Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Брзи кредити

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Sesil, 29 март 2017.

  1. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.472
    Допаѓања:
    21.018
    Абе оваа не кажува како пред некоја година државата ги ограничи да не смеат да ставаат камати над 50% зашто правеа далавери и ставаа мајкеми 400% камати:tmi:
     
    На asdas и butterfly6223 им се допаѓа ова.
  2. Lejla1995

    Lejla1995 Активен член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2021
    Пораки:
    133
    Допаѓања:
    18
    Пол:
    Женски
    Вашата заштеда доколку вратите веднаш е 5,259 денари на годишно ниво.
     
  3. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.472
    Допаѓања:
    21.018
    Значи...глупа сум за финансиски ствари и пак можам да сфатам дека појма немаш:D
     
    На Heart2020, Gulliver, asdas и 2 други им се допаѓа ова.
  4. butterfly6223

    butterfly6223 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2012
    Пораки:
    415
    Допаѓања:
    1.239
    Па и заштеда викаш. Одерете ме вие со камати, јас среќна ќе сум оти имам 5.259ден. заштеда. Јеа рајт.
     
    На Ljubova, Mikha4, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.472
    Допаѓања:
    21.018
    Ајде како на дечињата:D
    Имаме од една страна 3 дечиња на кои им даваме вкупно 12 бомбони, на друга страна 5 дечиња на кои им даваме вкупно 15 бомбони.
    По логиката на лејла, дечињата од првата група ќе се лутат зашто имаат 12, а вториве 15, демек ааа ние помалце, или вториве ќе им се прчат хехе ние повеќе имаме.
    But if you do the maths... втората група дечиња имаат помалку бомбони за секој :D

    Така и овде
    Не може да споредуваш две суми само по големина кои се однесуваат за различен временски период за тоа каков финансиски товар имаат.
     
    На asdas, Just.do.it и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  6. Luciferka

    Luciferka Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2020
    Пораки:
    1.202
    Допаѓања:
    1.741
    Пол:
    Женски
    Тоа е и цаката Ги фаќаат клиентите на психолошки момент, лошата финансиска состојба и лакомисленоста и му кажуваат дека за еден месец ќе платат 5.341 ден а за година 10.600 што му го претватуваат како поволност а уствари е многу поповолно да го земеш на 12 месечни рати.
     
    На asdas и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  7. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    11.268
    Допаѓања:
    170.278
    Пол:
    Женски
    За еден месец ќе дадам камата 5.341 ден, плус главнината од 50.000 ќе ја вратам нормално. Следниот месец тој износ ќе го дадат на Митра исто на месец дена, третиот месец на Рајна, четвртиот на Бистра и се така 12 месеци.
    Значи!
    За 12 мес они ќе заработат 64.092 ден, давајќи заеми по 50.000 ден на месец дена.
    А ако го дадат истиот тој износ на клиент со рок на отплата од 12м ќе заработат САМО 10 000 ден.
    И зошто да земам заем и да го вратам за месец дена?!
    Нели треба обратно да е?
    Ако го вратам побрзо кредитот да имам помала камата?
    Колку што знам , во банките е така.


    Кој кого е*е овде?|(
     
    На baguf4e, cresa-jagoda, Munchmallow20 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Forca

    Forca Популарен член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2016
    Пораки:
    762
    Допаѓања:
    2.042
    Пол:
    Машки
    Каматата на тие ФД им е несразмерно висока, договорна камата ако така договориле може за физички лица да изнесува колку законската казнена камата, законската казнена камата се пресметува полугодишно односно за 6 месеци изнесува според референтна стапка на НБРМ зголемена за 8% за физички лица, значи не како тие си сметаат месечно затоа што така ќе излезе за 6 месеци да наплатат камата 500 евра, а законски за 6 месеци отприлика им следува околу 95 евра камата, ако има некој сметководител или економист може со точно да пресметаат колку ќе изнесува каматата пресметана според закон. :)
     
  9. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.472
    Допаѓања:
    21.018
    Она рачуна дека за еден месец треба да вратиш помалку за вкупната сума, не каматата:rofl:, ко демек види ќе заштедиш зашо помалку ќе вратиш.
     
    На Forca му/ѝ се допаѓа ова.
  10. MagsDestiny

    MagsDestiny Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    2.327
    Допаѓања:
    18.222
    Пол:
    Женски
    Кога веќе дотичната се расфрла толку многу со коментари како "теренска наплата" и "тужење" на рандом членки, еве @Forca нека ми одговори (бидејќи сфатив дека си адвокат, доколку грешам се извинувам):
    Како треба да се постапи за ваквите персони што повеќе од два месеци, секој ден, без престан, малтретираа по телефон жена, и тоа не со фин тон туку буквално врескајќи и? Причина: некој за да земе пари дал погрешни податоци кои овие секако не се замарале да ги проверат, а женава никаква допирна точка нема ниту со таа личност ниту со било кое од овие лихварски друштва. И буквално не се откажуваа сè додека жената не си го смени телефонскиот број.
    Па, според дотичната на темава, ова е нормално?
     
    На christinnn, Forca, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.472
    Допаѓања:
    21.018
    убиЌу се еј
    Абе жено
    Тие 10000 и нешто се за цела година, тие 5000 и нешто за еден месец.
    Подели 10000 на 12 и види каде уствари плаќаш поскапо.
    Пак те прашувам, како рачунате сума за враќање? Или од ракав ја тресете?
     
    На asdas, cresa-jagoda и Just.do.it им се допаѓа ова.
  12. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.472
    Допаѓања:
    21.018
    Дури ти им мелеш за проценти и закони, ја глава сечам ако овие имаат некој правилник за камати кои го следат или се водат по законски определби. Се гледа дека така рандом си лупаат суми и камати како им текне.
     
    На Mikha4 и Forca им се допаѓа ова.
  13. Lejla1995

    Lejla1995 Активен член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2021
    Пораки:
    133
    Допаѓања:
    18
    Пол:
    Женски
    Зборуваме тука колку ќе заштедиш ако вратиш во рок од 30 дена а не во рок од година дена,заштедуваш 5,259 денари ако вратиш во рок од 30 дена.
     
  14. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.472
    Допаѓања:
    21.018
    Ама каматата е неколку пати повисока за тие 30 дена. :rofl:
    Финансиската оптовареност е МНОГУ поголема, иако вкупната сума е помала.
    Вкупната сума се пресметува како збир од земената сума + каматата. Само кај вас од ракав тресете.

    И пак не сакаш да одговориш како пресметувате камати и вкупни суми со што се потврдуваат кажувањата дека сте гадни далаверџии.
     
    На asdas, Mikha4, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Lejla1995

    Lejla1995 Активен член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2021
    Пораки:
    133
    Допаѓања:
    18
    Пол:
    Женски
    Провизиите се помали за 30 дена и тука е вашата заштеда.
     
  16. Luciferka

    Luciferka Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2020
    Пораки:
    1.202
    Допаѓања:
    1.741
    Пол:
    Женски
    @Bubce38 , @cresa-jagoda , @Munchmallow20 не знам што се расправате уште колку и да ја прашувате и објаснувате ќе ви каже дека заштедувате 5,259 денари и толку како папагал е. Полесно со дрво да почнеш да разговараш ќе се разбериш одколку со овие финансиски друштва. Ако заглавиш со овие единтвено можеш преку суд да се разбериш и никако поинаку.
     
    На Gulliver, Just.do.it, Mikha4 и 2 други им се допаѓа ова.
  17. Forca

    Forca Популарен член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2016
    Пораки:
    762
    Допаѓања:
    2.042
    Пол:
    Машки
    Не грешиш, правилно си сфатила. :)

    Единствено жената можела да пријави во полиција, а одделно ако претрпела некој вид на нематеријална штета да речеме поради тие јавувања и се појавило дијагноза тремор (некотролирано тресење на рацете) може да бара надомест на штета (нематеријална штета) од тоа ФД или директно од лицето/ата кои и' ја причиниле таа штета.
    Ова го кажувам од сопственото работно искуство, сум имал таков предмет само против банка, да не бидам сфатен погрешно. ;)
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  18. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.527
    Допаѓања:
    12.708
    Пол:
    Женски
    Последна измена: 24 декември 2021
    На asdas му/ѝ се допаѓа ова.
  19. DraganMomirov

    DraganMomirov Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2021
    Пораки:
    158
    Допаѓања:
    30
    Пол:
    Машки
    Луѓе добра ви вечер заглавен сум на сите страни моментално немам платено еве една недела доцнам нема ни да платам два брзи кредити едниот е во тиго 16000 денари зедов на 24 месеци по 1323 рата платив две три и кредисимо 6000 денари земено 894 денари на 13 месеци две рати или три платено кој се последици што да правам ? 20 000 денара земам плата а 21 100 имам месечни давачки живеам со родители но несакам да стигне ништо до нив би останал и на улица а и би ги стегнало срцето родители во години 55 60 ....
    Како луѓе да ве замолам кое би било најбезболно решение? И кој се последициве
     
  20. butterfly6223

    butterfly6223 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2012
    Пораки:
    415
    Допаѓања:
    1.239
    Земи си кредит од банка, затвори ги овие два. Ќе имаш подолг период на отплата со пониска камата во банката, ама ќе си рает. Друго нема, оти овие ќе те одерат од камати.
     
    На DraganMomirov му/ѝ се допаѓа ова.