Ако Бершка , Зара , Страдивариус , Адидас и сл. се сметаат за брендови ..тогаш скоро цела облека ми е од таму купена.. Имаат убави парчиња и секогаш кога ќе можам се подновувам со нешто А од овие набројаните ..само една Moschino чанта
Темата е за high fashion брендови од типот на Michael Kors,Gucci,Prada,Yves Saint Laurent...итн,итн.Зара,Бершча,Страдивариус НЕ спаѓаат во овие.Да не бидам оф топик имам едни наочариGucci,часовник и алка од Michael Kors и Louis Vuitton ташна.
Немам, ниту пак сакам да имам од причина што многу брзо ми минува меракот за парчињата облека. Имам неколку парчиња што сум ги платила доста скапо (неколку илјади денари), а висат во плакар и кога и да ги погледнам срце ме боли, а не пак истите да вредат неколку стотина/илјади евра. Од овие горенаведените "нискобуџетни брендови" Зара, Манго, Бершка, Пулл & Беар, Сфера, Страдивaриус ми е скоро целата облека, задоволна сум од изборот, квалитетот и цената која истата ја нудат, така што не ми се потребни Армани, Шанел, Диор. Единствено си мачтаам за еден Елие Сааб или Зухаир Мурад фустан.
Поседувам неколку брендирани парчиња за кои имам одвоено мало богатство, но се безвременски и класични парчиња кои секогаш ќе ми се најдат , не се купени од помодарство. Брендираната облека за мк пазар никако не е достапна , но некогаш штедењето или самата финансиска ситуација ни налага да си ги оствариме желбите..... Јас би ја купила секоја облека која ми се допаѓа, која можам да си ја дозволам без разлика дали е марка или е од Шутка....
Имам многу брендирани парчиња и сите ми се купени во странство (најмногу во Америка) кога сум начекувала огромни попусти, па кога во СК ќе влезам во TH, RL или слични продавници, им се чудам на умот на тие што ги продаваат, а посебно на тие што во СК ги купуваат. Тука се тотално неразумни цените, а за колекциите ич да не зборувам-од пред 2, 3, 5 години.
не знам зашто сте толку искомплексиранп (или бар така делувате? Купила фустан за полу матура од 700 евра и одма и се стаивте "ЛАЖИ СО УСУЛ" "РАЗБРАВМЕ ДЕКА СИ БОГАТА " итн итн итн.Жалосно од ваша страна
Можеш лесно да препознаеш по пакувањето, скапите брендови како Прада, Шанел, Долче & Габана итн имаат префинети пакувања, кутии, картички, кодови. Таквите брендови лесно можеш да ги препознаеш и по квалитетот на патентот, како се шиени рабовите и сл.
Подарен ми е без никакво пакување, од шиените рабови не би можела да кажам оти ми гледа ок, единствено што е прилично тежок.
И копиите се добро шиени, но оргиналите имаат посебен начин на шиење, ако ептен те интересира можеш да го најдеш моделот на интернет или да направиш споредба. Сум гледала објаснувања конкретно за начинот на шиење, дали оди цик-цак или право, во тој смисол. Инаку штом не е во кутија, големи се шансите да не е оргинал. Скапи брендови обрнуваат големо внимание и на самото пакување, имаат заштита од оштетување, цврсти кутии со оргинал лого, картичка како гаранција, материјали на изработка, итн. Пример очила Прада првин се ставени во цврста кутија, внатре има картичка со код (ID), модел и хартиено упатство за употреба (податоци за УВА УВБ заштита, материјали од кои е направено стаклото и оквирите итн) и на крај очилата во заштитна кутија со материјал за бришење. Се водам по ова, сите скапи очила имаат вакво пакување, па сигурно и паричниците ги пакуваат со стил.
Досега имам еден оригинал Gucci парфем. Преубав ми е и многу е траен, си вреди за парите и пак би купила таков. Ако се важи сум имала и еден од парфемите на Кристина Агилера, исто беше преубав и тој ми беше на поклон. Исто, Tom Tailor чизми пред некоја година, што не знам дали и ги сметате за бренд ама нвм. Инаку, сметам дека понекогаш, за некои работи вреди да инвестираш, не во бренд, туку во квалитет па макар и поскапо. На пример, јас сум човек што сака тоа што го носи на нозе да му е удобно, и да издржи колку што е можно повеќе време и затоа купувам поскапи и поквалитетни чевли. Друга работа во која вреди да се инвестира е чанта, ранец и палто оти кога купувам чанти од по 350 денари, бидејќи ги носам по факултет и ги полнам книги секој ден, за два месеци јас треба да купувам чанта. Кога купувам палто и чевли јас сакам да ги носам со години, а не секоја година да купувам нови. Друга работа за која би дала малку повеќе пари е фустан, бидејќи материјалите во H&M да речеме, што не е којзнае каква марка, се 100 пати поубави и понежни од оние што можат да се најдат по другите бутици. Така да, мислам дека и да имам повеќе пари, за обични маички не би давала повеќе пари или за фармерки, бидејќи фармерки носам секој ден и брзо ми се кинат така да не купувам скапи фармерки. Додека, дечко ми, си влегува во Tom Tailor каде што за мене лично, прескапи се наједноставни работи, и си купува се, од чорапи, до ѓаќи, маици, панталони и се живо. Јас мислам дека колку и да заработувам, знаејќи дека можам да поминам со поевтино не би. А океј ми е понекогаш да си дозволам по нешто ама многу, многу ретко. Едит: кога читнав мислења од поназад во темава, ми текна дека имам и по некое парче од Guess, најчесто се џемпери и тоа се поклони од тетка ми, и исто блузи од тетка ми од Esprit.
Епа во тој случај можеби е и оргинал, доколку жената си носи скапи брендови и доколку има пари, не е ништо чудно.