Форумџика на годината

Брзи кредити

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Sesil, 29 март 2017.

  1. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.162
    Допаѓања:
    49.363
    Пол:
    Женски
    Епа и они ако не ги земат од тебе тие 50,000 не може на друг да даат.
    Сама си одговори
    А мене не ми одговоривте со кој памет го праите тоа
     
    На Tanjamm и naturallmess им се допаѓа ова.
  2. Luckies S

    Luckies S Активен член

    Се зачлени на:
    31 август 2022
    Пораки:
    47
    Допаѓања:
    26
    Пол:
    Женски

    Me razbiras sto ti zboram ili ne ?
    Nek si aktivira izvrsitel a ne da see zakani I neznam sto zatoa sto se dzabe pari nemoze da zeme taka
    ja ne rekov izvrsitel da ne si brka za dolg TOA si e nivno potpolno pravo
     
    На Luciferka му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.268
    Боли или не, наплата преку извршител е единствениот законски начин да си наплатат. Не е дека ги боли туку извршител нема да им го земе предметот затоа што издаваат кредити неосновано и спротивно на регулациите и прописите, т.е на начин со кој може да ги изгубат лиценците за работа. Најлесно да ги откачите е наредниот пат да им викнете полиција за вознемирување и прекин на работниот процес.

    Е сега они прљаво играат, ама и овие шо земаат кредити од нив мислејќи ги заебале банките се посебна сорта.

    П.С. Play stupid games, win stupid prizes.
     
    На Tanjamm и Luciferka им се допаѓа ова.
  4. Luckies S

    Luckies S Активен член

    Се зачлени на:
    31 август 2022
    Пораки:
    47
    Допаѓања:
    26
    Пол:
    Женски

    Tuka veke neznam Kako Im odat rabotite
    Celata debata bese samo kratko I jasno da se razbereme Deka ne postoi drug nacin da si gi vratat parite osven preku izvrsitel
    Toa go kazav preeska kaj Nas od rabota Bea vrateni so tie zborovi: ne vi go razbiram kontekstot na doagjanjeto za kredit Sto ste go dale na licna karta ni podpisan ni zaveren od Nas
    Firmava nema da postapi po nieden odnos clen ili bilo Sto na nesto Sto e zemeno a ne podpisano od nas
    Koga ke stigne izvrsno resenie povelete
     
    На Luciferka му/ѝ се допаѓа ова.
  5. naturallmess

    naturallmess Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2018
    Пораки:
    1.035
    Допаѓања:
    3.698
    Пол:
    Женски
    Ама навистина не ми е јасно како можете да ги извртувате работите од налево до Кина и назад , а сте толку неинформирани . Прво и основно кое било барањето на финансиската институција од правното лице ? Знаете или не , бевте присутни во разговорот или не до Вас лично доставија барање за Ваш вработен или само колку да се најдеме во муабет (бидејќи не се работело за Вас рековте погоре )? Второ доколку правното лице не потпишало административна забрана во ниеден момент нема обврска да прави одбиток од плата на работник и тоа правното лице треба да го знае ( но има финансиски друштва кои доставуваат и бараат административна забрана , зависно од висината на износот и продуктот) . Трето правното лице никогаш не делува врз извршно решение , односно извршно решение се спроведува со нотарски акт до банките и одбиток се прави директно од трансакциска сметка на физичко лице.
    И НАЈВАЖНО е да знаете Вие и сите останати дека пред да Ви падне на памет да се излажете да земете најобично пречекорување на трансакциска сметка , а не ли пак кредит или кредитна картичка треба финансиски да се информирате , да научите како финансиски се функционира како физичко лице , како да си ги планирате обврските и како да ги сервисирате истите .
    Уште една молба до адвокатскиов сектор и нивниот удел во целиов муабет малку да намалите со изнесување на информации и тврдења кои не Ви се проверени на пр. Муабетот дека М кеш и Изи кредит се иста фирма е само истресено од ракав зашто тие на ниеден начин не се поврзани ( имате јавно достапен регистар на финасиски институции , отворете видете па пишувајте ) зашто и овие муабети тука што ги правите и советите што ги делите треба да Ви бидат со резерва зашто утре може да имаат негативни последици врз сиротиве презадолжени членови на форумов кои едвај чекаат некој да им каже не враќајте никаде кај што должите и ништо не Ви можат....
     
  6. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.268
    Проблемот кај членката е што правното лице (работодавачот) не издало потврда за административна забрана на вработениот, бидејќи уанаби лихвариве одобруваат кредити кај ќе стигнат и потоа не можат да си ги наплатат. Па наместо преку извршител, нотар или адвокат они праќаат "теренска наплата" по домашни адреси, место на работа, што е незаконски патем. Без правен основ не можеш да им се појавиш рандом на фирмите и да бараш пари за долговите на нивните вработени.
    Јас работев правен сектор едно време, па да ми се појават вака не се мислам два пати, веднаш им викам полиција. А фирмата ако има ангажирано приватно обезбедување дури тогаш ќе се размислат пред да чукнат на нечија врата.
     
  7. naturallmess

    naturallmess Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2018
    Пораки:
    1.035
    Допаѓања:
    3.698
    Пол:
    Женски
    Проблемот на членката е што или не ја знае точната ситуација каква била или неска да ја прикаже ( мене ми е јасно тоа ) туку реков овде 90% постовите се колку да се најдеме во муабет , а никој не приложува факти и се е од на другарка ми , братучетката па на тетка и пораката .
    А Вашиот проблем е што тврдите нешто ,а и Вие не сте сигурни во тоа што го пишувате нели?
    Правно знаете дали се покриени тие "наплати на терен " ? НЕ не знаете , бидејки немате договор за кредит пред Вас за да видите што покрива истиот.
    Викате "незаконски" , а каде постои законска регулатива за достава на известување и контакт од страна на овластено лице со клиент кој не соработува и е неконтактибилен ?
    И повторно ја ширите дезинформацијата од основиот пост на членката од каде Вие или таа знаете дека било побарано од фирмата да му го сервисора долгот на работникот или било нешто друго тема на муабет? Зарем Вие мислите дека над 30 финансиски друштва со иста и слична дејност ( кои сите функционираат и наплаќаат идентично ) 10 години ќе работат "противзаконски" и правно непокриени ќе праќаат луѓе по работните места и по домовите на клиентите и ќе си ги наплаќаат долговите? Па да беа толку правно непокриени и нелегално да делуваа , луциферка , форца и останатите од адвокатска асоцијација до сега ќе ги испозатвореа сите финансиски друштва и со полни џебови коктели на Маурициус ќе пијеа а не на фемина да дебатираат со нас.
     
    На tanjita му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.268
    Не постои теренска наплата а да е законски покриена баш каква што ја практикуваат овие друштва.
    Законот за облигациони односи во делот за наплата на долгови е јасен, појасен не може да биде. Секој што има ненаплатен долг има право да си го наплати преку извршител, нотар или адвокат, буквално пола саат работа и си го враќаш долгот во потполност. Сѐ друго со што се користат "теренциве" е незаконски.
    А веќе има доста пријави во делот на вознемирување, измама и изнуда, не ти е само фемина извор ;)
     
    На Tanjamm, pravnicka_2604, Luciferka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Forca

    Forca Популарен член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2016
    Пораки:
    765
    Допаѓања:
    2.083
    Пол:
    Машки
    Не сум кажал дека работат противзаконски, туку дека користат методи за наплата кои не се законски регулирани, тоа значи дека такви методи не постојат во законите, на пример теренска наплата, не постои такво нешто во македонското законодавство, не е забрането но не и дозволено затоа што не постои како правен институт, а таква теренска наплата пак од друга страна влегува во колизија со други закони.
    А пак од трета страна постои строго формална постапка за наплата на побарувања (долгови) која е регулирана во процесните закони како што е Законот за парничната постапка како lex generalis (општиот закон за овој вид на постапка, кој исто се применува и во случај на правни празнини во законите кои се lex specialis), и Законот за нотаријат, и Законот за извршната постапка како lex specialis (деталните закони по кои се постапува во наплата на побарувања).
    Со други зборови присилна наплата (попис, пленидба т.е. одземање на предмети, и нивна продажба) или користење на други извршни дејствија може да превзема исклучиво и само извршител, никој друг.
    Доверителот нема право да зема предмети и да ги продава истите од должникот (освен ако немаат правно дело меѓусебно за рачен залог) на пр. Заложна куќа таа има право затоа што има правен основ согласно Закон за облигационите односи.
    Да не се повторувам и со претходно кажанато. :)
     
    Последна измена: 17 ноември 2022
    На pravnicka_2604, Mikha4 и naturallmess им се допаѓа ова.
  10. Luciferka

    Luciferka Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2020
    Пораки:
    1.202
    Допаѓања:
    1.741
    Пол:
    Женски
    Се известува со препорачана пратка лице кое не е контактибилно и тука завршува целата можност која ја има согласно закон ФД и потоа може да ги превземе сите други мерки за наплата на своето побарување преку суд/извршител.

    Но не да шета по домовите на своите клиенти и нивните работодавци и да се заканува со таканаречено извршување кое не се ограничува на судови и изршители, како и пораки/тел повици ќе дојдат колегите од теренска наплата и се ќе ти земат, ќе одиш во затвор, секој момент ќе те следат 100 луѓе и ќе знаат каде си, ако не платиш ти си мртов човек и др.

    За дел од сите овие случи веќе имаме започнато постапки пред суд а за дел кој се со поблаги закани има предупредувања од страна на МВР за одговорните лица на правното лице, правното лице како и лицата кои директно постапиле надвор од законските прописи.

    Исто така доверителот нема никакво законско право своеволно без извршна исправа да запленува недвижен имот по домовите на граѓаните за што има чести случаи/ тоа право го има само извршител во строго дефинирана постапка согласно законските прописи.

    Друго физичкото лице треба да знае да си ги пушти нозете колку што е долга чергата ете ќе се изразам народски но и ФД треба истото и сите договорени трошоци да ги пресметува согласно законските процеси.
    На должникот е право а не обврска да плати , можеби сака на суд да докаже друга ситуација освен ти и некои други што ја кажууват а не е во согласност со закон.

    Искрено ќе ти кажам да начекам некој на лице место да и се заканува на домашна адреса на некоја моја блиска личност нема да ги кажувам овие закони туку има да се кае за тоа што дошол противзаконско да наплатува.
     
    На Missdea, Forca, pravnicka_2604 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Missdea

    Missdea Активен член

    Се зачлени на:
    17 ноември 2022
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Женски
    Здраво на сите. Јас сакам да слушнам мислење од постручните на оваа тема за ова што го прават ФД во последно време. Дали имаат право тоа да го прават. Имено, сведоци сме дека во последниве месеци нудат и даваат високи кредити, 120.000, 180.000 до 240.000денари, до 48 месеци, значи 4 години, со огромни трошоци за одобрување и администрирање на кредитот. Еднаш пресметуваат за одобрување, а потоа и за месечно администрирање на кредитот, огромни суми . така да ако сте зеле некаде 200.000 денари, ке треба да вратите 450000 па и 500000. денари. Тоа се страсхни заработки. Еден мој познаник зеде таков кредит и сеаг се чуди што направи и како ќе врати толкава сума. Ова се случува се почесто вероватно, многу реклами има за овие видови кредити а луѓето презадолжени, без да размислат се задолжувааат многу. Дали смеат олкави трошоци да пресметуваат ФБ, дали имаат законско покритие?
     
    На Maci1012 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.268
    Ако си се потпишал на таков договор, апсолутно имаат право.
     
    На Luciferka му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.463
    Допаѓања:
    7.846
    Пол:
    Женски
    Па за да се спасат од вакви трошоци, притоа многу ретко некое фд да ги каже отворено овие трошоци пред земање на кредитот, најдобро е кредит да се земе од банка. Сигурно и за тој кредит има некои трошоци, но не толкави како кај овие нелегални организации.
     
    На cresa-jagoda, Missdea, Luciferka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Missdea

    Missdea Активен член

    Се зачлени на:
    17 ноември 2022
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Женски
    Да, токму така, не ги кажуваат трошоците. Поради тоа, покасно кога ќе ги видат договорите се шокираат. Од банка да, но некогаш не може од банка а, ФД не гледаат презадолжен клиент или не. Дали имаат право клиентите да не ги плаќаат дел од тие трошоци, дали се заштитени со некој Закпонски акт, на пример со Законот за заштита на потрошувачи.
     
  15. Luciferka

    Luciferka Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2020
    Пораки:
    1.202
    Допаѓања:
    1.741
    Пол:
    Женски
    Само во случај на не подмирување на рата ако дојде работата до нотар тогаш да се жалиш на НПН.
     
    На Missdea му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Missdea

    Missdea Активен член

    Се зачлени на:
    17 ноември 2022
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Женски
    Сега точно не знам но ќе се информирам. Пријателот беше револтиран затоа што во предоговорните формулари стоела една сума која треба да ја врати, вкупна, без додадени трошоци за администрирање на кредитот, апотоа кога пресметал износ на рата по 48 добил друга сума за враќање, која одговарала на онаа во крајниот договор со додадени трошоци.
     
  17. Missdea

    Missdea Активен член

    Се зачлени на:
    17 ноември 2022
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Женски
    Јас му реков да гледа да ги исплати главнината и каматата , па за трошоците потоа нека разговара со нив.
     
  18. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.463
    Допаѓања:
    7.846
    Пол:
    Женски
    Дали има законска заштита, не знам, но на ваков начин заработуваат фд.
    Тие не прават никаква кредитна анализа и ги манипулираат луѓето. Само во нашата држава постојат вакви друштва, секаде на друго место се нелегални.
     
    На Missdea му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.268
    Па како да го штити законот, од самиот себе ли?
    Дека не работат законски за сигурно знаеме во делот на наплатата, но ако никој не те уценил и присилил да потпишеш договор како ќе се спасуваш.

    На толку банки мене стварно не ми е јасно со кој памет одат луѓето по овие брзи кредити. Јас разбирам очај ама ако не е работата за живот или смрт, попрво леб и сол ќе јадам ама не се позајмувам од таму.
     
    На cresa-jagoda, Missdea и Tanjamm им се допаѓа ова.
  20. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.268
    Постојат и во Африка, на неписмен народ сѐ можеш да му протнеш. Кога не знаат да читаат кој им е крив. И можеле да замолат некој да прочита за нив пред да потпишат ама се брзат побргу пари да земат чиниш нема други опции
     
    На Tanjamm и Just.do.it им се допаѓа ова.