Дали има некој искуство со неплаќање на ратите, се работи за моја пријателка која има кредит овде а замина во странство. Сега доби писмо дека ќе биде известено кредитно биро, што понатаму следува. Ќе и блокираат сметка или што нзз, таа замина, овде нема никој.
Ќе го известат кредитното биро и при евентуално враќање во државава ќе има лоша кредитна историја и нема да може да подигне кредит и сл. Секако ќе ја дадат на извршител кој ќе и блокира сметка ако најди нешто ќе задржи или евентуално ќе запленат движен, недвижен имот ако го има на нејзино име, ако не ќе чекаат некакво наследство да добие или било што.
Кај сте го чуле ова запленување? Не постои, освен на сметка и ако не си заложил претходно имот никој не може да ти го заплени заради паричен долг.
Извршување може да се реализира врз парични средства во банка, плата кај работодавец, движен/недвижен имот. Сега што ќе одлучи доверителот тоа. Ако нема приход од плата постојат шанси и тоа да се превземе.
Во тој случај можеби ќе профункционира европскиот платен налог на некој поедноставен начин па ќе се врши присилна наплата во државата каде што е, шансите за ова се минимални но вреди да се спомне. Во друг случај после нејзината смрт обврските ќе паднат на наследниците до висина на наследство, ама да претпоставиме нема да остани наследство наследниците немаат обврска да го подмират долгот ако не сакаат. Што значи ФД, или некоја агенција направила лоша инвестиција и ќе треба така да си го прокнижи кредитот.
Ќе донесат закон делото да застарува за 10 години, тоа е уште во собраниска процедура и до 2023 ќе биде изгласан
Не коментирам и не давам совети на закон што сеуште не се донесени и не е сигурно дали ќе бидат. Во советите ги користам само позитивните ( моменталните законски прописи. Ако биде усвоен тој закон нема да важи ретроактивно така да уште една причина да не го споменувам законот што не е донесен.
На воен инвалид од 2001 кој барал помош по социјални мрежи, со негови податоци дигнале брзи кредити и сега му барале да врати пари. Се плаши дека ќе остане без куќа. За вакви малтретирања имаат ли право да тужат? Сигурно имаат. Друго, сајбер криминал за што е? Не може да најде кој аплицирал, на чии сметки се одлеале парите?
За жал тој треба да си плати сега, подоцна ако се открие кој подигнал во негово име ќе може од тоа лице да се бара надомест на штета. Кога викам јас треба со закон да се забранат лихвариве со потпис без потпис многу луѓе велат некој не ги тера луѓето да одат таму. Проблемот е и тие што не пошле треба да плаќаат.
Да се види на чија сметка се слеале парите, кој ги подигнал?За што се камерите на банкоматите? Може да се најде. Како тоа ќе плаќаат нешто што не го земале, не потпишале? Каде е ОЈО по допрен глас да реагира за овој грабеж! Каде е ОЈО? И во хотели оставаме лични карти и во приватно сместување. Со вакво работење може секој секого да закрпи?
Точно. Си има и камери и закон за лични податоци. Фалсификување потпис е дело казниво со затвор а и е лесно докажливо само треба ангажирање. Ако е така секој кој сака може у банка кредит да ми земе и да ме потпише...не е баш така ко шо кажуваат