Сите на крај ќе платат , 5 друштва за 2021 23 милиони евра профит имаат,некоја година може и минус да завршат точно но ќе си легне све на нивно , а инаку да зад нив стојат богаташи, моќни политичари би рекол
Пред 7 дена земав кредит од 20000 од едно фд,денес земав плата и отидов да го раскинам договорот за истиот тој кредит и да ја вратам истата сума која сум ја подигнала, бидејки во договорот има напишано дека може да се раскине договорот за кредит во рок од 14 дена(од кога го видов ова во овој договор ги видов сите други договори од други фд во сите стои истото.Значи во сите ФД може да ги раскинете договорите за кредит во рок од 14 дена и да ја вратите истата сума која сте ја земале).Во финансиското друштво потпишав изјава за раскинување и си ги вратив 20.000 што ги имам земено,но пред да ја потпишам изјавата додека бев во нивната канцеларија вработените од таму ме поврзаа со нивната правна служба од нив добив одговор дека ќе ме пријават во финансика полиција и ќе бидам гонета поради раскинување на договорот. Со тоа ми рекоа дека повеќе нема да можам да користам кредити од нивното фд.Дали некој имал искуство со ваков проблем да биде пријаван во финансика полиција од страна на ФД,и доколку ме пријават кој би биле последиците.
Нема за што да бидеш пријавена во Финансиска немаш сторено ништо што е противзаконско. Твое законско право е во рок 14 дена од склучување на договорот да го раскиниш и да ја вратиш главницата и соодветната месечна камата за тој период. Повторно појди во ФД и побарај си потврда дека немаат побарување кон тебе по ниту еден основ бидејќи имаат тука финта ќе ја побараат да ја вратиш само главницата но не и каматата за тие денови и повторно ќе имаат побарување на камата само со многу зголемени трошоци.
Тиго на мој близок роднина по 10 пати му се јавуваат месечно и му викаат да си го плати само долгот, дека нема да има никаква камата ако плати во готово само основница, ама овој неќе.. Тиго се најкоректни од сите ФД мислам..
Мој близок другар пред да замине Америка 2019 година,зема од 4 финансиски друштва максимум што му одобрија или некаде околу 2500 евра за да му се најдат за почеток во Америка.Тука во Македонија нема ништо на свое име и се уште го немаат дадено на извршител.Има нешто што овие финансиски друштва така лесно не се одлучуваат за извршување,т.е мислам дека работат нелегално или надвор од закон и знаат дека ќе имаат проблем на суд.
Јас имам од 7 финансиски друштва вкупно 190.000 ден земено , е сега друго е тоа што заминал другар ти, можеби имаат информација дека е заминат а нема ништо на свое име па ѓабе да го дадат, но познавам доста и јас овде што после 2 год невраќање се дадени на извршител и плаќаат и ден денес, некои дури сосе лихварските кажати сосе прошло се враќаат ако не поднесеш приговор ќе те натоварат јако некои
Можеби и затоа не е даден се уште на извршител,затоа што од таму по Вибер комуникација им даде до знаење дека нема ништо на свое име и дека е во Америка.Како и да е на овие лихварските финансиски друштва не треба да им се плашите
Нема што да те пријават на финансиска полиција ако тоа стои во договорот, овие се занимаваат нечесно ретко даваат на извршител бидејки имаат вметнато нелегални трошоци во кредитите и затоа ретко ја тераат до суд работата или ако мораат.. Што им е бе на овие како баба роги што плашат деца се
Страшно,почнаа да се закануваат и на тие што му плаќаат не само на должници. Подобро од лихвар одколку од овие легални лихвари.
Јас на почеток кога земав брзи кредити секогаш враќав секаде од страв, и тоа камати големи сега кога сум тесно неможам да вратам никаде , гледам дека подобро е да не враќаш по договор , зошто еве 4 5 месеци денар не сум им уплатил и некои финансиски друштва кога гледаат дека стварно неможат ништо да извлечат од тебе не се криеш се јавуваш на телефон , ти нудат да вратиш само основицата , а пред тоа ќе те тужиме ова она , кој може да ги сфати
еве јсс доцнам 17 дена и му кажувам фа се продолжи уште една недела и таа од таму раздерена ако не уплатам до 17 часот ди налог дома ќе ми дошле за само 4000 денари . па можно ли е ?
не е проблем за 4000 денари само што не разбираат дека за некој ден ќе им се врате.. па дури и на работа дека ќе дојдат па дома . ја нз што му е .. како божем нема да му се даде
Леле бе бетер од лихвари се понашаат, не се плаши другар 2 години скоро денар им нема вратено и на раб му беа и дома ги избрка
abe toa e problemot so za 3800 denara se ponasat kako 380000 da im dolzis .. ne sakam doma da idat bog da cuva... a i ne docnam nogu .. 17 dena ne se bas nogu .. imam zemeno od kredisimo pa bravos ama vakvi kako ovie ♀️