Јас да си кажам искрено, ни од Манго и Зара немам, не па Диор, Гучи и компанија. Абе кога ќе видам ценине во Манго 5000 за едно џемперче одма знам дека нема да ми стои. Единствено ако ептен многу ми се свиѓа би дала толку пари, или ако имам толку пари да не знам кај да ги трошам.Во плакаров единствено од што може да се нарече марка ми се наоѓа Калиопе, Теранова, Најк и саат од Касио кој ми е поклон.
Точно дека темата е брендирано парче во вашиот плакар, а девојката која се испофали дека дала 700 евра за фустан за полуматруа воопшто и не и е брендирано затоа што купила материјал и го шиела, кој бренд е тоа? На шивачката или на производителот на материјалот? Од такви постови губи смисла темава, кој има нека си пише, не е работата дека се љубомори на вирутелни членови, секој може да пише што сака во темава и никој нема да знае дали е тоа вистина или не, нема сигурно да одите и да му ѕирнете на некој во плакар дали лаже или не, не е ни битно тоа. Темата е да се сподели доколку имате нешто, може и слика да се прикачи зошто да не, ама такви глупи муабети ко јас имам брендирано парче од 700 евра, а што бренд е нема врска, битно шивачка и го шиела, а метеријалот бил многу скап, па тоа не е бренд бе девојче! Кој има да си дозволи баш убаво, што има сеа тука да расправаме од кај нашле пари нејзините за да и дадат, од кај знаете со што се занимаваат, не е тоа битно во темава!
Ако не сте од типот на богаташи тогаш слободно човек може да ја помине темава со „наведната“ глава бидејќи гледам тука има многу мамини и татини мази и разлигавени богаташки кои индиректно не потценуваат.Темава е мега-фалбаџиска и не сакам понатаму да продолжувам бидејќи знам дека сите ке ме нападнете. Да не бидам офф-топик: Немам речиси ништо брендирано во мојот плакар,ама многу ми е и гајле.Брендирано не значи квалитетно,туку значи само популарно,а ја не мислам да се лигавам и фалам со некои брендирани парчиња само за да ме сакаат и да ми љубоморат.
Ами добро де, никој не ја навредува, туку едноставно реално кажуваме кога самата таа вели дека нема 500 евра за телефон, a едно е да сакаш, друго е да можеш. И зборувавме за Ели Сааб де, не за евтинија од 700 евра .
Со оглед на тоа дека многумина се изјаснија дека Бершка, Манго, Зара и не се некои брендови, тоа значи дека јас немам ниту едно бреднирано парче во мојот плакар. Спојлер Освен, ако се вбројуваат Адидас и Најк патики. Само тоа поседувам од познатите брендови
Ова како јас да сум го пишувала. Инаку со нашиов македонски стандард тешко такви брендови... некој ни за леб нема.
Па што си дошла да коментираш во темава тогаш? За да кажеш дека ако некој поседува брендирано парче е размазена татина лиготешница што дошла да се фали на фалбаџиска тема? Ако имаш ок ако немаш пак ок што одма вреѓате,и од тема за мода ќе се испокарате бог да чува Сакаш да кажеш дека тој што си купил некое брендирано парче дошол да се пофали за да го сакаат и љубоморат? Ужас. Срам да ви е и на вакви како тебе и на оние со ''Хермесите'' ташни од баба им,да не се знаело на една тема како луѓе да коментираат,или се лаже или се плука.
Паааа имам Абибас тренерки долни, Адибас исто тренерки долни, нешто чарапа ова-она...и то. Се заебавам бе Од брендирано немам ништо, освен тренерки и патики(ако го сметате за бренд Најк и Рибок). Е сега, имам поскапи парчиња, било да се чевли, чизми или палто, имам и фустан, ама се тоа од нашите балкански брендови, а сум ги купила зашто се квалитетни, а не заради името. И искрено, ниедни Лобутинки мене нема да ми ги заменат кожните чизми од Баргала кои буквални ги топам во кал 3-4 години и се како нови Секој со маките
Алкот хеланки, Адидас тренерки, Алкот палто, Зара маичка, Адидас патики, Најк чорапки, Лининг чорапки, H&M кошулка. Мош има и друго, ама не сум видела во плакар.
1. теранова - 5-6 маички 2. алкот - палто и 2 маички 3. прада -ташна( за преку рамо ) 4. ботичели- чизми и два пара патики 5. булдужер - чизми 6. зара - маички,панталони и сандали 7. бершка - маички ,панталони,балетанки,тексас палто ,кошулки 8. H&M - еспадрилки(како патички нешто) , фармерки , блузи,кошулки 9.деним (501 ) - 4 пара фармерки, а обичен деним имам 2 пара 10.роберто кавали - мантилче 11.сфера - маици, панталони,кошулки 12. најк -патики ,тренерки ,дуксер, хеланки 13. адидас- патики и тренерки 14. слазенгер -патики 15.хумел- тренерки 16. конверс - кратки и високи
Bershka кошулка, H&M фустанче и џемперче, Zara фустанче, Terranova 2-3 маички, Adidas патики, Reebok патики и друго не ми текнува моментално