Имаш право.Јас дадов свое мислење,а ти одма почна да збориш као не сум у право,бла бла.Ама ај да не ја тупиме темава,нека си се искажат и другите.
Ако Nike, Adidas, Mango, H&M, Happening, Shana, Bershka, Pull and Bear влегуваат во бренд, тогаш да, имам патики, тренерки, маички, фармерки. Ако станува збор само за оние ептен брендираните како Chanel, Louis Vuitton, D&G, Armani и на нив сличните, тогаш не, немам
Во последно време некако несвесно ми се насобраа повеќе брендирани парчиња во плакарот. Еден Армани и еден Мајкал Корс часовник. Келвин Клајн Очила за сонце. Од Ралф Лорејл околу 10 поло или обични маички, панталони, патики, кошулчиња. Келвин Клајн и Армани повеќе пара на фармерки, маички. Томи Хилфингер спортски кошулчиња најчесто. ХАллхубер елегантни боди кошули. Поединечни пАрчиња гардероба се наоѓаат и од Гуесс, Мисс сиксти, Бурбери, Луис Витон... Zara, Mango, Bench, Diesel, Levis, Timberland, aunts & uncles, Review... и покрај тоа што ми се најзастапени, сепак не би ги сместила во бренд.
Од гардероба, ништо ама баш ништо не ми е брендирано. Посебно не кога ќе вида дека истите модели ги има и по пазариве и обичните бутици. Со таа разлика што нели овие нормалниве немаат лого. И некако воопшто не ми значи тоа да имам брендирано парче. Иначе од додатоци имам саат од Swatch и еден привезок од сваровски добиени за матура. Добро освен некои ефтини парталчиња од теранова, фиори што си имам земено ама оние на попуст. Што не се ни некоја марка. Ама некако не ми дава срце да идам и да акнам околу 20 000 денари за ташна која по кратко време користење сигурно ќе попушти(кај мене, зошто сум талент зас кинење потстави). Знам една работа што се однесува до брендот, ама ај нема да ја кажам зошто не сакам некој да се нареди, ама откако го слушнав тоа, стварно бирам каде купувам. А сето тоа се однесува на се што е брендирано кај нас. Еве да ви кажам за пред некоја година случка, иде другаркава и ми вика види капутов го земав од калиопе мислам беше 2800 ее викам топ е. А еден крут материјал мислиш вреќа е, гребе на допир. Идам ја у шутка, истиот капут, само малце по мек материјал викам колку пари, земи за 1000 ка ми вика. Значи ова е само еден пример. Стварно не сакам да навредам никого, или да осудам, си кажувам за себе.
Не патам од тоа да облеката мора да ми биде брендирана ама реално од искуство, квалитетот е незаменлив. Не сум купила сама зошто сеуште немам свои средства, но сум добила повеќе брендирани парчиња на подарок од блиските. Од друга страна мајка ми доста сака да купува брендирана облека па знаев често нешто да и соберам од плакарот. Најмили парчиња ми се часовник од Мајкл Корс и две ташнички од LV, подарок од дедо ми.
Јас имам само еден пар фармерки Calvin Klein, едно кожно чантиче Pierre Cardin и мантил Burberry. Од познати брендови кои се посекојдневни, само за нијанса со повисоки цени, имам прилично гардероба од Esprit. Може да звучи неверојатно, ама од нив имам парчиња облека кои ги имам веќе 10 години и навистина гајле немаат-ни е избледено, ни е деформирано. Инаку, за други светски брендови не ни помислувам, на пример, корсет од YSL кој ми се допадна беше (ако памтам добро) 600 и кусур $, соодветните панталони беа над 1000$. Тоа се брендови кои НИКАДЕ во свет не се за широка потрошувачка, направени се да бидат ексклузивни и за одреден слој луѓе, па затоа се и престиж и статусен симбол, не само облека. Дури и кога ќе направат (некои од нив) колекции кои се наменети за „обичните“ луѓе и тогаш цените се далеку над просечните.
Зависи што подразбирате под бренд. За мене Манго, Најк, Зара, Бершка и сличните не се бренд. Инаку во однос на темава, да имам вакви парчиња, никогаш не сум барала од моите да ми купуваат толку скапи работи, се што сум си купила од вакви брендови е од свои пари кога работев во Америка. Овде кај и да работиш, не можеш да си дозволиш. Таму има аутлети каде може да се најде многу добри брендирани парчиња по доста поволни цени. Имам часовник Fossil, многу гo сакам. Потоа имам два капути на Calvin Klein , кои ги фатив на голем попуст ( сум си доаѓала среде лето со капут на мене, пошто куферот ми беше полн, а мораше да го купам и да го земам до Мк ). Капутиве ги носев ланската сезона, оваа сезова се како нови, ма буквално скроз нови, а другите колку пари и да дадам за нив после една зима носење бојата избледува, материјалот станува катастрофа и слично. Имам наочари Tom Ford, исто ги носам две години, не мрднале исти се како што се купени. Потоа Marc Jacobs, Furla, Ralph Lauren и Kate Spade чанти, сите купени од аутлет по доста пониски цени од вообичаено за овие брендови. Викторијас Сикрет имам доста долна облека, ама таму тие се многу ефтини и не го ни сметам баш за некој бренд. Успеав да си дозволам и три пара чевли на Steve Madden, Guess и Nine West. Исто и паричник имам Nine West земен по смешна цена исто од аутлет. Чанта Луј Витон веке сум пишала на форумов дека имам, но таа ми е поклон од другарка ми од Лондон, ја носам уште од 2011 и мака си нема, како вчера купена е. Имам неколку парчиња облека од колекцијата на Џесика Симпсон, ама не се нешто посебно скапи тие па да ги сметам за некој бренд. Имам и еден фустан од „Bebe'' кој можам да кажам дека ми е омилен. Тоа е се што имам воглавно, друго не се сеќавам во моментов. Далеку од тоа дека имам нешто многу пари, работите сум ги купила кога сум земала солидна плата, а и прилично кога сум начекувала голем попуст. Немам комплекси имам гардероба од пазар, ако ми се допадне нешто и ако е ок материјалот, знам и од Битпазар да купам, не ми е ич гајле. Се зависи од тоа како го носиш и како го комбинираш нештото.
Муабетов што го свртевте ме потсетува на приказната за ,,Лисицата и грозјето", темава е јасна имаш или немаш, нема потреба од филозофии колку леба има во еден фустан од Диор На темава имам доста брендирани парчиња од типот на Диор, Келвин Клајн, Версаче,Корс, Маисон Мартин Маргирела, Марчеса, ЛВ... Поефтините Гесс , Десигуал,Угг, Диди, Степс , Џејн Норман и на крај Мекс и Еспири... Сега кога размислив немам,, но наме,, се останато ми е Х&М,Зара,Манго.. Инаку освен Диор омилени ми се Десигуал, Џејн Н,Мекс и Диди. Би сакала и нешто од Хермес можеби во иднина И не , не е патење од комлекс ако можеш да си го дозволиш и не ти го оштетува буџетот, шо се дешава кај нас тоа е сосема друга тема , исто и за стилот нема да навлегувам кој според мене не треба да се поврзува со колку пари/ кои брендови ги поседуваш. И се согласувам со членката погоре, бредновите од типот Диор, Хермес ,Прада, YSL,Мулберри.. Се безвременски и добра инвестиција
BTW, сите вие јаки познавачи на модата, чисто да знаете дека вашите ХЕРМЕС чанти се всушност ЕРМЕ чанти (со акцент на последното „е“). Ред е кога се фалите што поседувате, да знаете и да го изговорите името на брендот
Зара, Хим, Келвин Клајн, Ацесорис и другите не ми текнуваат. Од сите имам по едно парче. А, тие од Певекс марките се важат исто?
Холивуд не може да си ги дозволи, ама затоа Македонија може „Листата на чекање на Биркин чантите на Хермес е толку долга, што може да остарите чекајќи ја“, вели Кејт Бланшет. Блазе им на Македонките со Хермес чантите!