Нема што да ти иди некој дома, ако дојдат веднаш кажи му да го напуштат имотот бидејќи е приватен и без оргинал судски налог не смеат да влезат во приватен имот. Доколку не постапат по твоето барање пријави го случајот за лихварење и кажи не знам ни кој се ни што се ми бараат пари ме рекетираат на врата. На крајот на краиштата некој ако ти влезе во твој имот и не го напушта има и други начини кои се сметаат за дозволени се со цел заштита на животот,телото,здравјето и имотот.
Кога ќе ги видам рекламиве за легалните лихвари со тоа гатачките и вештерките ми се . Никој туку-така не дава пари. Туку има луѓе што проста математика не знаат па не се свесни кои камати се во прашање. Подобро ќе истерам процедури и ќе земам од банка отколку да фатам работа со овие.
Тие што земаат од овие лихварници баш се свесни и за камати и трошоци туку немаат друг избор банките не им даваат кредити од некоја причина најчесто поради лоша кредитна историја а овие лихварници даваат на се што мрда и прета само со лична карта.
Па и не се толку лоши , кога ќе видат дека немаш абер да им платиш и покрај сите притисоци и закани, еве мене лично ми бришат каматите ми нудат плати само главницата , ама пустото е што немаш ни за тоа,да имаш би платил , и на многу места, и тоа е ќе чекаш тужба кад тад
Мајка ми минатата недела си зема нов број од Т мобиле, и сега постојано и вратат од Тиго, некој тип со иницијали ЃК земал 54 илјади кредит и си сменил број фино лепо, три месеци не платил рата.. Одат до таму што и викаат на мајка ми, ти тетке не лажеш, син ти го криеш, им блокирав неколку броеви од кога убаво им ја објаснив ситуацијата прво мајка ми па јас им објаснивме, и они ми викаат дека лажам, дека го кријам ЃК, и постојано вртат и праќаат пораки од различни броеви.. Не знам како да се спасиме, освен да смениме број, што не е можно, не ти менуваат број додека не ти истече договорот.
Закани им се дека ќе ги пријавиш во полиција оти те вознемируваат. Нека си пронајдат начин како да дојдат до човекот кој го бараат, незнам што им е толку чудно да го сменил бројот. Ко прв и последен е што сменил број.
Пуштете му електронска пошта на info@tigo.mk објаснете ја целосно ситуацијата на вработените таму и напоменте му дека ако продолжат да ве вознемируваат ќе пријавите во полиција и други надлежни институции. Ако пак продолжат со истото правец во полиција.
Како како??? Поглупо нешто не сум слушнала Ти ги познаваш законите воопшто? Нема никаква обврска да го предаде имотот што ти е на тебе?? Вака ги плашите луѓето како баба рога??
Шо подалеку од овие лихвари. Зад нив стојат богати луѓе од типот на политичари и бизнисмени. Каматите се енормно големи и може да си останете без покрив над глава. За среќа не сум имал искуство со ваков кредит. Банката ми е посигурно.
Ovie krediti se od mnogu Mala vrednost do 1000 evra maksimum taka da ne plasite luge deka nekoj ke ostane bez pokriv za 500 evra dolg, edino sto moze da ostane e so blokirana smetka od izvrsitel i nisto drugo
Ма немој, познаници сите што земаа заглавија до бескрај,имат премногу големи камати. И сам читаш што пишуват овде членови.
Подигни, па нека те напуштат од работа или недај Боже да се разболеш и сл па кога ќе задоцниш со рата ќе дојдеш и ќе ни кажеш што се случува. Ќе биди не прашувај гаталец туку паталец.