Допаѓања:
    78.090
    Пол:
    Женски
    се сложувам со тебе и јас не сум за брендирани џиџи миџи :) а ако е поклон и тоа за тебе значи фалејне?
     
    На sofijanoka му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    7.020
    Допаѓања:
    257.301
    Пол:
    Женски
    Имам чуство дека темава ќе стане како онаа за белиот фустан на свадба...А баш е интересна :)

    Јас немам нешто особено брендирано во плакар а баш би сакала, сакам квалитет и секогаш го бирам пред она, за тие пари ќе купам 10 маички. Можеби тоа доаѓа со годините.
    Не сум за оние брендирани парчиња на кои со џиновски букви е испишано DKNY на пример. Некој и погоре напиша не е брендираната облека гаранција дека ќе имате стил ама секако многу помага :P
     
    На Someonespecial, fighter, CuteEva и 4 други им се допаѓа ова.
  13. cecilia

    cecilia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    1.195
    За 30 години добив ташна, саат и марама од Hermes.
    Прекраснотииии
     
    На Hipster, eliesaab, ph.orhideja и 3 други им се допаѓа ова.
  14. zalosna

    zalosna Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2011
    Пораки:
    4.742
    Допаѓања:
    78.090
    Пол:
    Женски
    :D ах ме насмеа не мора да значи дека толкави се буквите на сатот па да се гледаат од километар хахаха едноставно таа е марката
     
    На sofijanoka му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    7.020
    Допаѓања:
    257.301
    Пол:
    Женски
    ^Не беше за тебе коментарот :)
    На маички најчесто е случајов или еве може D&G да биде примерот, на твојот часовник воопшто не ги ни забележав буквите искрено.
     
  16. zalosna

    zalosna Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2011
    Пораки:
    4.742
    Допаѓања:
    78.090
    Пол:
    Женски
    и да беше нема што да се лутам :up: иначе онај сат нее тој сат :) :hai:
     
  17. Anne15

    Anne15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 февруари 2012
    Пораки:
    762
    Допаѓања:
    244
    Пол:
    Машки
    Имам добиено на поклон часовник Swatch.Ми го подари чичко ми од Австрија и е прекрасен. :)
    Инаку јас не би купувала брендирана облека,бидејки со таа огромна сума на пари што ти не можам да направам.Не дека не сакам,но тоа во Македонија не е добар избор.Зошто да фрлам толку многу пари на едно нешто и на крај да го фрлам,што зар цел живот ќе го носам?-Ќе му помине модата и АЈТ! :tmi:
    Подобро ќе земам повеќе алишта кој не се брендирани и ќе се дотерам убаво.
    Инаку друго брендирано не купувам,сакам патики марка и секогаш и си купувам такви,но тоа не се важи овде. :lol:
     
  18. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.338
    Допаѓања:
    47.994
    Пол:
    Женски
    Не е достапно за секого,едно такво парче достигнува цена на една просечна македонска плата.

    Јас сум за она квалитет пред квантитет.
    Со купување на брендирано парче,вие го плаќате името,а името(барем во најголем број случаи) гарантира квалитет.
    На пример,купуваш часовник од позната и скапа марка.Добиваш интернационална гаранција,името кое стои позади тој часовник ти ја гарантира.
    Се покажало досега кај мене дека тие парчиња кои ги имам,а ги носам со години,се уште изгледаат како нови,сега да се купени.
    И најубаво е да се купуваат вакви парчиња кои се безвременски,на кои модата не им поминува за една сезона и не се моментален тренд.
     
    На eloves и Ariana.djm им се допаѓа ова.
  19. Mimi123

    Mimi123 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.015
    Допаѓања:
    1.186
    На денешницава сите гледаме со што поефтинко да си поминеме нели :) посреќна ќе ме направат 10 небрендирани парчиња од едно брендирано ма да ако имам парички нема лошо да ми дојде некое брендирано парче на кое не му врви модата, На пример убава чанта, часовник а некои џиџи миџи што пројдуваат во една сезона ќе си најдам во џиџимиџарница кај нас :D
    Имам само часовник Армани кој ми е поклон.
     
    На zalosna му/ѝ се допаѓа ова.
  20. elanor

    elanor Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    525
    Допаѓања:
    1.045
    Пол:
    Женски
    Не патам од тоа да мора да поседувам брендирани парчиња. Ако видам нешто брендирано, ако ми се допаѓа и ако цената не е сулуда, ќе го земам. Меѓутоа, не секогаш во брендираните марки ќе се препознаам. Тогаш ни под разно не купувам. Што ќе ми е нешто, макар и брендирано, ако тоа не сум јас или ако е неудобно.
    Ако видам нешто no name и ми се допаѓа, апсолутно ќе го земам.
    Приоритет при купувањето ми е да ми се допаѓа, да е удобно и да е со пристапна цена.
    А дали е марка или не, ми е тотално секундарно.

    Е сега компромис не правам кога станува збор за:
    - очила (диоптерски и за сонце) - сепак 16 саат во текот на денот ги носам;
    - добра ташна - црна и кафеава кожна, наместо еко кожа или скај. Други бои може, ама за црна и кафеава-не;
    - часовник - мајстор сум за да искршам часовник, овие обичните ни месец дена не ми издржуваат. А добар издржлив часовник (на удари и водоотпорен, метален) има за 9.000 денари;
    - Salomon патики за планинарење и добар ранец;
    - Planika зимски чизми;
    - Кожни обувки.