I jas deneska imav takva epizoda,nekoj si od mcash mi se javi i reche deka petok mi idel na rabota na site da im raskaze deka dolzam,isto taka i doma da sum go cekal i toa so kafe
Mcash imaat nekoj takvi vraboteno koj ti zvonat i te maltretira Od mcash deneska mi se javija,nekoj me masirashe deka petok doagjal na rabota da me raskazuva i navodno i doma ke doshol.Imam li osnova za pokrenuvanje na tuzba?
Да, доколку го сторат тоа што го напиша, имаш право да бараш надомест на штета заради нарушување на углед и личен интегритет.
Сигурно не ви било кажано дека иде кај вас на работа на сите да им раскаже за вашиот долг. За вашиот долг ќе биде известен исклучиво вашиот претпоставен кој потоа ќе ви укаже на последиците од вашето неплаќање, контакт со работодавачот се бара исклучиво кога должникот не соработува со ФД било од која причина, страв, недоверба и сл и во тој случај се вклучува работодавецот како лице од доверба на вработениот за да му укаже на последиците. Тоа што ви кажале дека ќе дојдат на вашата адреса и да сварите кафе е точно и сакале да ви кажат дека идат да поразговарате и да се решат проблемите во пријателска атмосфера со кафе и дека нема од што да се плашите да воспоставите контакт со теренските наплатувачи кои се тука од хуман аспект.
Незнам зошто се чудите за финансиските друштва и нивниот принцип на работа. Кога се земаат пари на заем, не се чита ни договор и клаузули ни предупредувања од последици ни обврски ни права. Е, кога ке дојде време за плаќање, тогаш нечинат. Прашање: зошто место од вакви лихварски финансиски друштва (како ги нарекуваат) не отидете фино во банка и не земете кредит ?? Затоа што не бараат никакво обезбедување за разлика од Банката која (извинете на израз) гаќите ќе ти ги истресе додека ти даде кредитче. Е овие даваат без гаранции (со обичен телефонски број кој прв ти паднал на памет) ама ако задоцниш со плаќање тогаш сам ќе си ги истресеш гаќите. Не ги бранам, напротив, секој кој ме прашал сум рекла-подалеку од нив !
Пријави ги во полиција, како да се другари, па на кафе ќе ти дојдам, на работа ќе ти дојдам по колеги ќе те кажувам. Која мизерија ејј.
Затоа што во банка треба многу услови да исполниш за да земеш кредит, а тука само да си вработен и ќе ти дадат... Евентуално и да немаш лоша кредитна историја, друго ништо не бараат.
Точно. Веќе допишав горе. Се што е добиено на тацна, ќе ти го извадат на тил...ако не вратиш на време
И што ќе кажи во полиција, едно ФД ми бараат да ги вратам парите што ги зедов од нив а јас бегам од нив како ѓавол од темјан од кога ги зедов парите ајде заштите ме да не платам ништо
Искрено не верувам дека некој ќе се јави и со хулигански методи ќе се служи, сепак овие ФД се под ,,присмотра,, на НБРМ и други високи институции . Претпоставувам дека на должникот му е звонето повеќе пати и нема одговорено на повик па дошло до безврска ситуација.
Според мене кредит се зема само кога имаш можност и услови да направиш профит од тие пари, пример да земеш кредит и да купиш такси, знаеш дека ќе работиш и ќе вратиш, за да основаш фирма, за да купиш лаптоп што ти треба со подобри перформанси за да работиш на него и да ги вратиш парите, евентуално за стан или куќа, знаеш дека на долг рок ќе ти се исплати, а за така само да земеш кредит затоа што не си можел да сврзеш крај со крај, па после и со кредит демек поарно, а бетер ќе се заглавиш, не се зема.
Подобро е да те информираат и да се најди решение или директ на извршител да ти ја земе платата или станот ?
Не е океј, ама они најпрво толку голема лага шират што дури е невозможно. И на тв и сегде е иста реклама, за прво подигање демек колку земеш толку вратиш, без камата без ништо, а после дупло ти бараат, тоа фер ли е. Ако веќе имаш таква реклама дека првиот пат е без камата така и нека биде, а не уште одма ти лупаат. Среќа јас не се изгорев еднаш така, се јавив преку телефон и на крај на разговор арно ми текна викам ај кажи ми по колку секој месец треба да враќам и ми кажува, пресметувам јас излегува дупло од сумата, шок ме удри, и му реков да размислам ќе те барам. После цела недела ми ѕвонеа на тел да ме замараат да земам пари и зошто сум се предомислила.
Нина, ако знаеш дека си земал, и ако валута на рата ти е 25.11.2021, тогаш не очекувај дека мирно ќе живееш. Ако знаеш дека имаш одговорност према нешто, нема што да се вознемируваш - плаќаш рата и крај. Ваквите кредити се наменети за бинисмени ,,во шкрипац,, на кој моментално му недостигаат пари , ќе ги има за два дена ама ќе пропушти некој добар бизнис, па ај да земе позајмица. Штета, кај нас се земаат за исклучена струја, за коцкање, за храна.... Ние сме сиромав народ за да ги користиме ваквите услуги.
Ако е кажано дека првиот кредит е без камата тоа е така, без камата и трошоци за одобрување колку земаш толку треба и да вратиш. Еве конкретно во нашето ФД имаме таква акција моменатлно за прв кредит колку земаш толку треба и да вратиш но треба да се врати целиот износ во рок од 30 дена, ако земаш кредит на подолг период 6,12 месеци таква поволност не добиваш.