Ај да се надоврзам на муабетов. Ама од каде сте сигурни дека можеби девојките поседувачи на ХЕРМЕС чанти не се ќерки на министри и претседатели? И да не бидам офф топик,давам предност на се што е скапо,не ради зависност од лукзуз,туку зошто досега се што сум купила ефтинко(пример.патики под 3-4000) се испаднало да е катастрофално. Не купувам маички,фармерки или обувки по смешно ниски цени,зошто знам колку долго ќе ги носам и како ќе ги носам. Ама тоа не значи дека се што ми е во плкарот е брендирано. Не се согласувам со тоа подобро десет блузи,него ли две скапи блузи. Кога ќе видиш тие две блузи ќе ги носеш цела сезона,ако не и две сезони и ќе се супер,а додека 10 блузи што ќе ги облечеш два пати и третиот ќе најдеш дупче,така да за едвај една сезона ќе ги исфрлеш сите и пак ништо нема да имаш(зборам за некој смешни парталчиња. пример фармерки за 600-700 или блузи за 300-400).Не сакам да навредам,нити ги потценувам тие што носат ефтина гардероба. Парите не го прават стилот,ама не одам кон стил,него ли кон квалитет,удобност,здравје... Може и со ефтино да се скоцкаш и некогаш и поквалитетно да искочи и од брендовите,ама ретко е тоа. Armani,Guess,Skechers,на толку моментално можам да се сетам иако знам дека има уште неколку.
Не купувам брендирана облека,за тие пари ќе си купам повеќе парчиња и со тоа повеќе комбинации.Е сега кога станува збор за патики и тренерки,факт е оти адидас,најк,пума се стварно квалитетни и многу подобро е да се има такви,барем по мене. Имам инаку 2 блузи Burberry и Lacoste, и тоа на поклон.Оние од Н&М,Бершка,Зара не ги сметам за бренд
Имам панталони,ги купив на втора тезга во третиот ред Се шегувам,па си имам некои мајчиња од Зара,ама ништо посебно
Се извинувам за оф топиков малку но морав .... Дами мои од предходната страна , од каде знаеш ти јас и останатите како ги изговараме брендовите , ние овде пишуваме на македонски јазик а правилата сметам дека нема потреба да ги објаснувам (милион брендови се изговорени/напишани ,,погрешно,,) и нема потреба од оф топици , сарказми и просветлувања треба правилната употреба на ,,В,, и ,,Ф,, да ви биде цел на критика! Второ тешко дека мулти милионски бренд ке опстои од продажба една ташна, која чини неколку илјади евра. Да ,точно е дека тешко се добива бидејки се изработува рачно од крокодилска кожа а плус има и добар маркетинг и е најпозната јас би рекла бренд за себе,(листа на чекање , тешко се добива ,ааа ууу , таа фама пали кај народ Од друга страна пак ,има и селебрити кои ја имаат во сите бои значи и не е толку тешко ! ) Сепак тоа е само еднен модел на ташна , другите модели им се лесно достапни , барем јас кога шетав по нивните продавници , ташните што им беа изложени им беа и за продажба , не беа холограми ,ниту пак ти велеа ке те запишеме за неколку години ако поминеш низ тука дојди да си ја земеш ташната/чантата ,тие бутици не се изложбени салони не купуваш кола . Ташните од овој бренд исто така можеш и он лајн да си ги порачаш и чинат од 1000€ + зависи од моделот . Мене лично не ми се допаѓаат ама пак марамите им се сон на божиќната листа ми е!
Ај ако може да ми кажеш како дојде на ред за ташнава ..пошто како што сум информирана листата е толку многу долга на којашто ќе дојдеш да ред отприлика само ако си филмска ѕвезда... Да не бидам од офф Зара и сличните за мене не се брендови..туку под поимот бренд подразбирам диот,версаче и слични.
Може да ме посвоите за 3 години кога ќе имам 15? И јас би сакала на 15 годни на поклон од баба ми да добивам Ермес ташни и Селин, кои што само малите коштаат по 3.000 евра и повеќе. Мене мајка ми и баба ми ме учеле дека не е важно дали е марка или не. Јас го имам тоа запамтено и до ден денес го мислам истото. Иако тоа го мислам, сепак имам 2 маици и од Поло Ралф Лорен, една кошула и еден чемпер кој што го делиме со сестар ми. Сестра ми има многу марки, Брбери чизми, кошула, шал, има Тифани ланче (поклон од класот и беше за роденден), исто еден куп работи од Поло Рафл Лорен и 2 Луј Витон ташни, за кои што плесна 900 евра (ако ве интересираат повеќе работи околу ташните, може да прочитате во темата за Луј Витон, имам таму пишано). Мајка ми има ташна од Прада, фустан од Келвин Клајн и работи од Поло Ралф. Татко ми како најскромен член на семејството има Келвин Клајн долен веш и одела. Исто така како и сите останати и тој има работи од Поло.
Па имам од следниве: -Tommy Hilfiger (две ташнички со средна големина,една маичка) -Moschino каиш -DKNY-маичка по кратки ракави во три бои е -Guess(ташна,новчаник,часовник,очила за сонце,сандали) -Ivanka Trump(една од омилените ташни ми е таа, ептен елегантна е и многу си ја сакам -Jacques Lemans(часовник во комбинација со златна и сребрена боја и циркончиња) -Calvin Klein (фустанче,кратки панталони) -Swarovski накит Zara,Mango....иако ми се омилени не ги ставам во оваа класа на брендови, од нив имам прилично доста парчиња во плакарот а си носам и небрендирани...не патам од таков комплекс битно ми е кога ќе се скоцкам да е све ускладено како што треба.
Денеска секоја информација ја имате достапна на интернет, во прашање се неколку секунди. http://en.wikipedia.org/wiki/Herm%C3%A8s Еве го правилниот изговор на брендот, дури има и аудио верзија да се слушне.
Имам брендирани парчиња (обувки, галантерија кожна, гардероба и др )и си ги сакам ама нема да ги набројувам ниту именувам. Сакам и Lancel ташна...ама сега за сега нема
Не ми значи ништо брендот туку квалитетот и се разбира дали се вклопува во мојот вкус. Порано ми беше важно да има колку што е можно повеќе облека, шминки, чанти и се останато. Сега ми е важно тоа што го имам да е квалитетно и да не се искине за еден месец носење. Сигурна сум дека ова си доаѓа со годините. Сепак мислам дека без разлика на тоа со колку пари располагам не би дала 200-300 евра за маичка или фармерки од едноставна причина што навистина можам да најдам со одличен квалитет многу поефтини. Е сега кога ќе ми се укаже прилика планирам да си купам капут од Desigual ама тоа е кеиф Само што не планирам да го купам од Скопје. Со текот на годините сватив само дека не треба да правам компромис за три работи. Повеќе не користам пазарска козметика бидејќи сватив дека имам едно лице и треба да ми потрае, не купувам чевли што не се кожни бидејќи од стапалата може човек многу да настрада и не штедам кога станува збор за очиве. Имам класичен модел на Ray-Ban наочари со поларизирани стакла. Козметиката за лице ми е 80% Clinique. Исто имам повеќе парчиња долна облека од Викторијас Сикрет како и неколку блузи ама овие или ми ги носат од Америка или со другарки ги порачуваме преку интернет и си ја делиме поштарината. Воопшто не беа скапи.
Хермес ташна може да се купи во продавница нормално (дури и на ebay) - ред за чекање има само за "специјални" лимитирани модели. Инаку да, Зара не е бренд од типот на оние за кои претпоставувам е отворена темава.
Обично на мама се тие брендираните парчиња хаха ги има доста.Tommy Hilfiger,Burberry,Armani,Miss Sixty.. A Bershka,Tally Weijl,Stradivarius,Terranova,тие не се баш брендови и цел плакар ми е скоро со тие
Девојќи како можам за матура да си нарачам фустан од некоја позната марка? Пример Посакувам да имам фустан од: Elie Saab,Armani,Dior,Versace,Gucci,Givenchy,Chanel,Cavalli.. Во Македонија нема, тоа е факт! Како можам?
Што ќе ти е бе девојче фустан толку скап. Да пропарадираш неколку саати, а за сметка на тоа парадирање да ги одереш родителите. Зар не ти е жал бар за нив. Биди поскромна и попрактична. немој да ми се лутиш, ова е само мој совет како постара.
Остајте ја, така збори зошто очигледно нема појма колку пари чини еден таков фустан, да има пари да си го дозволи сигурно нема да пишува по форуми туку ќе фати авионот за Милано и ќе знае точно каде да го купи. И што дека ќе го имаш што? Кај ќе го носиш? Во кафана?