Не е негова обврска да проверува од кого се предметите, на сопственикот е обврска да докаже дека се негови.
Има дупки во законите кај нас. Почнуваш на работа, заглавен со нило каков кредит. После прв месец правиш договор со работодавецот дека си направил штета во фирмата и законски ти пушта плата од 100 до 300 денари. Извршителот од тие пари може да ти земе 1/3(една тритина). Другите пари ги добиваш на рака од работодавецот. 18000-300=17700 добиваш на рака како дневници со касата да прими документ. Така да @Justicija имаш шанси да го качиш адреналинот ако сакаш
Ова малку ми личи на научна фантастика,но и да е така мислам дека кривица имаат тие на кој што им влегле дома и им земале ствари со покажување на договор.И мислам дека и во полиција не се толку тупи,иако овие се врзани со сите.Како и да е проблемот е кај сопственикот.
И од финансиските друштва веќе знаат кај можат да наплатат,каде не.Дужев кај едно од тие 60.000 ден. година и пол,секакви закани претрпев и долгот кој што требаше да го вратам беше можеби 5 пати поголем од основниот.На крајот почнаа да ми звонат и ме молеа да платам само главниот долг од 60.000 ден.Не сакаа ниту да тужат затоа што од некаде знаеле дека немам ништо на мое име и само уште ќе плаќале по судови и извршители.Така да мислам ако им допуштете ќе платите и по 10 пати повисока цена од главниот долг и ќе ви влегуваат дома.
Па закани по телефон,сега доаѓаме дома или ќе платиш или ќотек,па ти си мртов човек,па ќе ви влеземе дома се ќе ви земеме итн итн.Е сега,во моментот да имав пари би ги вратил веднаш,но морав сето тоа да го истрпам но во ни еден момент не им покажав слабост и не им се исплашив и си ги знаев моите права.Изгледа и тие видоа со кој си имаат работа па почнаа Ве молиме господине само главниот долг.
Сите имаат такви манири, но едно е без компас мислам дека и сама можеш да се сетиш кое многу е пишувано тука за него.
М кеш гомнарите за 3000 ден малтретираат а не за појќе , ако начекаат слабаци буквално закани им праат како улични лихвари ако видат дека си побудала од нив се повлекуваат
Дали од некое финансисоко друштво после толку закани ви имаат дојдено дома/работа или само така викаат по телефон дека ви доаѓаат дома/работа теренска наплата?
Кај повеќето редовен работен однос, кај некои и не мора можи да е на определено и чиста кредитна историја во ФД. Ако имаш друг избор макар и најмал немој да земаш од тие лихвари низ нос ќе ти излезе кредитот дури и редовно да си плаќаш рати, два пати размисли пред да земиш.
Ako planira da odi za stranstvo zasekoagas i nema nisto na nejzino ime neka zeme neka gi zakole ako ne , poarno od lihvar ulicen neka zeme
Не не воопшто не планирам да земам само прашувам бидејќи многу луѓе се заглавени за мали суми не ми е јасно како доаѓа до тоа...