Во последно време актуелни се фирмите кои нудат брзи кредити, како што велат тие,, само за неколку минути со поплнување онлајн апликација,, Се нудат износи до 60 000 денари со рок на отплата по избор на кредитобарателот. Вака на прв поглед одлична опција ако имаш итна потреба од пари. Меѓутоа и не е така ,,розево,, ко што е прикажано. Каматите се доста високи а рокот на отплата релативно краток. На примерако земете кредит од 12 000 денари по еден месец треба да вратите 15600денари, што значи 30% камата месечно. Имате ли искуство со некоја ваква позајмица? Сметате ли дека е исплатливо?
Лично не, ниту пак некој околу мене. Но, личност која се занимава со банкарство рече дека такво кредитирање е според закон. Е сега, многу поскапо излегува од лихва (онаа под рака) или да позајмиш од некого. Ама дискретноста за некои луѓе е најбитна. Оној дел каде што никој нема да дознае дека ќе позајмиш пари и пред никого не треба да се објаснуваш дали ти требаат за одмор, операција или мебел целосно ја оправдува каматата.
во принцип истата каматна стапка ти е доколу го земеш и директно од таму како Кеш кредит , па тосле користи го ти за што сакаш , мобилен мебел телевизор, фирмата како АМЦ на пример или било Нептун или Сетек ... има направено договор со тоа финансиско друштво и доколку пропадне апликацијата во Стопанска банка или НЛБ од било која причина : презадолженост , отпишани или тужени задолженија , тужени испорачани добра услуги или приход кој не е по основ плата или пензија , во тој случај ти излегува финансиското друштво во пресрет. Бидејки прагот на толеранција за сите овие поддточки во било кое ФД е поголем...
Знам ја имам земено и за една задоцнета рата бев дадена нешто као казнени решенија,и морав 20.000 ден да ги платам на две рати,претходниот месец платив 10.000 ден и за овој месец ми останаа уште 10.000 ден и мора да ги исплатам до крајот на овој месец а јас нема да можам да ги подмирам веднаш,можеби во мај месец на средина па ми е малку глупо ако ме тужат или сл....
тоа е конкретен проблем на мнозинството , 90% си ги пружаат нозете а чергичката кратка , кога се зимаат пари е супер ама кога ке се направи реалната математика после , не стигаат за да се врати износот ..... најбитна работа е да не почнеш да доцниш со рата , зашто после со сите казнени камати уште потешко се излегува на крај - кој знае да работи со ова реално се исплати , ама има и голем број луѓе кои едноставно мислат ќе земат и немораат да вратат веднаш па после заглавуваат.... јас разбирам дека си зела на две рати за да имаш помала камата ама реално во дадена ситуација пример неможеш следниот месец да ја подмириш ратата и почнеш да доцниш ќе ти излезе како да си го зела на 6, 7 или 10 рати ( као пример - исто ти се фаќа на крај ) инаку како брз Кеш мислам дека е супер исплатливо и навистина се експедитивни , за половина час се завршува цела процедура без документи од работа и пари на рака
катастрофално, никако да не сте подигнале кредит од тие институции посебно FORZA кредити.... најголемите бандити, тоа е кразба на македонскиот народ. тоа се најголемита криминалци кои го крадат народот.
Поздрав. Имам одбиеница од мојата банка за минус на плата , поради долг со друга банка , долгот е исплатен но сепак мојата банка ме одби . Каде би можела да добијам друга позајмица до 30000 денари..секако да не мора да го вратам за една до две недели ?
Никако не си барајте беља да си имате работа со овие хоштаплери кои работат на работ на законот ако воопшто е и во рамките на законот пошто тато на неколку клиенти им има помогнато и има докажано во судска процедура дека договорите се ништовни.