Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Брзи кредити

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Sesil, 29 март 2017.

  1. Maci1012

    Maci1012 Активен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2022
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    32
    Пол:
    Женски
    Kolku vreme kasnite so uplata na rata?
     
  2. DRamolino

    DRamolino Нов член

    Се зачлени на:
    26 април 2022
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Здраво

    Би сакала да Ви поставам прашање на темава.
    Имам земено кредит во ФД и доцнам 15 дена со уплатата на рата, уредно пријавив дека доцнам и ќе треба да ме почекаат за уплата на рата,по само неколку дена на домашна адреса ми дојдоа вработени од филијалата од каде што е земен кредитот и ѕвонеа на врата,не почекаа да отворам и се фатија за кваката да проверат дали вратата е отклучена (вратата беше оставена отклучена) си упаднаа и ме чекаа да ја земам картицата да одам до банкомат за да извадам пари и да ја платам ратата ,отидов,видоа дека немам средства на сметката и ми рекоа дека од "наплатен центар" биле по сите врати,само кај мене не дошле сеуште,навремено си ги подмирував ратите до сега,замолив за трпение до крај на месецот,претходниот пат дури и оставив 800 денари повеќе за да се префрлат за оваа рата ,ете за во случај да доцнам или да платам подоцна,од четвртокот наваму константно ѕвонат,пишуваат пораки на приватниот ФБ профил од типот мора денес да се уплати и да избегнеме непријатности , во текот на денот (денес) 3 пати дојдоа на домашна адреса и ѕвонеа овој пат не отворив,објаснив дека уплата ќе добијат до крајот на месецот ,ми доцни исплатата на авторскиот договор.Би можеле /сакале да ми дадете Ваше мислење како да постапам доколку продолжи ова секојдневно малтретирање и доаѓање по 3 пати дневно на домашна адреса ? Ви благодарам на одговорите
     
  3. Forca

    Forca Популарен член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2016
    Пораки:
    764
    Допаѓања:
    2.060
    Пол:
    Машки
    Пријави во полиција никој не смее да ви влезе дома без ваша дозвола, тие кои влегле направиле кривично дело дополнително што ве рекетираат, треба да се научат си има законски редослед за наплата - законска постапка.
     
    На blady, PaLaVa, raww и 13 други им се допаѓа ова.
  4. Krauc

    Krauc Активен член

    Се зачлени на:
    24 март 2022
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    42
    Пол:
    Машки
    Нека имаат таа среќа мене да ми дојдат дома, па уште со картичка да ме чекаат на банкомат за 15 дена доцнење леле м кеш се сигурно тие се такви рекетари, мене по телефон што ми се однесуваше дрско па после вртев го барав со име презиме кој е па го криеја не го кажуеја се уплашија, сакам да ти кажем ако они играат на таа карта плашење малтретирање мора да возвратиш инаку ќе те газат уште повеќе
     
    На DRamolino, Luciferka и Mikha4 им се допаѓа ова.
  5. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.541
    Допаѓања:
    12.750
    Пол:
    Женски
    За поголема сума на пари се работи или за помала?
     
  6. Luciferka

    Luciferka Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2020
    Пораки:
    1.202
    Допаѓања:
    1.741
    Пол:
    Женски
    Пријави во полиција, никој нема право да ти влезе дома без твоја согласнот или судски налог. Тука има сплет на кривични дела можеш да си пријавиш дури и да си тужиш и оштета да си земиш.
    Појди кај психијатар и извади потврда за нарушено психичко здравје и со тоа пријава и во ОЈО и приватна тужба.
     
    На PaLaVa, raww, MeowMeow и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Luciferka

    Luciferka Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2020
    Пораки:
    1.202
    Допаѓања:
    1.741
    Пол:
    Женски
    Без разлика за колкава сума и да се работи нивното превземено дејство е противзаконско и имаат сторено неколку кривични дела.
     
    На Mikha4 и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  8. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.541
    Допаѓања:
    12.750
    Пол:
    Женски
    Да ама ако нема пари за да го врати кредитот, како ќе тужи за оштета и ќе бара адвокати беспари, кој адвокат ќе ја брани бесплатно?
     
    На referentka му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Luciferka

    Luciferka Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2020
    Пораки:
    1.202
    Допаѓања:
    1.741
    Пол:
    Женски
    Има адвокати кои ќе и излезат во пресрет и ќе се наплатат од ФД по завршување на рочиштата.
     
    На Mikha4 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. DRamolino

    DRamolino Нов член

    Се зачлени на:
    26 април 2022
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Ви благодарам на сите за одговорите. Од истото ФД јас и порано имам земено кога не бев со авторски ,туку имав договор на определено време ,се појави потреба повторно да земам пари некогаш истите и предвремено биле подмирувани ,им кажав и дека ситуацијата со работата ми е променета ,но добив одговор дека тоа не игра улога во одлучувањето ,се работи за сума од околу 100 евра ,објаснив,но одговорот беше мерките се премногу заострени и денес кога видоа дека не им се отвора кога ѕвонат повторно се фатија за кваката ,овој пат вратата беше заклучена,немам ништо бог знае што вредно дури и да сакаат да ми земаат и/или имаат право на тоа ,ама ме исплаши моментот што буквално ме натераа да одам до банкомат за да извадам пари кои во моментов ги немам ,средствата ќе ми бидат префрлени после првомајски празници ,како што веќе кажав претходниот пат им оставив и плус за да не дојде до ситуација да ми доцни исплата од авторски договор ,секако не планирам да не си го вратам долгот,долг си е долг, ама ме исплаши фактот што ѕвонат по милјарда пати,доаѓаат до врата,ме вадат од дома да одам до банкомат и ми пишуваат на приватен ФБ.Не сум била во ваква ситуација до сега ,а не сум ниту правно писмена да знам како да постапам во ваков случај.Ви благодарам на сите за одговорите и повеќе од корисните совети
     
    На Luciferka му/ѝ се допаѓа ова.
  11. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.053
    Допаѓања:
    225.388
    Пол:
    Женски
    јави им се ти.
    не чекај да ти се јават.
    поостро предупреди ги дека следен пат кога ќе ти се фатат за квака ќе ги пријавиш во полиција а исто така дека имаш снимки како пробуваат да влезат...

    Погоре советон со психијатар нема да ти пројде зошто реално немаш докази за тоа.
    Гледај да ги спречиш да ти досаѓаат дур да легне кеш. Не ти треба суд.
     
    На DRamolino му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Luciferka

    Luciferka Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2020
    Пораки:
    1.202
    Допаѓања:
    1.741
    Пол:
    Женски
    Може и те како може но треба доста способен адвокат да го изгура сето тоа, а плус може да си снима и со мобилен дома тоа е имот во нејзина сопственост.
     
  13. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.053
    Допаѓања:
    225.388
    Пол:
    Женски
    Може и снима.
    Ама прво, нема снимка.
    Второ и да има големи се шансите да не се признаат јер не е официјална.
    Во секој случај, твоето држи вода ама само ако има докази. Во спротивно паѓа пред јавен обвинител.
    Знаат тие што праат веруј.
     
  14. DRamolino

    DRamolino Нов член

    Се зачлени на:
    26 април 2022
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Јас имам камера над влезната врата ,проблемот е што не снима ,само прикажува во реално време веројатно во таков случај по некоја логика истата не може да се врати ниту па да се видат снимки,ги чувам пораките на Messenger и уплатницата од претходната рата,а веројатно може да се види некако според некој систем/софтвер/програма кои се користат за евидентирање на уплатите дека досега сум ги подмирувала обврските коректно ,некогаш се случувало по 4-5 дена доцнење ,но сум гледала секогаш да си ги подмирам ратите навремено се надевам и тоа игра некаква улога ,не би сакала да си имам проблем со законот поради ова, а како што рекоа тие и правни последици има доколку се не се подмири на време
     
  15. Maci1012

    Maci1012 Активен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2022
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    32
    Пол:
    Женски
    Напиши тука за кое Финансиско друштво станува збор, претпоставувам дека се од МКеш
     
    На Luciferka и DRamolino им се допаѓа ова.
  16. Gulliver

    Gulliver Активен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2021
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    43
    Ви упаднале дома и чекале да земете картица???Па вие сте криви,некој да ти упадне дома и вие така да го гледате.Штом не сте реагирале,нареден пат може и вас да Ве земат како залог.Па пријавете во полиција,ова што вие го кажувате е тешко кривично дело.Некој да ти влегува дома да проверува дали е отворено и така да си влези ко да е дома и да ми наредува да земам картицата и да ме чека на банкомат.Малку чудно
     
    На PaLaVa, Mikha4, Just.do.it и 3 други им се допаѓа ова.
  17. Krauc

    Krauc Активен член

    Се зачлени на:
    24 март 2022
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    42
    Пол:
    Машки
    М кеш е 1000% еве мое искуство со нив доцнев 2 дена со рата , ми се јави еден глас како боки 13 ист и ни добар ден ни господине ни ништо веднаш почна од м кеш се јавуваме немате рата платено онака со висок тон одма викам ќе платам за неколку дена , почна одма неможе мора денеска да се плати сетоа тоа со висок тон ја експлодирав почнав и ја со висок тон , шутракот почна да оди со тоа каде работам да ме омаволажуава дека работам во образование било жалосно за децата дека јас сум ги учел ќе се јавил на работа ,ако не сум платил веднаш денеска , и ми спушти, тогаш експлодирав јас заминав веднаш во филијала барав да ми дадат контакт од лицето кое бев контактиран во филијала ми рекоа дека се поделени дека тие се за одобрување крсдити а дека тој што се јавил бил од сектор за наплата , и дека имале проблеми и порано многу клиенти реагирале и дека тие реагирале дека се многу дрски од сектор за наплата и за да избегнам проблеми да не дигам телефон другпат дека се свесни и тие дека претерувале , е викам со мене неможе така веднаш се јавив во м кеш централно барав да ме поврзат со агентите за наплата , ме поврзаја ми се јави женски глас пиучтив ја прашав да ми даде податоци од колегата што ме контактираше пред половина час , одби рече дека не може да даде не смее тогаш и реков да му пренесе дека му е прва и последна опомена пред да биде тужен , и последно да му биде со мене такво однесување макар каснел и 1000 дена а не 2 дена и после тоа неколку дена не ми звонеше , кога имав пари си платив рата никому ништо, сега го чекам нареден месец ќе каснам некој ден да видам дали ќе се јави истиот и дали ќе биде пак така безобразен па после јас си знам
     
    На blady, PaLaVa, Mikha4 и 2 други им се допаѓа ова.
  18. Maci1012

    Maci1012 Активен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2022
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    32
    Пол:
    Женски
    Од тоа ФД се најбезобразни, јас двапати сум земала двапати проблеми имав со нивните агенти од наплата.Во Кредисимо пример сум каснала и по 50 дена па сами ќе ми се јават и културно ќе ме потсетат за ратата,плус немаат казни овие од Кеш се најлуди од сите бетер се од ѓаволот.
     
  19. Krauc

    Krauc Активен член

    Се зачлени на:
    24 март 2022
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    42
    Пол:
    Машки
    Исто 17 дена каснам кредисимо немам денар камата ме чекаат една недела пак , ова што ми се деси со м кеш за 2 дена доцнење страшно, абе јас имам проблеми со повеќе кредити брзи неможам да вратам веројатно некој ќе ме даде на извршител али однесувањето е во ред со извршител може да ми се заканат во право се, м кеш уште 2 рати имам тој секако ќе го вратам не се работи за голема сума ама толку сум испровоциран од нив и револтиран што ќе го најдам лично не одговорам што ќе му напраем такво безобразно копиле не сум сретнал во живот
     
  20. Krauc

    Krauc Активен член

    Се зачлени на:
    24 март 2022
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    42
    Пол:
    Машки
    Еден познаник една ипол година нема денар вратено на тоа друштво , пцуење закани тие нему тој нив што не сешто дури и на работа му беа двапати им кажа дека не им плаќа ни денар има институции да го дадат слободно, тие пак истото сега дома ќе му дошле се чудам како издржа година ипол пола здравје изгуби со нив
     
    На blady, Tanjamm и Luciferka им се допаѓа ова.