Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Брзи кредити

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Sesil, 29 март 2017.

  1. Lana Girl

    Lana Girl Активен член

    Се зачлени на:
    7 април 2022
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    31
    Пол:
    Женски
    Од причина што останав без работа 3 месеци не ми се подмирени ратите за брз кредит секој ден се јавуваат по двапати им нудв опција да плаќам помала сума во рамките на можностите предизвикани од сегашната ситуација не сакаат ни да слушнат.
    Завчера им кажав дека нема да платам ништо нека ме дадат кај извршител па ќе се видиме на суд каде што ќе барам одредени одредби од договорот да бидат поништени и имам пример од пријателка која успеа да го направи тоа и дека истиот адвокат ќе биде ангажиран од моја страна, изгледа тоа толку ги збесна што вчера кога се враќам дома во двор ме чекаа двајца од ФД со логото на Фд на маичките и брендиран автомобил од ФД како наводно го попишуваат автомобилот,куќата и движни предмети како и со муабети дека сум ги измамила што не сум платила ќе се јават во полиција и ќе одам во затвор ( Баба ми ги примила се претстсвиле дека се од полиција )
    Страшно значи како да демнеле да не бидам тука ни јас ни мајка ми и татко ми. да ја начекаат само баба ми сама дома. На која и нуделе нешто да потпише наводно дека биле дојдени.
    Немојте да се лажите со овие легални лихвари никако.
    Можеби и ќе платев но сега навистина нема намера барем ќе се обидам делови од тој договор на суд да ги прогласам за неважечки.
     
    На Mikha4 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.268
    Лажно претставување на службено лице е кривично дело, треба веднаш да ги пријавиш. Исто така не смеат да ве вознемируваат по дома.
    Ако беа толку чисти, ќе си вршат наплати преку извршители, не знам зошто користат вакви тактики, очигледно е колку им смрди работата.
     
    На PaLaVa, oblace1, raww и 6 други им се допаѓа ова.
  3. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.481
    Допаѓања:
    21.061
    Аууу овие не се нормални човече.
    :|:|
    Убаво ти рече микха, да се претстави некој како полицаец а не е, само по себе е забегано и морничаво, после и кривично дело. А лихвариве ако толку "професионално работата, вакви работи не треба да си дозволат.
     
    На PaLaVa, buba4e89, Just.do.it и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Gulliver

    Gulliver Активен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2021
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    43
    Vednash prijavi gi vo policija,toa e krivichno delo.Inaku ne ti mozat nisto samo te plashat.
     
    На Just.do.it и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  5. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.539
    Допаѓања:
    12.743
    Пол:
    Женски
    Јас да сум како тебе ќе се позајмам од некој роднина или пријател пари, ќе го вратам кредитот и веќе никогаш нема да ми текне на овој начин да дојдам до пари.. Ние сме криви, ти, сите што земаат пари од такви, а и државата што му дозволува на секој еден да отвори филијала и да дава туку така пари само со лична карта..
     
    На PaLaVa, mira.mira и Feminka22 им се допаѓа ова.
  6. СуперДевојка

    СуперДевојка Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    2.849
    Допаѓања:
    17.190
    Пол:
    Женски
    Земате кредит, не го враќате и друг ви е крив после?! Wtf?
    Демек банкиве ви простуваат ако останете без работа?
    Јес да пристапот им е мафијашки, ама не ви го дале сосила кредитот, сами сте барале. Убаво е кога земаш пари, тешко е кога треба да враќаш.
     
    На PaLaVa, mira.mira, Discovery и 16 други им се допаѓа ова.
  7. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.268
    Пристапот им е незаконски, што ако сите банки и фирми во земјава тргнат вака како овие да наплаќаат долгови?
    Финансиските друштва си имаат законски и легитимни начини за наплата, како и секоја друга фирма во земјава треба да си ангажираат извршители, нотар или адвокат.

    Исто така Народна банка со издавање дозволи за работа на вакви друштва ги обврзува да работат по точно утврдени регулативи. Ако комерцијална банка не дава кредити на презадолжени или лица со низок кредитен рејтинг, не треба ни они да им даваат. Овие не само што даваат на кој стигнат туку и не проверуваат дали се тоа истите луѓе кои аплицираат.
     
    На Missdea, PaLaVa, baguf4e и 5 други им се допаѓа ова.
  8. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.559
    Пол:
    Женски
    Ама читај убаво, останала без работа, им понудила да враќа помала рата, бидејќи останала без работа и нема толку пари, тие не сакале да слушнат... И затоа им рекла дека нема да им плати ништо, да ја дадат на извршител. Како што би постапила секоја банка, ако не плаќаш. А не како рекетари да и доаѓаат дома, па лажно да се претставуваат. Значи таа сакала да најде решение со помала месечна рата сепак да го исплаќа кредитот што го земала, но штом тие се однесуваат така рекетарски со адвокат нека си ја бара правдата.
     
    На Stark, oblace1, prashinka и 3 други им се допаѓа ова.
  9. Forca

    Forca Популарен член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2016
    Пораки:
    763
    Допаѓања:
    2.059
    Пол:
    Машки
    Пријавете во полиција дека ви влегле дома тие и тие лица од тоа финансиско друштво без ваша дозвола, односно без дозвола на сопственикот, ќе си направат од полиција записник ќе испитаат и ќе си поведат соодветна постапка т.е. кривична, дополнителна отежнителна околност е што лажно се претставувале тоа исто е кривично дело, да не должам повеќе кривични дела сториле, штом тие така безобразно се однесуваат и ви доаѓаат дома тогаш пријавете ги заслужуваат.
     
    На PaLaVa, oblace1, buba4e89 и 5 други им се допаѓа ова.
  10. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.162
    Допаѓања:
    49.363
    Пол:
    Женски
    Абе а да прашам, зошо зимате брзи кредити? Не ви е сумљиво дека нешо има чим одма ви даваат пари на рака? И тоа само со лична карта? Абе уличен лихвар бара залог, не па финансиско друштво.Сами се ставате у глупи позиции.Шо бегате од банки ко ѓавол од крст
     
    На PaLaVa, raww, mssuniquee и 8 други им се допаѓа ова.
  11. СуперДевојка

    СуперДевојка Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    2.849
    Допаѓања:
    17.190
    Пол:
    Женски
    Aма јас прочитав совршено добро ама рата си е рата, никому не му е гајле дали останала без работа. Не сме на пазар да се пазариме колку е кило пиперки. Ни брзите кредити ни банката не ни се криви ако останеме без работа. Дури плаќаш никој не те чепка. И во банка не плаќај, ќе те тормозат на телефон со добро познатата фраза “господине, имате долг”. Па ќе те дадат на агенција за наплата, па тек тие, откако ќе насоберат камати, тогаш на извршител.
    Кој не заглавил лично со кредити, да претура од шупливо во празно не знае како е.
    Башка да не го заборавиме фактот дека на форумов секој се претставува ко невин.
     
    На mira.mira, Neda997, Bezimenka90 и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Lana Girl

    Lana Girl Активен член

    Се зачлени на:
    7 април 2022
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    31
    Пол:
    Женски
    Не бегав од банка но немав време да чекам 10 дена за банката да ми го одобри кредитот, не сакав да земам од моите или од пријатели, кога ги зедов сите околности и тогаш месечините примања што ги имав и покрај високите камати дискретноста ми беше најбитна и се одлучив за брз кредит.
    Бев со намера да го платам кредитот но веќе не нека пишат предлог кај нотар па ќе одиме на суд и ќе го рушам договорот за ништовен.
    Тие сакаа на таков начин лихварски и преварантски да играме јас сум спремна.
     
  13. Lana Girl

    Lana Girl Активен член

    Се зачлени на:
    7 април 2022
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    31
    Пол:
    Женски
    Да но банката нема да ти пушти нивни рекетари да ти дојдат дома и да те заплашуваат и да ти попишуваат автомобил,куќа и движни предмети туку ќе те дадат на извршител и тој ќе си ја тера работата по закон.
     
  14. СуперДевојка

    СуперДевојка Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    2.849
    Допаѓања:
    17.190
    Пол:
    Женски
    Аха, рековме. Земи од банка, не плаќај, понашај се со закани дека нема да плаќаш и не знам што си рекла друго и дојди пак да ни раскажиш како си поминала.
    Долг никој не ти простува.
    Туку земате брзи мислејќи дека ќе ги зафркнете и нема да ги враќате и тоа е…
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Lana Girl

    Lana Girl Активен член

    Се зачлени на:
    7 април 2022
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    31
    Пол:
    Женски
    Е не ќе му ќутам некој по два пати на ден да ми звони, кој како ќе се однесува со мене дупло ќе добие.
     
  16. СуперДевојка

    СуперДевојка Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    2.849
    Допаѓања:
    17.190
    Пол:
    Женски
    Ххаххахахахаха
    Кое одделение си рече, 5то за 6то?
    Пошо такви ти се муабетиве.
    Дојде на форумов, ги искуди, ти излезе нервозата, сеа доста е мислам. :hai:
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Lana Girl

    Lana Girl Активен член

    Се зачлени на:
    7 април 2022
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    31
    Пол:
    Женски
    Супер за тебе сега оди кај твојот работодавец и кажи му како го браниш можеби ќе добиеш и покачување.
     
  18. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.539
    Допаѓања:
    12.743
    Пол:
    Женски
    А од каде ви пари за адвокати и нотари, и зашто со тие пари не си го платите кредитот? Мислам кога веќе сте земале, и викате сте немале пари да платите, а за по судови и адвокати од каде ќе најдете пари, да не се лажеме, и тоа кошта многу.. Значи немате пари за да платите, ама вие сепак би тужеле и не си плаќате тоа што сте земале.
     
    На PaLaVa, mssuniquee, christinnn и 4 други им се допаѓа ова.
  19. Gulliver

    Gulliver Активен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2021
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    43
    Од лично искуство,каснев три месеци со рата и ме убија на телефон,ме враќаа,ме умираа,наводно сум мртов до вечер,ќе ми дошле дома итн итн.Еден од тие дошол на домашна адреса и на врата испаднал брат ми,ме побарал мене лично и кажал дека ако ме криеле се ќе му земале дома на брат ми.Бил испратен со клоца во задник овој рекетаров.Наредниот ден ме побараа на телефон и најучтиво ми рекоа да го платам само главниот долг,а до тогаш ме товараа со страшни камати.Го отплати само главниот долг.Наравоучение:Со гнаси и битанги можеш да се разбереш само на нивни начин.Биди спокојна и уживај,кога можеш врати им го само главниот долг.
     
  20. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.162
    Допаѓања:
    49.363
    Пол:
    Женски
    јадете гомна за нив колку сакате, ѓубриња се, ама немаше да постојат ако немаше очајни за пари.
    Се` дур има овци за стрижење, ќе има кој да ги стриже.Таков народ сме, смотан и лековерен.И они на Фб шо плачат дека ги измамиле продавници, имаш лупа во групата, ги мрзи да прочачкаат, и после плаќат за 1000-1500 ден, а 2 минути работа е, така и вие, сто пати е речено НЕ БРЗИ кредити, вие пак зимате.Епа Цацко ви е крив после
     
    На PaLaVa, baguf4e, Kimberly11 и 3 други им се допаѓа ова.