Поранешниот полицаец Брајан О’Конор станува партнер со поранешниот затвореник Дум Торето. Бидејќи Миа Торето и Брајан успеваат да го изнесат Дум од затвор, поминуваат многу граници за да им избегаат на властите. Повлечени во Рио Де Женеиро, тие мораат да извршат уште една работа за да си ја обезбедат својата слобода. Тие го составуваат нивниот тим од најдобрите тркачи бидејќи знаат дека единствениот начин да се извлечат е да му се спротивстават на корумпираниот бизнисмен, кој сака да ги уништи. Но, тој не е единствениот нивни противник. Зад нив секогаш е федералниот агент Лук Хобс. Што мислите вие за оваа акција? http://www.youtube.com/watch?v=FDOBLS8m ... e=youtu.be
Fast furious филмовите ми се на прво место,обожавам акција со коли, и вакви филмчиња, а башка омилените актери ми се во филмот Вин Дизели Пол Вакер така да нема промашај, филмовите сите 5 дела имсе фантастични, а поседбно 5тиот дел е прекрасен, добра акција со коли,и секако добра глума. Единствено се инзервирав на крај, кога дознав дека Лети е жива аооооооооооо, се инзервирав зашо знам дека 6тиот дел ќе биде гнасен малку ...
И мене одсекогаш ми се биле на прво место и секогаш ке бидат, едвај го чекам 6ти дел, ме радува што Лети е жива, но лошо е тоа што работи за мафија против Брајан и Дом. п.с PAUL WALKER <3
Ги обожавам ФФ . Сите делови ги изгледав и со нетрпение го чекам осмиот дел . Штета што Пол веќе го нема за да глуми во филмот ( R . I . P ) , еден од најомилените ликови ми беше , но што е тука е . Се надевам и осмиот дел ќе биде подеднакво добар како и другите .