Онлајн се аплицира, не мора таму да одиш, а не мора ни личноста на која и пуштаат пари на сметка и личноста барател на кредит да имаат исто име, им е гајле, посекако ќе си ги добијат назат парите..
Аууу па тоа не е во ред, што ако навистина има злоупотреба на туѓа ЛК, како сопственикот ќе докаже дека го нема подигнато тој брз кредит.
Јас мислам дека не е така како што кажувате Јас пред 4 години не бев вработена и аплицирав во тиго и ме одбива автоматски, во иуте кредит ме одбија автоматски ми се јавија дури ми бараа жирант, така да не верувам дека не ги проверуваат податоците
Не само ти сите ние на работа, банка или друго место кај што е потребно покажуваме ЛК. И што ако се погоди некоја петарда од личност и злоупотреби податоци од ЛК за своја цел... Брз кредит Како ќе докажеш дека не си земал ти кредит дека е злоупотреба
https://www.radiomof.mk/brzi-krediti-rajski-avanturi-ili-dolzhnichko-ropstvo/ Еве опширна анализа. И не е воопшто ок ако со изгубена лична карта или украдена земаат кредит. Ако некој доброволно се нафаќа да земе кредит со тие услови, ок, ама ако се зема со украдени податоци, треба само јаки казни. Исчистај го текстот, ќе видиш какви примери има. Земале кредити во име на некоја баба на која и ја дрпнале чантата и потоа е поднесена пријава за непознат сторител. Кој ќе ги врати парите? Бабата ни крива ни должна на крај? Ако е навистина вака, а веројатно е, со ова и пратениците треба да се позанимаваат и веднаш да се донесат измени на законот. Да ми направат вака, со украдени податоци, ќе ги тужам и пријавам сегде. И со години ќе се влечкам по судови ако треба.
Eднаш во една агенција каде требаше да имаме исплати, стоиме куп луѓе во ред, и мене ми копираат лична карта и сметка на еден лист. Значи таму на лице место ни копираат, не не прашуваат како и што. Книговодителката го зема листот, го кине на ситни парчиња и го фрла во корпа и ми вели „ова веќе да не се повтори, вака се прават злоупотреби“, а ова беше многу пред да има брзи кредити. Штом затвореници подигаат брзи кредити, значи тоа е апла за никаде. Како може затвореник од затвор со туѓи податоци да земе кредит? Имаше многу такви случаи во црна хроника. Имаме институции, да се позанимаваат со ова, инаку тешко на народот.
Многу јасно дека не е во ред со туѓи податоци да се прави злоупотреба. Но во ова наше општество има многу личности што се петарди и на секој начин сакаат да дојдат за некоја своја цел до пари. Затоа и ми беше прашањето дали е можно да дојде до тој момент. Навистина треба некој посериозно да почне да се позанимава со ова прашање. Не е во ред некој ни крив ни должен да плаќа кредити за некој друг.
Како тоа лесно си го истресе "сигурно" одат и по дома"?! Од искуство, ниедна банка досега не пратила луѓе ниту приближно по дома или по канцеларија. Имам и сум имала сметки во 7-8 банки во земјава, сум користела и кредити и други услуги. Никогаш не отстапиле од своите законски лимити, дури и при лоши услуги секогаш држеле до законската регулатива. Агенција за наплата си прави само муабет по телефон, не наплаќаат ништо плус, за разлика од извршител или овие т. н. финансиски друштва. Страшно е ова. Инаку веќе е активна Агенцијата за заштита на личните податоци, некои прилично добро се ухлебале таму според буџетот кои го објавија, ама они само со бирократија се занимаваат изгледа. Освен обуки онлајн и закани по фирми дека ќе ги казнуваат за папирологија. Не знам дали воопшто работат на терен, по се изгледа не.
Нит е нешто истресено, нит агенција за наплата си прави само муабет. Ама живеј си во заблуди и дај боже никогаш да не осетиш на своја кожа ова моево истресено и муабетот од агенцијата за наплата. Туку алал на сметките, речиси во секоја банка си имала, свака чаС, се пофали.
Не знам зошто го сфати како фалење, јас го спомнав бидејќи тврдам од искуство со сите погоре спомнати освен со овие брзите, дека ова што го пишуваш не е точно. Камо и состојбата на сметките да ми беше за фалење Или си вработен во брзо друштво како другарка ти Лејла , тука добро позната на присутните , или воопшто не си запознаен со општи работи, си заглавил скроз од овие па сега се тешиш тука.
Оо господе, шо не ќе си прочиташ за себеси. Хахаххахах Муабетов ти е ко на селска чешма да си, ти знаеш повеќе за мене од јас самата. Иначе, не. Нит сум вработена во финансиско друштво, нит сум заглавена во кредит, нит се тешам со мислењава. Споделив реално мислење дека од каде и да земеш заем тееба да го вратиш. Ниту банка простува долг, ниту финансиско друштво, ниту уличен лихвар. Тоа што некој се замислува дека заглавен до душа ќе се издигне над законот, може во главата негова само. Во стварноста да беше така, немаше да постојат ни фд, ни банките. И да, методите кои ги спомнав се користат за наплата, ако не се применале врз тебе не значи дека не постојат.
Замисли имаш возрасен родител пензионер, хипотетички, и изгуби лична карта, па некој мангуп со негови податоци земе брзи кредити секаде каде што може, па татко ти почине, и ве дадат на извршител, а поим немате. Замисли вакво сценарио. Како ќе докажеш? Сите сме потенцијални жртви, ама сите и треба да се буниме за ова. Што ако некој во книговодство му текне дека сака да се послужи со туѓи лични податоци, и да се почести со овие брзи кредити. Инаку сум човек кој не сака да чуе за кредити, не пак да земе. За мене купување на кредит, е само јамка околу вратот, ништо друго. Секоја недела во црна хроника има по некој измамен, а не прочитав дека измамниците платиле казни од 500 па до неколку илјади евра, толку се движат. Каде е одговорноста на тие кои така „лабилно“ даваат кредити?