За земени 50.000 вратени 85.000 апсолутно не е точно доколку кредитот се врати во рок од 30 дена. Предноста кај нас е што парите се земаат за 30 мин и не се чека долга процедура како кај вас во банка и се може да се направи од удобноста на домот што е посебно значајно во вакво време на пандемија на ( KOVID 19 ) без гужви пред банки, шалтери со што со што го штитиме здравјето на нашите клиенти. Со електронски потпис исто кредит даваат NLB Banka, Kapital Banka и sparkase Banka, според тебе и овие банки се нелегални?
Чекај , стварно такво нешто се десило? Тоа е страшно , како може некој без присуство и негов потпис да земе кредит , тоа е лудост , на која основа тие би издале кредит , или би го пишале како жирант . Јас сакам да верувам дека тоа не е можно , имам многу познаници кој играат на апарати , нема да можам да спијам мирно така
Кој е тој што ќе врати 50.000 за месец дена ? Сите враќаат на рати , што не кажеш колку камата има за година дена туку викаш за 30 дена . Прв пат слушам за банкиве дека со електронски потпис се земало кредит, доколку некој зел или познава еве нека пише мене не ми е веродостојна информацијава дека воопшто не влегол во било која експозитура да потпише физички договор. А ова од удобност од твојот дом дрн дрн јариња не продаваш производи од Авон или Орифлејм па да ми стигне дома па да кажам супер. Станува збор за кредит и пари што може да се злоупотреби што често било случај . Немој да оправдуваш нешто што не треба да е законски и легално.
Епс колку ќе врати за месец дена? Чисто ме интересира колку е каматата на 50.000 за да ги врати за 30 дена? И не е месец, оти некои месеци имаат 31 ден. Ако тој еден ден го задоцни колку плус ќе му пресметате?
Еве конкретен пример 50.000 на 12 месеци 5.050 денари или севкупно ќе се вратат 60.600 ден. Или пак доколу се вратат во рок од 30 дена треба да се вратат само 55.341 денар.
што ако некој мојата лична карта ја има сликнато и мојата трансакциска сметка и така ми ги злоупотребат моите податоци?
Согласно законските прописи каде што е дозволено електронски потпис во соработка со вас преку институциите ќе бараме одговорност од сторителот.
ама еве на пример поранешната моја шефица преку вибер морав да и ги пратам сликнати и личната карта и транс сметка, (подоцна дознав дека е коцкарка и дека секаде е заглавена по брзиве кредити) што ако таа земи кредит на мое име или ме пише жирант?
Ќе соработуваме со вас и ќе бараме одговорност од таа личност пред институциите ви кажав и претходно, не може по електронски пат да бидете жирант на никого тоа се прави лично со меница и лична заверка пред нотар. Според никот изгледа си правник и добро знаеш како одат овие работи. Тоа може и во банките кои одобруваат брзи кредити како што напоменав и претходно.
Пак нешто лажеш! Де кажи јасно и гласно. За земен кредит од 50.000 ден со рок на одплата од 12 месеци, колку точно е месечната рата? Значи, стриктно за 12 мес одплата ми кажи, не врткај со 30 дена
Верувај дека банките прават многу поголеми контроли и анализи за тоа кој зема кредит. Вие тоа не го правите. Затоа има такви случаи кај вас како што кажавме досега.
Нешто слаба ти е математиката Како тоа ако се вратат 50.000 денари во рок од 30 дена вкупната сума со камата е 55.341? Значи за 30 дена камата 5.341 денар Па кого лажеш дека за 12 месеци вкупната камата ќе биде 10.600, односно месечно 883 денари камата, кога за 30 дена каматата е 5.341
Не и викај дека лаже. И тебе ќе те тужи! Знаеш каква адвокатка има?! Најдобрата у Мк. Мене еве ми стигна тужбата. Ама ќе се вадам со трудночата дека не можам да идам на судење
Ваљда нешто...логиката ѝ е демек се гледа вкупната сума и ако платиш за 30 дена вкупната сума е толку, а за 12 месеци е повеќе. Камата нема врска Значи ако го вратиш побрзо кредитот еве ти даваме помала сума за враќање а всушност е поголема во однос на временскиот рок.
Ако кредитот се врати во краток временски период односно до 30 дена вие имате поволност да платите само 5,341 денар наместо 10,600 денари за цела година што значи 5,259 денари помалку.
Ама сфаќаш дека во однос на временскиот рок таа сума што е помалку во бројка е всушност поголем финансиски товар? Тие 10.600 се за 12 месеци, тие 5000 и нешто се за еден месец. А што мислиш, како му се исплати повеќе на некој? По која логика пресметувате проценти ја не знам.