Најпрвин, се извинувам ако темава е дупла, непотребна, глупава.. Ако е нешто од наведеново - канта!! Темава ја отворив, бидејќи не успеав да најам ваква тема. На сестрами и се ближи роденденот, па ме замоли да пронајдам некои интересни колачи, грицки, или било што, но брзо и лесно за роденденска забава. Пробав да најдам на гугл, но има само слики, нема рецепти. Па сакам да ве замолам да ми дадете некоја интересна, брза и лесна идеја Однапред благодарам! И, уште еднаш се извинувам ако темата е дупла непотребна или глупава.
Јас знам за оние мали мини сендвичи. Од оној лебот интегрален што е (бел/црн) сеедно каков , или лепче Tosty се сечат крукчиња или мали коцкички . На тоа лепченце се мачка павлака, се става тенко парче салама и кашкавал одозгора. Одозгора може да си ставиш и некој зачин за вкус. На сето тоа се боде една чепкалка за заби. Интересно е, и вкусно,и секако брзо се прави
Може да направите проја и да ја ставите во калапчиња за мафинки, или пак испечета во тавче ама да биде во тенок слој. После тоа исечете ја на мали парченца, ставете маслинка, саламче, кашкавалче по желба и со чепкалки набодете ги. Можете исто да исечкате кажшавал на поголеми коцкички, ставете краставичка може и кисела, морков, маслинка, салама и исто така на чепкалка забодено. Што ви паѓа на ум може да направите на ваков начин, на француско лепче со намаз и сувемеснат производ, фета сирење. Свежи печурки, извади им ги рачките, наполни ги со павлака и шунка, одозгора изрендај кашкавал и испечи ги. Многу убаво изгледаат. Пилешки прсти со сосчиња. Начос чипс со растопен кашкавал. Гледај да биде се во мини варијанта и набоцкано. Овие похованите топчиња се прават многу лесно. Еден кг компири (или по желба колку сакаш) се варат, откако ќе се сварат се пасираат и се додава шунка, кашкавал, зачини се тоа по желба и малку брашно за да се спои смесата, потоа се валкаат во презла и се пржат на врело масло. Превкусни се, а еве уште еден рецепт за такви топчиња: http://www.srekja.mk/przeni-kjoftinja-od-kompiri/ За проја ако немаш рецепт пиши ми да го постирам. Се надевам помогнав малку па пофали се после што направивте.
Ви благодарам за рецептите Јас си измислив еден вкусен рецепт, или незнам дали го измислив, можеби неко пред мене го измислил Мојов рецепт е благ, со банани.. Бананите се сечкаат на крукчиња, дел од крукчињата се чоколадираат со бело, дел со црно чоколадо. А дел се оставаат како што се. Крукчињата се закачуваат на стапчето, и се декорираат по желба Баш сакам ова да го пробам.. Ќе ви кажам како ќе испадне.. Поздрав ♥