Затоа постои кредитен регистар и кредитен рејтинг. Банките се обврзани да се водат по него и нема шанси да ти одобрат додека не се осигурат дека си способен да ги плаќаш. А овие никаде не ги регистрираат, ги даваат на најочајните, а не ги наплаќаат по извршно решение туку им се закануваат. Тоа што се легални и ги има на секое ќоше е вистински апсурд.
Лелеее шо изпрочитав тука ауууу Пиштол за ваквите рекетари А тие шо си земале вакви кредити нека си вратат и никогаш повеќе да не се излажале Се лажат само дечкорлии да изкоцкаат или за нов тел па после му е проблем да врате оти нема од кај
Па да легални лихвари сте тоа е и поентата. Како смее некој на врата да доаѓа за да известува за неподмирен долг? Се се одвива по писмен и легален пат, што има луѓе да праќате по куќи. Се знае зошто, а знаеш и ти и да ме разубедиш нема. Секој знае што значи теренска наплата, а не е тоа ти што го кажуваш тука.
Може и на врата и на прозор да известува за неплатен долг , исто така теренски агенти за наплата имаат и банките но немам слушнато ти или некој друг да се жали од нив но очигледна е аверзијата за ФД. Јас само укажувам не сакам ни да те разубедам ни ништо, некои имаат преголема аверзија и тоа е тоа.
Хе хе колку смешно и интерсно прозори и врати хе хе. Тука не се работи за никаква аверзија, туку за нешто што го знам со сигурност, што сум видела и слушнала со сопствени очи и уши. Па и јас искрено немам слушнато за теренски "агенти" од банки, ваљда се пристојни или нешто друго е во прашање.
Што е тоа што си видела со свои очи од теренски агенти? Само немој да кажеш ми кажуваше другарка на која и кажала братчедата за другарката нејзина. Потврди нешто сама што си го видела и слушнала но такво нешто сигурно нема.
Информациите се целосно точни и вистинити бидејќи како ФД основано во друга држава ( работиме и по законите на таа држава) значи можеме да ги користиме и законите на Северна Македонија и законите на државата во која е основано ФД
Која Банка има теренска наплата на кредити ? Ај не тропај глупости. Доаѓаат за заплена ако се даде на извршител. А дека сте лихвари сте. Дека имате ненормално високи камати имате. Не се заканувате? Ауу немој да ме зезаш.. Многу добро знам како "не се заканувате". Имав во блиска околина човек што се заеба кај такви како вас, па одвај зеде кредит од Банка за да го врати долгот кој беше неколки пати поголем од она што го зел. И како стратешки имате експозитурчиња баш до кладилници и казина?
Тоа испаѓа жирант да и биде ама она нема појма од жирант. Браво!! Е видиш во Банка за да биде некој жирант не е доволно само да даде нечиј број туку фино лепо жирантот лично и персонално да дојде, да потпише дека се согласува да биде жирант за кредит.
Не е жирант Нена, туку луце за контакт кое ќе го замараат доколку должникот не плаќа. Ама во случај на неплаќање, тоа лице не плаќа.
Ама му досаѓаат. Ауу нека е среќен некој мене да ме ремети. Има и Исус, и Алах и Буда и сите светци да ги види. Edit: Нека ми објасни мене како може ако 10 месеци плаќаш рата 1620 денари, да исплатиш 12600 денари? Проста математика 1620×10 е 16.200 .
Кај едни видов 45% и фазла администтативни трошоци!!! Не бе не се нормални!! Провизија за одобрување 9000 денари на кредит од 180.000 денари.
Лицето за контакт нема никаква обврска да ги плати долговите на нашиот клиент туку само да му пренесе известување доколку не можеме да стапиме во контакт со него. Доколку тврдењето дека некој се заканувал е вистина сигурно ќе го пријавете случајот во Асоцијација на финансиски друштва, со оглед тоа што не е сторено станува јасно дека немало никакви закани. Очигледно е дека си опсдената со ФД друштва и имаш некаква аверзија но неразбирливо е зошто такво нешто се врти во твојата глава кога до сега нема докази за такви тврдења туку некои кажувања кои не се потврдени од институциите и слободно можеме да ги наречеме невистини.
Кои сте тоа вие ? Доколку не го докажете вашето тврдење ќе бидеме приморани своите права да ги бараме по судски пат каде што ќе бидете изложени на трошоци во судската постапка и надомест на штета од не материјална за нарушен углед и чест.
Во кое фин. друштво работиш па толку што ги браниш и фалиш, а притоа и зборуваш работи кои немаат врска со реалноста? Тука членки споделија нивни искуства или искуства на нивна блиска личност со вакви полулегални организации.