До 16 и 17 саати на ден имаш уште време дечко, парите не паѓаат од небо, ни пак на дрво се раѓаат. Со секојдневна прекумерна работа, ќе извадиш уште десетина илјади денари месечно, таман ќе ти стигнат за кредитите. Ќе бараш да чистиш некаде, келнер е супер опција, можеш дури и бакшиш да извадиш, ако треба в кујна ќе работиш и чинии ќе миеш. Ги имаш и Коузон, работа на брод. И таму ќе работиш секој ден, 6 месеци... и ќе ги вратиш парите во кеш
Господине се знае решението парите што сте ги зеле треба да ги вратите, или ете како што кажавте имате кредит во Тиго таму можете да правите пролонгати одреден период. Последиците се знае, ќе си имате работа со извршители ќе ви земат плата, ќе ви земат движен и недвижен имот. Можеби ќе бидете кривично гонети и ќе идете во затвор бидејќи со плата од 18.000 денари вие земате кредит во банка и неколку ФД со што станува јасно дека не можете да ги покривате трошоците за толку кредити со тааа плата и сте ги земале да не ги вратите што е ИЗМАМА и е казниво согласно член 247 од кривичниот законик. Затоа гледај брзо најди пари и врати ги барем кон ФД.
Wow ама го просветли свака час....брзо брзо најди пари и врати ги кон ФД, нели најбитни сте вие....Ај сега ти како експерт во овие заталашкани перфидни далавери да објасниш како овој член успеал да земе кредит и од банка и плус од неколку ФД последователно, ако не и истовремено??? Каде ви е сега технологијата со која проверувате кредитоспособност и чиста кредитна историја за 15 минути? Ете за жал пример како функционираат овие ФД, од еден во друг долг, со вртоглави камати. А на членот мислам дека убаво го советуваа членките погоре само дополнителни работи + редовната.
Wow, ќе идел в затвор? Што збруваш мајке ти? Гледаш дека и онака е испаничен? Кај ви е сега проверката на кретиспособност пред да датете кредит а? Нели проверувате бла бла.
Се разбира дека ние не ме најбитни но кај нас трошоците се поголеми доколку влезете во задоцнување бидејќи ова се кредити кои брзо се земаат и треба брзо да се вратат.
Не ми одговори на прашањето: Како земал кредити од толку многу места во исто време? Нели проверувате кредитоспособност и не давате кредит ако не враќа редовно? И немој да се закануваш со затвор, не си ти судска власт, ниту имаш ингеренции за тоа.
Нема јас да го носам во затвор, ние случаите ги пуштаме преку институциите потоа тие си бркаат работа судови, полиција, ОЈО.
И за лажна и неосована кривична пријава се оди во затвор и се плаќа отштета, ај жити се поднесете му таква пријава, барем некој денар ќе ви земе он, нормално, законски и без да ве замара по комшии. Која мизерија сте еј, со затвор му се заканувате ... глупаци, тоа сте, шлајм на општеството. ЛП ако сакаш лични податоци за да ме тужиш, еб*те клошарите.
Не одговарај и цитирај парцијално...Каде ви е темелната проверка на кредитна историја. https://m.makpress.mk/Home/PostDetails?PostId=446932 Како беше она за доделување на кредити врз основа на што??? Ај те молам прочитај колку сте професионални и темелни
А вие како му давате брз кредит некому со плата од 18.000 кој има кредит од банка 60% рата и уште и други брзи кредити? Нели правите проверки или дај му парите па после тој нека му ја мисли како ќе ги враќа, вас тоа ви одговара, па уште и измамени жртви ќе се правите
Тоа се случува низ целиот свет не само кај нас како што имам пишано и претходно, но во соработка со институциите ете лицено е откриено и ќе си сноси последици. Според се излегува од жртви сакаш да кажеш дека сме криви.
Леле леле треба да формирате група за меѓусебна подршка вие ФД кутри жртви...токму тоа сакам да кажам, криви сте што сте дел од криминал.
Ние Криминалци мајко мила, ако сме криминалци ние ќе бидеме затворени нема да постои ниту едно ФД но тоа си е твое мислење си имаш право да го изразиш макар и грешно било.
Ваков вид на друштва постојат само во сиромашни земји, затоа што тоа е начинот на богатење на грб на народ каде што нема закони да те штитат. Треба да се спроведе инцијатива за измена на закон со кој ќе се забранат овие ФД да работат на кој било начин...а тоа ќе се случи брзо, оти ќе им брцнете на големците во око и ќе ве збришат како никогаш да не сте биле.
За жал вие не сте криминалци, вие сте олицетворение на злото. Психолошката тортура која им ја вршите на вашите клиенти е, е, е немам зборови. Барал пари, сте му дале, не враќа, тужете, извршители и глупости, ок, ама до тука. Јадење г*, јавувања и перење мозок, набивање комплекси, како од Гестапо да сте обучени, жими се. Ниту на Голи Оток не верувам дека вака ги малтретирале. Пак ќе речам, освен зло, ништо друго не сте, ниту сте помогнале некому ниту ќе помогнете, не глумете лудило, те молам.
Како си тргнала уште малку и ти и твоето друштво ќе одговарате за измама, а богами и за претење и закани, барем си кажа за кое друштво работиш Инаку колку е задолжен и заглавен народов, радо би лежеле во затвор отколку со вас да се расправаат. Да имаше таква опција за бришење на долгови, верувам дека сами ќе се пријавуваат да одат, затоа што во таква безизлезна и очајна ситуација ги туркате дури и со две работи не можат да излезат на крај.
Затвор бе, ццц. Не може некоја си вработена да се заканува со одење затвор. Инаку моја пријателка имаше кредит од Форца и ја одраа. Рече дека никогаш повеќе нема да земе кредит од финансиско друштво. А за Тиго и М-кеш што да кажам. Даваат кредити на секакви, наркомани, затвореници... Што сакате повеќе. Лејла, каде е овде добрата кредитна историја? И немој да кажеш дека не давате кредити на секакви оти нема да ти верувам.