1/5 ќе зема извршителот се додека не се наплати еден долг, потоа почнува нов. Двајца извршители не смеат да ве блокираат во исто време.
Ке треба да ми блокира сметка па да го барам ? Да плаќам деблокада во банка и награда за него кај него да носам лист за вработен па тој да пушти кај работодавецо
А ако веќе е блокирана сметката од едно место, па ти одиш и се договориш со тој извршител да плаќаш на рати, за кај другиот извршител ти треба да одиш и да му кажеш дека ќе плаќаш кога ќе го исплатиш првиот долг, или доволно е на еден извршител да се договориш да ти сопираат од плата и другите блокади од други извршители ќе се тргнат па ќе се активираат кога ќе испкатиш кај овој?
Да но ке треба награда за него пплус деблокада во банка околу 100 до 150 евра кеш? , а кажете ми како да исклучам траен налог на кредитна и кредит ? И дали можам тоа кога подогнав кредит и кредитна пред две години ми напраја со трајни налози ме праша мислам или сами било како . Оти неможам вака да неплаќам сами повлекуваат ако не платам на датумо прв прилив лапат со се камати
Не знам од каде излезе ова 1/5? Извршителот, мора да провери дали си вработен или не пред да ти блокира сметка (и за оваа проверка ќе ти наплати). После тоа, ќе донесе и испрати решение за запирање од плата, 1/3 кај твојот работодавец, и веројатно ќе ти го испрати и на тебе. Работодавецот мора да постапи по ова решение. Доколку имаш 2,3 5 решенија, сите тие ќе бидат доставени до работодавецот (од еден или повеќе извршители), и работодавецот мора да ги извести (писмено) дека веќе ти запираат по некое решение и дека по намирување на тој долг, ќе отпочнат со другото решение. Предност има, решението кое прво пристигнало кај работодавецот. Имај во предвид, дека сумите ќе ти бидат многу високи, но запирањето ќе ти биде само 1/3 од плата. Во случај да останеш без работа, работодавецот мора да го информира извршителот, кој пак, во баков случај, ќе те блокира во платен промет (во сите банки) се додека не се вработиш повторно или не го подмириш долгот. Прави што ќе правиш, се додека си вработен, нема да те блокираат во платен промет (ова не исклучува интерна блокада во банка каде дужиш -> ќе мењаш банка, ваљда има некоја каде не си дужен). Нормално, ако поседуваш некој имот подвижен-неподвижен, може да биде предмет на извршување, ама само по барање на доверителот и под услов да е пропорционален со долгот. Бидјќи си очигледно сериозно заглавен, се надевам дека веќе си извлекол поука, и дека нема да заглавиш повторно. Немој само да се лажеш по лихвари, таму нема закони и извршители.
Да, ќе има многу повеќе да отплаќа, ама ќе остане нормален и нема да се поремети. Сега ако не приметуваш може да направи уште поголеми грешки, тек тогаш нема да се среди. Нема тој финансиска можност ништо да плаќа, очигледен е, и нема банката да му даде ништо, сигурен сум, и секако на крај ќе заврши со извршители. А што му носи понатака животот, е тоа не се знае, од немање работа до неколку илијади евра плата, барем ќе има шанса.
@Cyclop Со новиот закон за извршување извршителот ќе задржи 1/5 доколку платата е до просечната или пак 1/3 доколку платата е над просечната. @DraganMomirov , трајниот налог можи да појдеш во банка и да го повлечиш во секое време.
680 000 во банка кредит 65000 кредитна брзи 8000 50 000 95 000 30 000 сумите од брзите се со камата вклучена иначе напола земени...
Абе друже, знаев дека е некоја ваква ситуација. Јас би престанал да ги плаќам брзите (евентуално кредитната) и би им рекол дадете ме на извршител и одјебете. Е сега не знам што имаш потпишано кај нив за да го искористат како платен налог (солемизација) и да одат директно на нотар и извршител, или ќе мора да пуштат платен налог до суд, кој по решението на судтот ќе го дадат на извршител. Внимавај многу што ќе наведат како долг, каматите не може да ги наведат како долг, само основицата на која ќе ти тече законска затезна камата, исто и за кредитот, банката ќе го побара целиот износ на несиплатената основица и на тоа ќе ти тече законска затезна камата. Со тоа што, ако ти држи ситуацијата, кредитот би можел да го плаќаш, и од друга банка да уплаќаш, не мора да си во истата, ниту пак платата мора да ја примаш во истата банка.
Многу тешко да ти го рефинасираат, сигирно во МКБ ти стои Б или пониска категорија, сигурно и оние ФД имаат таму доставено информации, така да, и да сака банката, нема да смее поради контрола од НБРМ да ти го рефинансира кредитот.
Незнам дали да одам во најблиската банка и нив истото да му го кажам или да им речам да укинат трајните налози .... Вчера се беше супер госпоѓата рече можи реконструирање и ке се јави за кој опции ги имам веднаш но не се прејави денеска не креваат од таму ...
немаш време да се замараш со трајните налози, секако во таа банка ќе бидеш интерно блокиран, префрли се во друга банка и од таму врши уплати за кредитот и картицата и се друго, нормално ако воопшто имаш со што.
Не, нема никаков проблем со УЈП ако побараш да ти ја исплаќаат платата на друга трансакциска. Од аспект на УЈП, кога се прави плата, се прави МПИН кој оди на проверка во УЈП. Легално, законски и технички , можеш секој месец да бараш да ти ја исплатат платата во друга банка, единствен услов е, транскациската да биде твоја. Е сега ако тие потпишале некоја административна забрана за тебе и тука потврдиле дека платата ќе ти ја исплаќаат баш на таа трансакциска, тогаш е заебано. Во секој случај, однеси им нова трансакциска и кажи тука да ти ја исплаќаат платата, нема проблеми со УЈП.