@Lejla1995 По сто пати сите те прашуваат за кое ФД работиш? Се расфрлаш со "факти" а клучното прашање не го одговараш?
Имаа теренски лица од некоја од штедилниците, мислам можности беше... Идеа кај нас дома, еден ден ако закасниш. Па му се правдаш, кажуваш кога како ќе платиш. Цело маало гледа. Ова се крајни случаи да мораш да користиш од овие. Минам секој ден до една, луѓето во очај земаат, срам им е што стојат во ред надвор и чекаат. Не се сите коцкари.
Нема ништо срамота да земеш кредит од ФД не е тоа ништо лошо и срамно луѓето да се срамат, во Европа секој зема и не се срами но ете тој балкански менталитет.
Абе не е срамота да си сиромав, ама никој не Се фали со тоа. Кога одиш у банка можеш да кажеш, еве одам да извадам пари, а ваму сите знаат дека немаш и чекаш да ти дадат оти толку си батал што ни у банка не ти даваат. Понижувачко е чекањето надвор на студот. Факт е дека луѓето се страшно сиромашни...ама у брзи кредити одиш или кога. Еднаш леб или ти иде извршител. Краен случај само.
Која реклама ? Што плукате по девојчето кога во ниеден пост нејзин не спомна ниту еден назив на ФД туку збори општо за сите , а останатите што именуваат тука да секако прават реклама и како што е добро познато и лоша реклама е РЕКЛАМА .... А ти кај работиш? Или таа над тебе кај работи ?
Понижувачко чекањето на студот? Важи после кога ќе идам у Стопанска ќе им кажам дека е понижувачко да чекам надвор на студот да ме пуштат внатре Надвор се стои за заштита од SARS-CoV-2 ( kovid 19 ) не од некоја друга причина.
Не е точно, цело време цитира и зборува за ФД во кое работи, а не кажува име. Ги кажва дека се многу фини и флексибилни и дека они не се закануваат. Ете да одиме кај нив кога ќе имаме не дај боже потреба.
Ти најде да кажуваш за срамота. Да те потсетам дека ти кажа “Убаво ти беше додека зимаше,снаоѓај се како знаеш и умееш да вратиш”.
Ти ја кажав разликата. Сите од надвор ги гледаат и знаат дека се таму оти се без скршен денар. А пред стопанска можат да бидат и оти им пратил некој кеш на сметка, или да прашаат нешто. Исто кога стоиш пред ќенњф, сите знаат дека ќе сереш. А ако стоиш пред мол, можеш да стоиш исто така за серење, ама сите ќе мислат дека ќе купуваш.
Оф леле , значи ако сака конкретна реклама да праи одамна ќе го именуваше , само во круг се вртите со муабетиве ..... Просто и едноставно ете прашав кај работите Вие , зашто не ми одговорите ?
После толку закани неосновани и измислени членови, закони и правила што ги изнареди на темава редно е да каже каде работи. А и така кажа дека не чека тужба, сигурно нема анонимци да поднесуваат
Aма смешно е да те прогонува за некој ситнеж што се провлекол од банкарска провизија за услуга, а ваму газди должат милиони, никој не ги вознемирува. Не смее да му се јави на таков, зошто во сите министерства имаат луѓе кои кои им вршат работа.
Значи прашањето што го поставувате погоре се однесува на именување на конкретна фирма , вака до утре ќе си мачкаме очи .....