Од брендирани, колку што знам имам: Манго- каки болеро нешто, ама не е тоа Зара-Кошулка и маица Алкот- Хеланки и палто Адидас-патики (ако спаѓаат тука) Најк-ташничка
Може нема за телефон ама за фустан има не ги потценувајте луѓето.Познавам другарки на кои куќата ке им се сруши ама ќе си купи скап фустан за матура.pr.Моја пријателка плати 800 еур фустан за матура од кокев . А и не заборавајте дека и дизајнерите имаат ефтини колекции. Епа ако треба да бирам меѓу Кокев и овие долу сигурно нема да носам кокев. Незнам каква и е ситуацијата на девојката ама јас за мојата пријателка мислев дека е луда ама ете има и такви родители подолу моменталните цени за ефтините колекции Спојлер 790еур DOLCE & GABBANA 742 еур GIVENCHY 129фун Michael Kors VERSACE £712 DKNY £267 Ralph Lauren 80usd Vera Wang V-Neck Sleeveless Dress $112.00
800 евра за фустан од Кокев?!?! кои глупаци!!!!!!невероватно, па уште и за матура.... Е тоа е, „скоројевичи“, од што не знаат па сакаат да се испршат, па мисли со Кокев ќе блесне....па уште и 800 евра, а дома во долгови од 3000 евра. За жал, МК реалност
А бе џабе и е ако не ги знае ората и не знае да си помине убаво, обично секогаш таквите наконтени завршат седејќи на масата и сликајки се. Така да, што се однесува до мене, може и Гучи гаќи да оптегне
Ниеден не ми се допаѓа и не би го носела, а камо ли да дадам толку пари за некој од нив. Зашто да дадам цело богатство за едно парче материјал кое ќе го носам неколку саати? Затоа што доаѓа од рацете од некој познат моден креатор кој исто така е од крв и месо како сите нас? Бог да чува. Ај тинејџери и да си прават бајрам на мозокот ај, ама кај се родителите во се тоа кои им го приуштуваат па макар немале за леб после.... Не е родителството да му дозволиш на детето се, а некои го гледаат како најдобар начин на воспитување дете. Утре тоа дете нема да знае ништо за животот а ќе се најде во улога на мајка која ќе треба да го набави најосновното за децата, а не брендирани работи и тогаш ќе не знае ништо. Јас како дете на кое му се угодувало (и тоа зборам за ситници, не за вакви скапи работи нормално) знам дека тоа е чисто унаказување, се додека не пораснав и сама сфатив некои работи. Угодувањето не е начин на растење дете. Може малце претерав, кој може нека купува, не мислев конкретно на феминката ама кога се работи за некој со просечни примања, не можам да сфатам такви работи. Сум видела такви примери и тоа ме револтира, па си се искажав. Спојлер П.С. Не е убаво да се брцка во туѓ џеб, така да не нагаѓајте дали може феминката да си приушти таков фустан или не, не беше тоа поентата мислам.
Ај за некој што живее во странство и да разберам дека носи брендови ама кога некој наш ке напише дека има хермеси диори и што ти уште не почнува глава да ме боли.значи толку сме исфолирани што останувам без зборови.На една тема се пишува за безпарица без работа а на оваа фрчиме од луксузи , браво.Да незнае човек на што да верува
П.с се извинувам на дупли пост од моб пишувам па немам опција едит... Но дајте слики од парчинјата облека не за фаленје туку позабавно би било.На српските форуми бар и слики си ставаат ,бар ке плакнеме очи ние што немаме
Еден пар Just Cavali фармерки, и тоа поклон ми се од братми и еден пар Killah. Некои парчиња од Зара и Манго Мотиви Котон. Во принцип не сум многу по брендовите, повеќе сакам добро да ми стојат парчињата иако не се марка, па имам фармерки и од 600 денари на попуст купено и ги отепав од носење.
Имам Killah несесер/новчаник, Nine West чанта, Guess новчаник, Louis Vuitton чанта, Ray Ban очила за сонце, Dior и Yves Saint Laurent козметика... А инаку имам парчиња гардероба и од Zara, H&M, Tom Taylor, Mango, Motivi, Bershka, Tally Weijl, Koton, Beneton, Caliope, Stradivarius.. овие ми паднаа на ум сега, ако сум заборавила нешто ќе дополнам во друга прилика П.С. Спојлер Инаку, нема потреба да ја навредувате девојката зашто прашала од каде може да си набави таков луксузен фустан, не и ја знаете ситуацијата- можеби навистина сака да си купи, јас познавам а и ке дадам личен мој пример, јас за мојата ПОЛУматура дадов 700еур за фустан, а не пак за матура.. Не осудувајте, секој што сака нека си купува.
Девојко ај освестисе малце што збориш!И да сакаш неможеш да најдеш фустан од 700 евра за ПОЛУматура.Кога лажеш , лажи со усул.
Е де...баш така.Или можеби стварно, 700еу за фустан за полуматура, според таа логика ќе треба 1600 евра за фустан за матура...здравје за свадба може нештоод ели сааб евентуално вера ванг од 5000евра па нагоре Само тие скапите фустани за полуматура со killah или nine west ги комбинираше? Дајте ве молам,правите Свадби од тоа полуматурите и матурите и воопшто не ги прашувате вашите родители дали може тоа финансиски да го издржат.Кога вие ќе аи ги заработувате парите е ТОГАШ да ве видам со фустани од 700евра да се ооблекувате.
Епа незнам како тоа, ЕТЕ, мојот фустан чини 700 еур зашто материјалот е порачан од Дубаи, и е рачно изработена чипка со везени монистра. Инаку, вие незнаете како стојат моите родители финансиски па немате право да зборувате. И зошто толку се мешате во туѓите животи? Јас кажав дека јас сум си купила, а не и вие да си купите. Секој со своето мислење и нема што тука да се расправаме и да ја полниме темава. Си кажав што имам да кажам и толку.
Лелеееееее 700 евра јас мислев од некој светски бренд си купила за кое што немам ништо против ако некој без проблем може да си го дозволи, дури можам и да ти речам браво! Ама 700 евра да и дадам на некоја третокласна шивачка кај нас за фустан или само за некој фамозен материјал извини ама не неормално па колку пари и да имаш, тоа ти е веќе она коа незнаеш кај да ги трошиш парите.
Добро разбравме БОГАТА си, Твоите родители се богати и итн итни итн итн и фустанот за ПОЛУматура не ти е БРЕДН, ама е од СКАП материја, и сега тука ќе испадне дека ти си го платила од твој џеб, пошто гледам те информирале колку чини материјалот и монистрите и изработката и твоите родители, кои очигледно сепак тие го платиле, а тебе те информирале КОЛКУ чини сето тоа! Значи јас не е дека не ти верувам, туку и ти препорачувам за МАТУРСКА да си земеш нешто поскапо, пошто мора така да иде по редослед на работите. И многу е лесно кога се трошат парите на мама и тато, без разлика дали ги имаат во изобилие или не, а поинаква е ситуацијата кога треба сам тоа да го платиш. Темата беше БРЕНДИРАНИ парчиња, а не дали некој фустан поради скапиот материјал и изработката кошта многу или не. И да , ЕТЕ мое право е да кажам што мислам,!
Да надополнам, си купив нови очила за сонце на Gucci Спојлер Инаку, мислете си што сакате, јас го кажав тоа што имав да го кажам со најдобра намера, а вие мене ме нападнавте исто како и претходната девојка. Mој избор си е што ќе купувам, од каде и колку пари. И ќе ставам слика од фустанот, без грижи.
Не сфаќам зошто се револтирате. Самата тема гласи Брендирано парче во вашиот плакар- значи самиот наслов е фалбаџиски, кој сака нека се пофали. Некои се фалат со брендови како Зара и Манго , некои се фалат со Витони и Шанели. Некои од нив ги имат , некои до нив ги немаат , други сонуваат и тоа е. Едноставно таква е темата. Ајде и јас да одговорам на темата: Во мојот плакар има се и свашта. Од чевли од 300ден до чевли од 500евра, истото важи и за фустаните и за чантите. И чевлите од 300ден вршат работа и чевлите од 500евра. Нема да ги потенцирам брендовите , но ќе кажам дека во зависност од тоа како сум се чувствувала и колку сум имала така сум купувала. И искрено многу ми е иритирачка темава посебно за македонскиве услови во кои живееме.
Ние на балканот сме такви,ако не се испофалиме и залепиме по фејсбук и етикетите заедно со цената ги извадиме надвор да се видат,исто ко да не сме направиле ништо.