и ти ли се дел од фраерите кои мислат дека не треба да се враќаат пари што се земени на заем? Ај да те видам работи и на крај да не ти даваат плата како ќе ти биде.
Od brzive krediti edinstveno realni se credisimo sum docnel eden mesec kamata 200 den ne kako drugive po 1000 den za edna nedela docnenje i ako sakas predvwmeno da go zatvoris kreditot ne te goraat so kamati
Кај да ги пријавам овие, се јавуваат на мој број и бараат некоја женска особа што не сум чула за неа? Ги прашувам од каде им е бројов, тие "грешка, грешка". Втор пат истото.
Јави се во Дирекција за заштита на лични податоци, и ако не се јавуваат, ќе ти се вклучи опција за говорна порака, остави порака, пиши им на Фб страничката исто и прати им мејл, ништо не губиш. Јас така правев затоа што постојано на домашен бараа еден што живее 5 куќи од мене, демек во именик го нашле бројот, фиксниот, па да им прибавам информации каде е човекот, а тој во Германија отишол, дали имам негов број, абе бандити прави. Мене ми вратија глуп мејл, дека Креди не можеле да ги најдат во регистар да ги опоменат, допис со потпис, печат од Дирекцијата, замисли ги немало во централен регистар, да им прибавам јас точно име на фирмата, ало лудаци, Креди имаат и веб сајт и адреса и контакт. И на профил на Министерство за финансии пишав, и кај гордата министерка што се намачила да роди деца, и кај неа можеш да отидеш на профил да пишеш дека замараат невини граѓани.
И мене ми се има случено , кога им викам не знам ,јас не сум таа ми викаат може матичен број да провериме и спуштив
Никако матичен не давај. Што ако е некое ојле дојле од којзнае каде што бара податоци за да аплицира за брз кредит? Плус имаше случаеви каде вработените во тие дувла со некои бандити си соработуваа и си даваа кредити. Од Тиго, од Иуте, од Креди се јавуваа на фиксен кај мене и бараа еден дечко што им должи. Дури еднаш на телефонот на мајка ми ѕвонеа, на мобилен, се јавив, кога ми кажаа дека се од ФД, реков „жената нема ништо со ФД“, ми рекоа „знаеме дека нема, ама дали сте го виделе тој и тој“, им реков ќе ги пријавам во полиција, им кажав дека веќе сум ги пријавила во Дирекцијата за лични податоци, што вистина го сторив, им се заканив дека лично ќе им отидам во канцеларија, ги наредов бандити, лихвари, и веќе не се јавија.
заштита од измамите со брзо кредити е да земеш извештај од македонско кредитно биро,и послем активирај си алармен систем и секоја промена добиваш извештај преку мајл за ново задолжување или дали некој прави проверка за тебе во мкб
Подобро е да земе оти извршителите лупаат камати секојдневно овие ке му ги затворат па 4 години послем се бриши лошата историја и ке може да си земе од банка
Џам ќе свиткаат, нема никој да земе ништо на мое име. Во понеделник ќе ги пријавам, баш како што кажа @Tanjamm. Од MCash се овие мене што ми ѕвонат. Никогаш не сум фатила работа со тие брзи кредити и истите има да се држат подалеку од мене.
Измами со брзи кредити со измените на закон требаше да не постојат, но џабе законот, ете не се почитува, пред некој ден имаше некоја жена ја измамиле и со нејзини податоци зеле 200.000 денари. Значи требало да се јават нели по закон, да се чујат со неа, па видео повик, па проверка, изгледа ништо, дале пари на туѓи податоци. И 200.000 денари се многу пари. а кога ќе почнат да течат камати на тоа, здравје и мир ќе му земат на некој, ни крив, ни должен. Затоа не треба да постојат тие брзи кредити. И никој не е 100% заштитен, затоа што банкари ги давале податоците според сторијата на ИРЛ да се земаат брзи кредити, секакви будали работат во администрација, а богами и лаптоп кога купив, запишаа лични податоци во тефтер, тоа им е за да знаат кој е купувачот, кој го купил, оти имаат и сервис сосе дуќанот. Минатиот пат во хотел влеговме цела група, во хотелот немаше никој освен еден амбасадор и кога видов на рецепција само ни даваат клучеви, а не бараат лични карти, бев пресреќна, едно гајле помалку. И тие околу вас, роднини, пријатели, соседи, што имаат број, не знаете што матат, може и тие да ве наместат ако се дружат со некои бандитчиња. И не е лошо на Македонско кредитно биро да си отворите профил, јас си направив.
Мене не ми е јасно како ги местат луѓето, како им накалемуваат туѓ долг? Hели потпис треба да дадеш за таква работа? Нека извадат снимка од камера како влегуваш во нивните простории и потпишуваш. Инаку нека се гонат.
Eлектронски, со податоци, со слика од личната карта, никаков потпис не им треба. Дури имаше на Призма сторија, од жена прибавиле податоци, самата им ги дала мислејќи дека и пуштаат донација од странство, за хуманитарна помош, а слика искористиле од селфи од Фејсбук. Откако ова го прочитав, затворив селфиња на Фејсбук, само јас можам да ги гледам. И тој што ти се јавува, ако му дадеш матичен, што ако работи во банка, државна институција? Може да ги најде твоите име, презиме, адреса, дали си вработена, сите податоци ќе ги има на увид. Сите институции се поврзани. Не панични, само знај можно е, има креативни измамници.
Сторијата на ИРЛ, Украдени животи, измамник од групата што земала брзи кредити, кажа дека банкари од помалите банки и од една инстиција, дали беше ФЗО не знам, им давале податоци, да прават лажни лични карти, па си земале кредитчиња, телефони на туѓо име итн. Погледни ја, ќе видиш дека заглавени се и луѓе што се иселиле од Македонија, инвалиди што од куќа не излегуваат итн. Еве ти најтазе, од пред некој ден измама https://24.mk/details/krivichna-za-...hni-podatoci-aplicirale-za-sedum-brzi-krediti Се е тоа за во затвор. Во 7 ФД со туѓи податоци земале кредити. Се е тоа за во затвор. А тие што работеле или работат во брзи кредити, тоа треба да им биде последна станица во кариерата, никој, никаде да не ги прима.
Јас никогаш не сум земала кредит ниту од банка уште помалце од кај овие, кој знае бројот од кај го нашле и што све прават , не знам дали смееле или не ,демек да провериме , среќа па не дадов