Не можи тоа така да не можиш да ја префрлиш платата во друга банка, едноставно одиш во друга банка и отвораш сметка после на работодавецот ( сметководство ) му носиш копија од новата Т-сметка и му кажуваш од сега платата на оваа сметка и толку. Бори се малку за себе човече нема никој да ти ги реши проблемите ако не ти сам, Прочитај го коментаров и до нова година ова да го направиш
Најдобро е со наплатниот центар пак ке им звонам ... мора та госпоѓата да се изјасни му кажав матичен име презиме се рече за кратко ке ме бара и ке каже кој се опциите не се прејави ни денес а до 15 работат денеска не креваат
Другар, без разлика на се, мора да може да земаш плата во друга банка!! На било кој начин! Али од друга страна, би ти препорачал едно. Овие брзиве кредити скини ги скурца не ги плаќај! Башка и не се некој големи суми како главен долг! Ке те дадат на извршител, и ке ти запираат по 2000/3000 денари зависи колава плата земаш (а и можеш и да се договориш со газдата за некој работи околу исплаќање на плата) значи ич да не те боли за брзите кредити, само смени си број! И ништо не ги слушај што ке ти јадат лајна затоа што можат само да ти го јадат к.. ништо друго! А големиот кредит што го имаш од банка плаќај го редовно! Ако заглавиш со него верувај дека никогаш не ке можеш да се одглавиш! А овие ФД.. верувам дека за многу брзо ке ги збришат од картата на Македонија, со закон ке се забранат!
@DraganMomirov И јас вака би играла. Гледај во банка да си редовен, за после неколку месеци да направиш рефинансирање, па тогаш ќе ги исплатиш фд. Додека стигне работата до извршител ќе ги вратиш. Не плаќај и штеди пари.
Никој нема да те замара и да ги замара домашните! Башка законски не смее! Тешко кривично дело е да ти упаѓа некој дома и да те замара! Јас искрено имав едно искуство со една агенција за наплата! Беше спор со мобилен оператор, од кога го раскинав договорот, ми стигна сметка од 15.000 денари да ја платам и нормално не ја платив. Почнаа да ми звонат од ,,наплатната агенција" правеа некој глупости беа во филм некој тогаш пошо тазе дојдени на пазарот. Им закачив тужба, 4500 евра ми исплатија оштета! Плус официјално писмено ИЗВИНУВАЊЕ од нивна страна! Така да ич да не се плашиш!
Едно не ми е јасно каков народ сме да дозволиме некој да не замара, абе некој ако замара по полици по судој има да го носам има и оштета да ми плати. @MkdBoy ти даде одличен пример како треба да се постапува со такви.
Не чекај да ти се јават отиди лично. А да ти доаѓаат дома од брзите кредити не смејат. Ако те заплашуваат со такво нешто, слободно запрети им дека ке ги пријавиш во полиција и стварно пријави ги доколку го сторат истото. Немаат никакво право на тоа.
Значи да баталам брзиве да плаќам во банка останато да тргам настрана мене ми е и да не им се јавуваат нив или и то несмеат ? Пошто сум полнолетен
Нема што да им се јавуваат нив. Ке се јавуваат на тој што си го оставил за контакт. Е сега ако се дрзнат на друго место да звонат и да малтретираат, тогаш можеш да ги средиш на начин што ке си побараш оштета. Обично знаат тие да прават налудничави работи, бидејќи мислат дека се БОГОВИ а сиот друг народ е прост и ке си ќути! Инаку не ги баталувај сите плаќај ги барем тие со најмала рата! Еден или два. На другите дај им го патот.
11616 кредит 800 кредитна со траен налог 8700 негде брзи 21000 давачки 18 000 плата да одам вбанка да прашам истото да им се отворам ? Имам и жирант на кредит или да им речам да укинат траен налог?