Ако си вработен со лоша историја може да земе, кај кој ќе ти даде на невработен брз кредит молим те. Во продавница не ти дават да се пишеш не па брз кредит. Глупости.
и да му дозволат нема да е голем износ, пример 6000-10000. Ако го има во историја на листа во коперативна банка тешко ке земе
Ќе му дозволат ама од кај некој зеленаш со неколку килограми злато нареден на него, од банка и брзи нека заборави.
Сега веќе ни од кај овие нека не се надева Луксузни автомобили од 15 отсто лихва месечно – објавено видео за аеродромската група
И да ти затребаат пари некогаш сепак подобра опција да се снајдеш на било кој друг начин наместо брз кредит лихварство
Затоа банка нема да ти даде кредит затоа е лесно да земеш брз кредит. Не мора да дадеш број, нив е доволно што знаат кај работиш па лесно ќе најдат. Не кажувам дека е правилен нивниот начин ама стварно не знам што очекувате.
Банки не се јавуваат по шефови. Банка ти праќа опомена, активира меница и си наплаќа. Само да ве известам дека ако земате брзи кредити, не ги враќате ви паѓа кредитната можност и да земете кредит од банка. Ќе ве стават во В буква и после 3 години не смеете да имате никаков долг по никаква основа ни картички ни минус ни ништо за да може повторно да сте подобни за кредит.
И пак ќе прашам, зошто земате и не ги враќате брзиве кредити? Што мислите дека ќе ви простат? И од банка да земете ќе е исто, ако не плаќате, а на страна тоа што имате огромна камата на брзиве кредити ако доците. Вака како да немате памет ми личи.
Немаат. Они мислат играчка е ова, не знам у кој филм живеат, ама се заебале. Со лихварите на крај ќе искочеле бе.. А и должност ти е како земаш, така и да вратиш, за џабе никој не дава. И убаво ви прават.
Убаво си е кажано, веќе ако зимаш враќај на време и нема да имаш проблем. Пријателка моја работи во Флекс кредит вика катастрофа се луѓето, зимаат, не враќат и кога пуштаме опомени одма идат се карат со нас. Јас не ѓи оправдувам пошто имаат камати големи, ама во некои моменти кога најмногу ти треба ете завршуваат работа и цената за тоа дека веднаш ти одобруваат се големите камати.
Никој не ги присилува да земаат кредит. Ама кога ќе го земат треба да го вратат. Од банка им е ризик. А има некои кои не можат ни од банка да земат кредит.