Абе ламбурџини продава име. не квалитет. земи си сеат леон цел град тоа вози. Мислам ало... кога нешто не знаеш треба да прочиташ а не да водиш инат да мешаш животни баби жаби комшии и мајмуни само за да мислиш дека ќе испаднеш во право. Ама воопшто не ме изненадува веќе тоа. Добра ноќ.
А не може сега едно чорапче а догодина друго како што се јаки Зара и секоја година вадат се нешто ново нема да се уклапаат чорап од колекција есен/зима18 и есен/зима19та. Ќе се вадат конци,нема да го личи различна боја,различен квалитет,ќе мора да се трча на пазар да се купи за да се спарат Дај ти се молам како вака мора наеднаш 2у едно,па Зара ти е врхунски квалитет кој е тој таму си Шанел некој си умислен муж Нешто те навреди во објаснувањево кон дечково?? Ај чил,навистина добра ноќ.
не . Само во ист пост го ставив тоа што се однесуваше за него. убаво му објасни ти. Ама што да очекуваме од тип кој сака пандора алка..
Victoria secret -чанта за на плажа,2-3 рала купачи дводелни,несесери,парфеми/спрејови,спортски градник и еден чипкаст Ralph Lauren -џемпер и 2-3 маици со куси ракави Armani exchange- кожна јакна KK kollection -паричник Calvin Klein-фустан(не го носам повеќе),парфем Reb'l Fleur пафрем Britney Spears парфем curious Christian Dior парфем Nine West чанта Спортска облека од new balance,puma,nike... За среднобуџетните брендови како Зара,Манго,H&M... ми е цела гардероба
Е ако де нека сака барем знае кога ќе порасне што сака да биде-носач на Пандора алка Затоа и те прашав што те дирна толку,баш му објаснував да не блуе за Шанел кога не ни пипнал какви се тие парчиња гардероба.
Зара, Манго, Бершка, Њу Јоркер, Гесс, пола облека ми е од овие брендови не се којзнае шо брендовите имам Луис Вуитон ташна поклон ми е од Америка, иначе читам коментари Зара ја споредувате со Шанел хаха па тоа е смешно имате ли фатено Шанел во рака парче облека да видите како е изработено со какви конци со какви машини, Зара на пример во поразвиените земји носат исто како тука од обичен бутик блузиче од 200 денари.
Јас имам облека од Зара да допаѓа ми се , квалитет ама смешно е да се споредува со прочуени светски брендови како Шанел. минималците во европските држави купуваат Зара, Манго што во Македонија се умислуваат божем носат Гучи или Шанел. Шанел, Гучи тие брендови се само за класа луѓе неможе секој да ги носе и да ги искомбинира.
Не значи дека ако цената на облеката им е подобра и подобар бренд се. И Епл се со најскапи телефони и се највреден бренд во светот, па пак Хуавеи и Самсунг се подобри.
Нема врска цената игра голема улога хуавеи купи телефон стар и сега најновиот дури е поскап и од Ајфон.
Па богами и нема некоја разлика во фустанче со змиски принт од Зара и еден обичен фустан од Шанел. Тоа ти е сВе исто. Само што кога ќе се свртиш лево/десно околу тебе, ќе видиш уште 10 девојки во змиско како тебе..
@M-14 Ме разочара. Мислев дека си оние кои ја сакаат модата и се разбираат од истата, ама со вакви мислења добивам друг впечаток. Кај нас Манго и Зара се ставени на пиедестал зашто немаме други за споредба Ова ме потсеќа на еден коментар на Мелита наша кога збореше дека Диор, Шанел и останати СВЕТСКИ модни куќи купувале облека од Кина и само ставале нивни етикети. Мислам земи убиј се со вакво размислување Еве некои од мои омилени брендови низ Европа кои вредат за сите пари. Во споредба со нив Зара е ниско буџетен бренд https://www.madeleine.co.uk/ Каде само една обична кошула е најмалку 130 евра https://www.reiss.com/eu/ Совршенство од облека! https://mac-jeans.com/de-en/women/new/?p=1 https://www.jaeger.co.uk/ И уште многу други. Ама кај нас стандардот е таков што Зара центарот на добрата облека Yeah, right
Не гледам на брендирани работи многу , ама имам неколку : поло џемпер и маичка томи хилфигер фармерки чанта guess и нараквица на картиер лав , таа ми е поклон.
Добро ај не се лупајте и вие, 80 посто од цената на парче од некој познат бренд е баш тоа, името на брендот. Освен кај парчиња со кожа, свила, кашмир... Видете и тие кај шијат, па после зборете. Уствари видете и кои фирми шијат у Мк, каде жените работат за минималец...
Док Мартенс едни чевли и Пеко чизми.. се рачуна Пеко, или не се доволно фенси-шменси. Не купувам брендирани, не ми значи ништо. Освен за обувки ептен пазам, оти имам мака со кичмата.
На жалост во мојот плакар веќе се е демодирано наместо брендирано, се е излитено..стандард, јбг...останаа само едни секси гаќи од Лиска кои ич не ги сакам оти се како од завеса направени...ете тоа, ако Лиска е бренд.
Сериозно Зара ја споредувате со Шанел? Да беше некој друг многу ПО бренд во ред, ама Зара? Ако не се лажам Зара,Бершка,Страдивариус се шпански брендови дел од групацијата Ингрид наменети за ниската класа во европските земји (ако влеземе у ЕУ нема ни да ги носиме пошо ќе не гледаат со потсмев ) точно е дека цена не секогаш е иста со квалитет ама тоа важи за нешто што е приближно исто а не да купиш 5000ден крзнен капут од Зара и да речеш што ќе купувам 10000еур (карикирам) крзнен капут од Шанел кога и двата се црни и исто греат