Е од каде да знае црешка дали ќе ти излезат во пресрет? Доста се потресуваш, види колку убаво ти објаснила, утре прва работа јави се во банка, објасни ја ситуацијата и замоли ги да ти помогнат. Празници доаѓаат, нема да работат банките заврши го ова уште сабајле. Можеш да најдеш и дополнителна работа, малку турбо да бидеш некој месец и да ги исплатиш долговите.
Се јавувам сабајле и ке им кажам дека поради презадолженост а неможам да рефинансирам да не иди до доцнење дали можи да се намали ратата на што помалце т.е и колку ако не прифатат стварно незнам фала ви многу од срце се потресувам нејќам да стигне до дома ништо...
Предложи им да направиш рефинансирање и отплатата да ти биде на 10 години за да ја намалиш месечната рата. Со парите од рефинансирањето оди и покриј ги долговите кај оние лихварите и немој да се лажеш повеќе. Не ти ја знам математиката со банката, колкава е ратата, колкав е кредитот ама израчунај дали е изводливо ова што го пишав. И ако коренот на проблемот е тоа што мислам дека е, инвестирај во добар психијатар. Со среќа.
Ти кажаа зошто не можеш да рефинансираш? Ми спомна нешто погоре 'да не иде до доцнење' ама искрено не те сфатив.
Вака имам 4 брзи кредити и кредит и кредитна дојдов на 21000 месечни давачки а 18 000 плата сега сум ново вработен затоа неможам а и према плата дур не се растеретам од давачкиве тро ништо да намалам да речам... како да се избегнат проблеми да дознаат дома и еден тон работи .... дома срце ке ги стегне и на улица ке останам
Верувај срце ке ги стегне и ке изгубам и дом и све ... неможам мене ке ме стегне како прво срце ионака последно изгубен сум и во време и во простор
Ако претходно не си бил вработен да, мора да чекаш барем 3 месеци за да поднесеш барање за рефинансирање. Но, никогаш не се знае и многу банки имаат поволности така да, јави се утре во повеќе банки и аплицирај, па ќе видиш дали некаде ќе ти одобрат. Не губиш ништо. Почни со нлб банка. Ќе се растеретиш ако ти одобрат рефинансирање, само кредитот во банка ќе ти остане. Дополнителна работа не можеш да најдеш?
Наместо да кукаш на форум, оди и барај втора работа. Дали чинии ќе миеш некаде или како келнер сега за празниците, сеедно. Имаше на твитер понуда за работа на Маврово, 1000ка дневница за 8 саати работа. Ќе работиш по 17 саати секој ден, и ќе собереш пари за неколку недели. Барем да кажеше на што ги потроши тие 4 кредити. Според месечината рата ич не се мали, си спичкач едно 200 000 денари и сега кукаш на форум
Барав неможев да најдам ништоо друга работа ке те молам како човек ако момеш совет или решение да понудиш ионака ми е претешко ..
Добри совети ти дадоа членките. Прво јави се и прашај во банка. Ако можеш кажи дома, родителите можат да ти помогнат, може совет ќе ти кажат. Побарај втора работа. Или ако имаш близок пријател, консултирај се со него, како да постапиш во ваква ситуација, и за работа можеш да прашаш.
Решението е тоа, две или три работи, ќе работиш секој ден 3 или 4 месеци и ќе ги вратиш кредитите. Никој нема да извади 200 000 денари од џеб да ти ги врати кредитите. Мораш сам.
Само јавување во банка друго незнам што е најлошо имам жирант на кредито доколку не го плаќам што ке биде? Да речеме и тој е повеќе задолжен
Ете ги тие теренски агенти. Идат спремни со план за исплата . Овдека никој нема да извади пари и да ти даде, какво друго решение сакаш? Ти кажаа веќе неколку решенија. Прво иди во банка и види таму што можеш да направиш, не сам да си претпоставуваш дека не може туку да идеш да прашаш. Второ работи уште една работа, било каде и било што. Келнери и шанкери гледам често бараат. Не знам што друго би можел да направиш. Единствено да собереш храброст и кажеш на твоите, ако се финансиски добро стоечки да ти помогнат. Ама прво пробај сам извади се.
Знам дека тешко се наоѓа работа. Како што кажаа членките, бараат келнери, во маркет работа, можеш нешто и freelance да побараш. Има начини.