Дали побогу се читаш пред да пишеш? Јас ти дадов мое искуство, а ти ме обвинуваш лажни информации. Јас НЕ БЕВ ТАМУ НА ЛИЦЕ МЕСТО, едноставно е.Вработениот требало да рече нека дое женава лично нека потврди дека се сложува да и се јавиме ако не плаќате или сте добитник на награда ете.... Има начин легално да биде. Жити се во кое финансиско друштво си ме интересира? Ми иде да се вработам кај вас, волку рози да цветаат на едно место не знам каде го има на друго.
Се е легално. финансикото друштво не го нашло вашиот број на улица туку го добило од лице ( ваша пријателка) која сакала да бидете контакт за неа. Доколку вие не сте и дале согласнот на вашата пријателка, можете против неа да почнете постапка пред надлежни органи
Кога немате аргументи и на секој начин се обидувате да ги оцрните финансиките друштва, фер е од ваша страна што се повлековте од изнесување невистини.
Се извинувам ама ти ја промаши поентата , 90 % од финансиските друштва при прво внесување во систем лице за контакт го внесуваат преку согласност од страна на истото лице ( со разговор по телефон и потврда на лични податоци и секако согласност да биде контактирано во иднина во улогата во која се наоѓа) малку се оние кои пишуваат број без да биде исконтактирано лицето , но и при тоа агентот има обврска да му наложи на кредитобарателот да го извести лицето дека доколку има потреба дека ќе биде исконтактирано за да пренесe инфо за рата или за плаќање ..... Јас разбирам дека повеќето тука сте во улога на клиенти ама реалноста е многу поинаква и муабетите на другарка ми , другарка и , па тетката нејзина ,која меѓу другото доцни 100 дена со уплата и има веќе нефункционален кредит ( ситуација во која што никоја банка , приватна или државна институција давател на услуга не Ве толерира и нема да Ве толерира туку веднаш Ве предава на наплатна служба ) уште имате бел чист образ да ги правдате , а не се поголемиот дел цвеќиња за мирисање . Ќе се изненадите колку од вашите блиски прават полоши работи од таа да па се аплицира со лажни адреси , лажни лични карти , лажни работни места и така натака за да дојдат до некој денар и при тоа да не го враќаат .... Одговорноста се бара од едно и единствено место , од оној кој ги доставил податоците , кој не подмирува навреме и не Ве известил дека споделил Ваш податок во финансиска институција уште на почеток кога тоа го направил без Ваша согласност( се разбира ако тоа е така како што вие тврдите ) ...
Не знам како јас ја промашив поентата, јас не земав кредит. Бев исконтактирана дека некое лице оставило мој број да ме известат дека тоа лице доцнело. Јас не сум ни била присутна кога бил оставен мој телефински број ни па од филијалата некој ме извести дали се согласувам да бидам контактирана ако тој и тој касни.
Ќе ти реплицирам единствено да ти кажам дека СТОЈАМ ЗАД ТОА ДЕКА БЕВ КОНТАКТИРАНА ОД ФИЛИЈАЛА БЕЗ ДА СЕ СОГЛАСАМ МОЈОТ ТЕЛЕФНСКИ БРОЈ ДА СТОИ ТАМУ. А ти ако со толку праведна пиши во чие име пишуваш и браниш страни. Тука никој не спомна име само даваме примери а се закануваш со правни последици. Повели изјасни се.
И јас да си кажам искуство, мој другар го дал мојот тел. број за контакт, пред некој ден навечер накај 22ч. ми се јавуваат на тел. со скриен број од финансиско друштво да му пренесам на мојот другар дека должи со уплата, искрено ги отерав у три лепи!!! Најпрво се ѕвони во пристојно време, второ нема јас да изигравам расипан телефон или нечиј информатор, нивни проблем што не можат да го добијат должникот, нивни проблем што дале кредит на лице со лош кредитен рејтинг затоа што другаров е задолжен сегде, башка се расправав со него што дал мој тел. број, не се тука криви финансиското друштво типов ги излажал и нив, али односот е што ти наредуваат да му пренесеш информација, зошто јас да пренесувам инфор. и да ме пикаат во нивната манџа??? Секоја будала може да го остави мојот број сегде за контакт по овие финансиски друштва и тие со цел памет се јавуваат и упорни да му пренесам, хаха еве трчам веднаш да му пренесам на другаров... Значи скроз... (да останам културен, инаку типов си дал мој тел. без моја согласност)
Мене првиот ден кога го земав новиот број ми се јавија, рата за комбе да сум платела требало, тој што го имал пред мене бројот земал комбе на рати, сменил број, вид виделија фатил... Среќа па не сум како тебе, иначе до сега по сите судови ќе требаше да одам, сите пари по адвокати ќе ги фрлев, само за да докажам дека јас не сум таа која земала комбе на рати, а сите знаат дека не сум таа.. Посети си психијатар жено, очигледно имаш проблем.
Извини уште еднаш ќе те реплицирам, да ти доловам нешто. Брзи кредити е еднакво на лихварство според мене. И мене не ми беше баш сеедно рандом ми звонат дека некој должи а јас како контакт оставена. Инаку адвокатот ми е во фамилијата па затоа се посоветвав дали мене ќе ми накалемат нешто.
Знам за случаи кадешто беше земен кредит од вакви друштва на име на лице коешто воопшто не знаеше дека е земен кредит на негово име. Доволна беше само негова лична карта.
Доколку веќе се повикувате на закони, ви го препорачувам Закон за заштита на личните податоци да си го читнете вие и вашите колеги во "финансиското друштво" во кое работите, кое како правно лице според законот е ентитет со висок ризик. Ќе видите дали смеете без согласност да барате или нудите било што, бидејќи дури и наградните игри се сметаат за пропаганда и промотивна активност. Ќе ве замолам да не се користите со закани веќе, ниту допринесуваат кон дискусијата овде, ниту се реални сепак ова е анонимен форум каде и вие сте член, кој патем цело време агитира во име на некоја фирма која не ја ни знаеме. Во врска со согласноста на лицето кое оставило контакт види горе. Околу карактеристиките на клиентите на овие "финансиски" друштва, малку е нефер да се напаѓаат само клиентите за неплаќање на долговите кога овие друштва да беа стварно сериозни финансиски институции ќе си направат сами проценка околу ризикот и кредитниот рејтинг на потенцијалните клиенти, покритието кое го имаат, исто како и другите банки и штедилници кои издаваат кредити и се должни по закон да го направат тоа. Фактот што овие никнаа како печурки на секое ќоше, само кажува какво мафијашко дувло нѝ е државата кога им се дозволува на лихвари и рекетари законски да ја експлоатираат најранливата категорија на луѓе во овој очај од општество
Дали сте сигурни дека во тој период од вечерта биле на навистина од финансико друштво? Или можеби некој се има зезано со вас. Иако според мене 22 часот не е нешто вау доцна па да се акам од земја ако добијам повик. Финансиските друштво контактират исклучиво во текот на работно време или во исклучителни ситуации кога во текот на работното време не може да се стапи во контакт со вас од било која причина може да бидете побарани малку подоцна од работното време. Ниту агитирам ниту имам таква намера( поминаа изборите заврши агитирањето ) само ги согледувам работите и се трудам да одговорам на тврдења во кои е изземена вистината и некои се обидуваат на таков начин со лаги и манипулации да наштетат на угледот на финансиските друштва. Исто така во оваа прилика би сакала да ти кажам дека од секој кој изнесува невистини може да се побара одговорност согласно законот за граѓанска одговорност и кривичниот законик.
Исто така и тој што се заканува може да се соочи со кривична, и физичкото и правното лице сносат одговорност. Колку е очигледно во каква средина работиш што а секој одговор напразно се закануваш, само ги потврдуваш сите искуства кои ги споделуваат вашите клиенти.
Се сложувам секој што се заканува, навредува, дава информации кои што не се точни се со цел да наштети на ФД, но јас не се заканувам како што алудираш ти јас само укажувам на последиците за секој што изнесува такви факти без да даде докази за истото ( судска пресуда и сл) што значи се до тој момент изнесува неточни податоци се со цела да наштети на угледот и честа на финансиките друштва а за таквото однесување се сностат правни последици. Работам во одлична средина со пријатен тим од колеги каде што се грижиме за нашите клиенти да добијат нај добра услуга, би му посакала на секого да работи си таков тим каде подржаката едни кон други и нашата кон нашите клиенти ја ставаме на прво место.
Тоа се прави преку online апликациите за кредит. Де кажи во која лихварска организација работиш а не само вака на суво да ги фалиш без да знаеме кои се тие величествени.
Јас ниту знам ниту би можел да знам кој стои од другата страна на слушалката од телофонот, поготово ако ми вртат со скриен број, но со оглед дека ми се претставија дека се од финансиско друштво (јавно нема да го именувам) и го кажаа името и презимето на мојов ,,другар", а наредниот ден другаров мој ми потврди дека оставил мој тел. за контакт, така да убеден сум дека биле од тоа финансиско друштво. Сега 22ч. да речеме мене ми е касно затоа што тогаш си легнувам затоа што сабајле станувам во 6ч. наутро за да се подготвам за работниот ден, како и повеќето луѓе во мк, и некој да ме ремети во 22ч. не е во ред, можеле да ме побараат многу порано во текот на денот ама изгледа (претпоставувам) не го добиле должникот и ајде ќе му вртиме на лицево за контакт кој го остави должникот (напоменувам БЕЗ МОЈА СОГЛАСНОСТ) значи да ми вртеа накај 20ч. ок, до 21ч. ок, ама се молам во 22ч ми вртеа, и башка од приватен број, не ми се мене тие ,,другарчиња" да ми вратат кога ќе им текне (другари и другарки знаат дека во работен ден легнувам тој период и не ми вртат) исклучок е вечерва останав до покасно до 00.40ч. утре немам некои работни обврски од сабајле Нејсе, тоа што го правите со вртење на трети лица за да вршат информирање на вашите должници, не е во ред, никој не ви е должен да ги информира вашите должници, освен се разбира вие самите. Толку овде завршувам со дебатава, нема смисла само ќе повторувам.