Диетата со модри сливи е кратка – трае само 3 дена, но е многу ефикасна и ако сте стриктни ви гарантира елиминирање на 2-3 кг. По време на диетата со сини сливи мора да се конзумира големо количество вода – околу 2 литри. Ден 1 Наутро: 300 гр модри сливи, чај или кафе но без шеќер Ручек: сезонска салата од краставици и домати со лажичка маслиново масло но без сол Ужинка: 200 гр модри сливи Вечера: тататор или супа од зеленчук со многу малку сол Ден 2 Појадок: 300 гр модри сливи со чај или кафе без шеќер Ручек: супа од зеленчук Ужинка: 200 гр модри сливи Вечера: салата по избор – домати, краставици, марула или зелка со моркови. Ден 3 Појадок: 300 гр модри сливи, кафе или чај без шеќер Ручек: посна супа од зеленчук, на пример брокули Ужинка – 200 гр модри сливи Вечера: модри сливи колку што сакате Јас ја држам веќе 2 ден, и не чувствувам глад, ќе ве известам за намалените килограми, споделете го и вие вашето искуство
Јас мислам дека на тоа количество сливи и малку зеленчук што се внесува не ти гине дијареа како 1 и 2 .
nema врска не ме фати дијареа, од црните сливи се нормализира столицата, сега варив супа од 1 компир, морков и магдонос, плус синоќа вечерав таратор со кисело млеко и краставица, не е тешка диетата,ако толку си гладна изеди уште некоја црна слива а јас пијам во мегувреме и зелен чај
Ок си е, поентата ми беше дека ќе те ,,протераат,, сливите а нормално е да брзо намалиш кг според оваа рецептура ама и брзо да ги качиш јо-јо ефект
оваа диета според мене не е за намалување на многу килограми, си пишува 2-3, и не е препорачлива за подолг период, затоа и трае 3 дена, целта е моментално да се симне некое килце, па после внимавајте да не ги вратите, сигурно дека ќе има јо-јо ефект ако после тоа јадете мајонез, месо, пици, павлака и слично.мене лично ми требаат 2-3 кила - ,затоа што во последиот месец ги качив, за да сум на нормална килажа, а сега барем модрите сливи ги има во изобилие
Значи ова е ДЕТОКСИКАЦИЈА, а не ДИЕТА. Кратка диета не постои, ако гледаме на тоа дека под поимот ДИЕТА се подразбира- РЕЖИМ НА ИСХРАНА.
Па, зависи на кој колку му треба за слабеење, оваа диета не е за оние кои имаат многу за слабеење, а и дефинитивно не е режим на исхрана, како што ни една диета не е, сите диети, дури и најздравите се препорачуваат да се држат само одреден период, па се прави пауза, а е и препорачливо после секоја диета да се прави крвна слика, а кај некои и додека се држи диетата е препорачиво да се земаат витамини. како и да е, Диетите не се режим на исхрана, туку методи со кои за одреден период се губат одреден број килограми, се активира организмот да го троши вишокот, а знаеме дека на почетокот се губи прво водата, а потоа и масните наслаги. Значи оваа диета е брза, и според мене може да се држи 2-3 пати месечно, сигурно нема секој ден да јадеме само црни сливи а јас лично за оние кои имаат повеќе кг за слабеење ја препорачувам УН диетата, иако и таа не е режим на исхрана, не треба да се држи повеќе од 3 месеци, но е доста ефикасна, и не е јо-јо, јас ја држев околу 3 месеци и симнав 7-8 кг, толку и ми требаше,од 60 на 52-3 а сум 162 см, и околу 5 месеци не вратив ни килограм, но последниве 2 недели изгледа малку претерав со храната, или недобро сум ја комбинирала, па забележав + 2 кг, ја најдов диетава на интернет, ми се виде лесна и решив да ја пробам, и да ја споделам со оние кои се во борба со вишокот килограми. Се извинувам за должината на постот,едноставно сакав да сум јасна, и затоа има милион диети, секој да ја избере онаа што најмногу ќе му одговара, мене 2риот ден од оваа ми помина супер, глад не чувствувам воопшто
Срцка УН е најдоброто нешто што може да им се случи на луѓето што имаат повеќе за симнување, во тоа се сложувам со тебе. Но ова со слививе е само вадење вода од тело што веднаш другиот ден се враќа. Ако имаш 2-3 кила сало да симнеш јас би ти препорачала нешто најефикасно. Не јади после 19 часот, вметни барем 3 пати неделно спорт и за 2-3 недели ќе ги немаш