Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Брзи кредити

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Sesil, 29 март 2017.

  1. Lejla1995

    Lejla1995 Активен член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2021
    Пораки:
    133
    Допаѓања:
    18
    Пол:
    Женски
    Супер, кој знае кого ќе замараш сега :rofl: :rofl: :rofl:
     
  2. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.797
    Пол:
    Женски
    Знам дека си ја сакаш работата и којзнае во кој филм си дека бркаш важна работа во важна фирма ама еве вака објективно од страна изгледаш како исфрустрирано мало човече полно со злоба. Да не ти се одбие еден ден ова од глава ама ти си знаеш.
     
    На Heart2020, raww, Oneo и 5 други им се допаѓа ова.
  3. MkdBoy

    MkdBoy Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2012
    Пораки:
    445
    Допаѓања:
    718
    Пол:
    Машки
    Уште бе не те банираја тебе!
     
    На buba4e89 и Just.do.it им се допаѓа ова.
  4. oblace1

    oblace1 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2013
    Пораки:
    2.406
    Допаѓања:
    8.436
    Пол:
    Женски
    Нема да ти одговори. Не знае што. Џабе ја прашуваш. Не и верува никој секако, али дечкото со личен пример ја поби скроз :D.

    Па можеби и ке бидете затворени кај и да е.
    И онака овие фд што работат кај нас ги има само во сиромашни земји на балканот.
     
    На Mikha4, Just.do.it, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. riba79

    riba79 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2010
    Пораки:
    1.512
    Допаѓања:
    5.596
    Пол:
    Женски
    Kako naplakjate od lugje sto zemale kredit i otisle vo stranstvo so namera deka ke ostanat tamu?
    Tuka nemaat nitu dvizen nitu nedvizdn imot,mladi lugje se vo prasanje:)

    Znam za nekolku vakvi slucaevi zatoa sto drugarka moja raboti vo fd;)
     
    На Just.do.it му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.797
    Пол:
    Женски
    Ќе го вратат со Интерпол и ќе го пикнат во Шутка :D
     
    На raww, Oneo, oblace1 и 6 други им се допаѓа ова.
  7. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.404
    Допаѓања:
    114.553
    Пол:
    Женски
    Прво во банката види дали има рефинансирање на кредити. Оди во банка во сите банки оди и прашај дали може да ти адат кредит за рефинансирање на долгови. На тој начин ќе имаш еден кредит, ќе го испаќаш кон банка а не кон лихвари и готово.
     
    На cresa-jagoda, oblace1, Just.do.it и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.797
    Пол:
    Женски
    Сакав вчера да те тагнам, како да те имам прочитано дека работиш во банка. Колку месеци треба да си вработен за кредит и дали смееш да имаш прекин на стаж?
     
  9. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.404
    Допаѓања:
    114.553
    Пол:
    Женски
    6 месеци непрекинат работен стаж мислам дека беше.
     
    На Just.do.it и Jana06 им се допаѓа ова.
  10. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.476
    Допаѓања:
    21.028
    Дотичната вака поназад велеше дека за смешни 300 евра долг се зимале станови, небитно што станот не бил ставен под хипотека и што тие 300 евра не се ни колку пола квадрат. Сега пак со затвор се заканува.
    @Lejla1995 душичке одлучи се дали си далаверџија, овааа вработена во финансиско друштво де,:wasntme: извршител или судија. Зашто сите три не можеш да бидеш.
    Си има кој да запленува имоти и предмети и си има кој да одредува казни.
    Башка зашто не барате нешто како хипотека то ест гаранција од клиентите?
     
    На Tanjamm, cresa-jagoda и Just.do.it им се допаѓа ова.
  11. Ljubova

    Ljubova Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2021
    Пораки:
    792
    Допаѓања:
    3.275
    Мене ме интересира нешто друго. Дали при вработување бараат огорчени човечиња за на шалтер, или преку обука ги прават така? :?:
    Прашање за интервју: ај пробај закани ми се да видам? И кандидатот: според член .. од закон .. ако не ги вратиш 200 евра ќе одиш во Шутка, ќе те одерат жив, станот ќе ти го земат, извршители ќе те гонат... :?:
    Браво дечко, примен си!

    *и сеа ми стига тужба: Ако не го избришеш мислењето, според член .. ќе одиш во Шутка, ќе те одерат жив... :rofl:
     
    На Oneo, cresa-jagoda, Munchmallow20 и 5 други им се допаѓа ова.
  12. Lejla1995

    Lejla1995 Активен член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2021
    Пораки:
    133
    Допаѓања:
    18
    Пол:
    Женски
    За тие лица ќе се побара екстрадиција и ќе бидат вратени во државата за сторено кривично дело по член 247 од Кривичниот законик. Значи ако земиш пари мора и да ги вратиш и надвор од земјата да бегаш не е решение бидејќи ќе бидеш вратен.
    Јас не сум ни судија ни обвинител а најмалку извршител, но случаите ги процесираме кај надлежните и тие одлучуваат во согласнот со законите, или пак ако се оди во Вонсудска наплата врз основ на договорите за кредит и општите услови присилната наплата не се ограничува на суд и извршител.
     
  13. Camille84

    Camille84 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 мај 2020
    Пораки:
    305
    Допаѓања:
    832
    Пол:
    Женски

    А ако лицето е во друга држава со која Македонија нема договор за екстрадиција?
     
    На Tanjamm, cresa-jagoda, riba79 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.463
    Допаѓања:
    7.846
    Пол:
    Женски
    Можеш и самата да увидиш сега за вашите детални кредитни анализи. Ете постираат и случај кадешто едно лице зема кредит на друго лице.
    Мислам дека доволно беа сите небулози кои ги збориш.
     
    На Tanjamm и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  15. Forca

    Forca Популарен член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2016
    Пораки:
    762
    Допаѓања:
    2.042
    Пол:
    Машки
    Значи реков дека нема да дебатирам повеќе на темава затоа што се' што требаше објаснив во претходните постови али кога прочитав ,,вонсудска наплата врз основ на договорите за кредит и општите услови..." и посебно делот ,,...присилната наплата не се ограничува на суд и извршител."
    Едноставно како професионалец не можам да не демантирам дека напишаното е неточно, невистинито, и ќе образложам во македонското позитивно право пред се мислам на Законот за извршување како lex specialis во однос на било каква присилна наплата, понатаму и во Законот за обезбедување на побарувањата, исто и во Законот за нотаријат, па и еве во Законот за облигациони односи дури и во општиот закон за процесната постака (Законот за парнична постапка по кои постапуваат Основните судови, Апелационите судови, и Врховниот суд на Македонија во сите по било кој основ граѓански постапки) значи НЕ ПОСТОИ ВОНСУДСКА НАПЛАТА како правен инструмент/механизам на кој што доверителот може слободно да изврши присилна наплата врз должникот без претходно со закон утврдена постапка било донесена правосилна и извршна одлука (решение или пресуда).

    Што во случајов постои?
    Постои залог, постои обезбедување на побарување за кое треба изрично да биде договорено, и за кое треба должникот - клиентот ДА СЕ СОГЛАСИ.
    Понатаму постои извршна клаузула која што дозволува да се прескокне судската (нотарската) постапка и да се оди директно на извршна постапка, но и за ова треба должникот ДА СЕ СОГЛАСИ и договорот за кредит треба да биде солемнизиран (значи не само обична заверка на потписи).
    Тука престанувам за да не им дадам правни идеи на овие финансиски друштва затоа што очигледно е колку им се ,,потковани" правно нивните правници за да ги советуваат со ,,вонсудска наплата" која ги иззема и судот и извршувањето... :)
     
    Последна измена: 28 декември 2021
    На baguf4e, Oneo, cresa-jagoda и 9 други им се допаѓа ова.
  16. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.463
    Допаѓања:
    7.846
    Пол:
    Женски
    Мислам пред некое време имаше расправа во собранието да се затворат сите вакви лихварски организации.
    Само во нашата држава постојат, за жал.
    И како смеат да кажуваат неточни информации и да се закануваат по телефони?
     
    На Tanjamm, Oneo, cresa-jagoda и 3 други им се допаѓа ова.
  17. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.268
    Не ти е срам пак кривичниот законик да го цитираш иако овде сите те побија дека не важи при користење на вашите услуги? Како папагал само се повторуваш па и екстрадиција спомнуваш :rofl::rofl::rofl:
     
    На Tanjamm, cresa-jagoda, buba4e89 и 2 други им се допаѓа ова.
  18. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.293
    Допаѓања:
    33.596
    Пол:
    Женски
    Чисто ме интересира дали на клиентите им се дава амортизационен план за исплата на кредитите во фд?
    Се прашувам дали знаат колку земаат и колку враќаат на крај?
     
    На cresa-jagoda, Mikha4 и Just.do.it им се допаѓа ова.
  19. Luciferka

    Luciferka Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2020
    Пораки:
    1.202
    Допаѓања:
    1.741
    Пол:
    Женски
    Членката нема никаков срам изгледа, не само таа туку и сите што работат во лихварските друштва.
    Се имаат појавено дописи до работодавци од овие лихвари каде што бараат присилна наплата која не се ограничува на судови и извршители и врз основа на потпишан договор за кредит и некакви општи услови, но најстрашното е што работодавци постапуваат по барењето и се плашат дека ќе се врши присилна наплата од нив ако не постапат по барањето. После тоа кутри луѓе трчаат кај нас да го оправаме случајот. Да е само една лихварска фирма ќе беше добро но сите ова го научиле и собираат пари на тој начин, само едно не знам толку глупи работодавачи и агенции за смеркодводство постојат или тоа е нема мене да ме боли глава ќе го боли тој што ќе остани без цела плата.
     
    На Forca, cresa-jagoda и Mikha4 им се допаѓа ова.
  20. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.268
    Работодавачи не смеат да кратат повеќе од 1/3 од плата, ниту пак може некој нив да им наплати без административен налог или решение од извршител. Ако некој ги пријави на трудова или ујп, сепак нив ќе ги боли глава.
    Но тоа е што е, многу неписмен народ има овде, тоа е страшно.
     
    На cresa-jagoda, Just.do.it и Luciferka им се допаѓа ова.