Ќе се почека уште кратко време за исполнување на твојата обврска после тоа договорот ќе биде раскинат или ќе биде пренесен на агенција за наплата на долгови, ако и со нив не се договориш ќе се пристапи со присилна наплата. Да можете да бидете посетени од страна на теренските агенти за наплата. Нема да бидат контактирани сите туку лицата кои сте ги оставиле за контакт при потпишувањето на договорот.
Ќе дојде за лично да исконтактира со вас и да ви врачи пишмена опомена и да се најде начин за изготвување на нов индивидуален план за наплата со што ќе избегнете значително повисоки трошоци во постапката за присилна наплата
Чисто инфомиративно вие што работите во овие финансиски друштва страшно ме интересира следново или пак вие што аплицирате и ви одобриле исто може да одговорите. 1. Дали заверувате документи на работа ? 2. Како одобруваат кредити ? Дали ве проверуваат во Македонско кредитно биро и кредитен регистар ? 3. Како ви даваат кредит ако гледаат дека плата имате 20.000 мкд (карикирам) и при тоа имате уште 1 кредит од банка и 3 други исто брзи кредити ??? Нели гледаат дека ратите ви се колку цела плата ??? Не знам како се осудувате од нив да земете ама какви камати има тоа е страшно. Работам во банка и се чудам како одобруваат кога сте преизложени и гледаат дека имате 4 активни кредити?? да напоменам дека за 50.000 кредит враќате 100.000 што е премногу.
Zdravo, dali ima nekoja da tuzela nekoe od ovie finanskiski drushtva, i kako pominala, iskustva? Za dolg od 1000 denari pred tocno edna godina, za koj bev izvestena po telefon deka ne treba da se plati, i deka kreditot mi e likvidiran, sega mi pobaruvaat 7.000 denari, pa sakav da gi tuzam
Знам, токму тој заканувачки тон ме испровоцира да ги исклучам од тел. кога ме бараа тој ден. За пишливи 35 ден. ме прогонуваат по телефон како криминалец.
Нема потреба вие прва да тужите може само да се изложите на трошоци и да не успеете во спорот, затоа што вие по договорот за кредитот како страна од тој договор сте си ја исполниле обврската, и нема што да докажувате пред судот, доколку тие сметаат дека вие се уште им должите нека повелат тие да тужат, тогаш вие задолжително во одговор на тужба или приговор (во зависност пред кој ќе ја поведат првично постапката суд или нотар) ќе ги искажете вашите наводи дека нивното барање е тендeциозно, и веројатно тие ќе го загубат спорот со оглед дека нивното барање во случајов е навистина тендециозно. Секако ако ви стигне писмено од нотар или суд обавезно консултирајте адвокат и реагирајте навремено за да не се случи заради пропуштање на одговор од ваша страна, да успееат процесно да го добијат спорот. Ако сепак сакате да ги тужите затоа што ве вознемируваат тогаш тоа може да биде за надомест на нематеријална штета но за истото треба да се докаже преку соодветно вештачење. Значи сега само почекајте дали ќе ве тужат, дури можете преку адвокат вонсудски со опомена да побарате да престанат затоа што вашите обврски се завршени. Има и трета ситуација, проверете во договорот да видите да не има некој ,,скриен" член па врз основа на тоа да ви побаруваат 7000 ден. во тој случај доколку таа одредба не е согласно закон може вие прва да поведете постапка за поништување на таа одредба. Ако сакате пишете во порака за поконкретно.
Не е точно дека во ФД одат тие што немаат ( ако немаат и се батал појела ме туџа срамота на тоа како ги навредуваш луѓето како што ти ги нарекуваш нема да им биде даден кредит и кај нас, ние за секој клиент вршиме проверка и се прави кредитна анализа и кредит добива само тој што ќе отцениме дека ќе го врати а го враќаат 99% од нашите клиенти ) Кај нас доаѓаат луѓе кои имаат итна потреба од брзи пари или луѓе кои не сакаат да губат време со долги процедури и собирање на документација со недели, или пак лица на кој му е потребен износ на кредит до 3 илјади евра а не сакаат да земат големи кредити од банка.
Поголеми се шансите лицата кои не се во добра финансиска состојба да добијат кредит од ФД отколку во банка. За во банка се прават огромни кредитни анализи, а за во ФД знам случаи кадешто за 24 часа се доделува кредитот.
Финансиските друштва имаат технологија за брза проверка и процена на кредитната способност на клиентот, тоа што на банката и треба 15 дена на нас потребни ни се 15 минути и во рок од 30 минути клиентот веќе може да си ги подигне своите средства било во Филијала или на неговата сметка во банка.
Сакаш да кажеш дека банките кои имаат милион ресурси повеќе од трафики кои се отвориле вчера, не се способни побрзо да направат проценка за кредитна способност и рејтинг? И како излегува да давате кредити на луѓе кои се некредитно-способни? Општо е познато како работите, не знам што си го трошиш времето овде и сама се заплеткуваш во лагите, ама ај ќе се смееме пак.
1.Не би сакала да навлегувам во работењето на банките дали не се способни да направат проверка на кредитна способност или не сакаат даги користат новите можности што им ги дава технологијата во која со неколку алогоритми и само еден клик се проценува способноста на клиентот. 2. Не даваме кредити на лица што се некредитосписбни, за секој клиент што е одобрен кредит е и кредито способен, но ете подоцна се случиле промени или пак на некои тоа и им е идејата да подигнат а да не вратат што е надвор од нашата можност за проверка што им се врти низ глава .
Како не навлегувам, кога во претходниот пост напиша дека на банките им требаат 15 дена за проценка, а на вас 15 мин и дека имате побрза технологија , уште се смеам Е па како сметате некој за кредитоспособен, а истиот има и кредити и кредитни картички на негово име. Да беа вашите клиенти стварно кредитоспособни банките сами ќе им нудат кредитни производи, сигурно нема да идат кај вас.
Нашите клиенти идат кај нас поради итната потреба од пари која можат да ја подигнат 30 минути по аплицирањето а немаат време од неколку недели да чекаат во банка да им го одобри кредитот.
Лажеш!!!! Давате кредити дури и на НЕВРАБОТЕНИ. Давате и на вработени кои имаат нето плата од 21.000 ден, а веќе има кредити во банки каде ратите му се околу 14.000 ден
Девојко, смешно е ова што го пишуваш. Сакаш да кажеш дека банките работат со застарена технологија и методологија? Значи таа анализа банката што ја прави за 15 дена, вие ја правите за 15 минути? Смешки. Вие во фин друштва не правите скоро никаква анализа, затоа ви е потребно толку кратко време за одобрување на кредитот. Не знам зашто упорно се обидуваш да не убедиш во нешто, кога сите знаеме како функционираат тие фд.