Чија природа ?! Ама ако нечија природа не ти одговара НАЈприродно е да немаш работа со нив. Оди во Банка, поднеси си документи и чекај да ти одобрат. Ама незнам веќе на кого не му е јасно дека брзото давање пари со еден повик значи уште побро враќање со вртоглава камата. Не ги оправдувам, далеку од тоа. СДК дека тоа се нивни ,,правила на игра,, и ако несакаш да играш, бегај подалеку од нив. Ти прават услуга за која подоцна ќе зажалиш
Читај добро,вчера ми рече дека доаѓа во петок,а денеска повторно ми се јави и рече доаѓа понеделник и убаво имам пишано во денешниот коментар ,,е сега ми рече понеделник доаѓа,,.Како и да е не е спорно дека должам,убаво му е најавено дека ќе платам на одреден датум,секој пат сум достапен,а тој од таму ќе ти идам на работа, ќе раскажам на сите,ќе ти дојдеме дома итн. Па повели му велам,отпуштен сум од работа,дојди на друго место да се видиме,а тој повторно ќе дојдам на работа ќе те раскажам итн. Изгледа има таква обука.Е сето ова што го наведе јас имам право да го тужам,а не тој мене,нарушени углед и чест и нарушена психичка состојба.
Пробај пријави го за вознемирување да видиш што ќе ти речат. Навистина ми е жал што слушам вакви работи, многу народ од вакви закани и живот си одзема, неможе да издржи притисок.
Бубаче Ако си потпишал таков документ, нема каде да бегаш. Жално е, ама вистинито. Ова е рамно на комарот/коцката....дава клуч од куќа/кола и седнува на маса да игра покер (незнм , можеби и друга игра се игра..). Никој не те тера со сила, сам си ја ставаш јамката. А некој кој има право да ти позајми го користи тој момент
незнам зошто напаѓате некој кај кого сте молеле да ви даде негови пари ?! Дали дома ви дојде и на сила ви ги даде ? Дали со пиштол на глава потпишувавте ? Пак да бидам јасна- не сум на нивна страна и сакам да не постојат, ама вистината е ТАА
Доколку должникот нема извор на приходи или не се доволни да се наплати во разумен рок во тој случај се оди на продажба на движниот и недвижниот имот на должникот.
Си потпишал за кредит и во секој договор стои сѐ, ама во ниту еден договор не стои дека треба стан да дадат или да му земат.
Луѓе не сакам да се докажувам колку се лоши тие ФД. Луѓе сме, се паѓа во финансиска криза. Од лихвар да позајмиш ако не ги вратиш за ( на пр) 90 дена, имам чуено дека и прст сечат и дека претат по фамилија. Зошто се чудите за легалниве институции.
На тема колку се овие финансиски друштва ажурни во давањето кредити. https://novatv.mk/demnachi-na-fejsbuk-zloupotrebuvale-lichni-podatotsi-na-litsa-za-brzi-krediti/ https://www.slobodenpecat.mk/izmamn...chni-podatoci-za-apliciranje-za-brzi-krediti/ "Одобрувањето кредити без лично присуство е легално Лиценците за работа на финансиските друштва и контролата на нивната работа е во доменот на Министерството за финансии, за разлика од банките, кои се под лупа на Народната банка." Знаете зошто се вика банана - држава? Таму каде мајмуните владеат, затоа.
Тешко дека стан ќе добиеш така на тацна, не потпишал за хипотека потпишал за кредит и секој може да ве тужи за присилна наплата,уценување и продажба на имот кој не е ваш. И не работиш ти душо моја од љубов него од сласт за пари. Затоа вреѓате за да си го земете процентот. Типично!
Да,да може и тој што потпишал за кредит и него можете да го продадете.Во мојот случај не станува збор за бегање,криење итн. туку се најавувам дека ќе каснам со уплата на рата,а од таму почнуваат со закани,е тоа не ми е јасно.И затоа со право ве нарекуваат лихвари.
Доколку за неколку месеци извршителот не се наплати од платата, сметката на должникот ние го менуваме средството на извршување на недвижен имот. После продажбата делот што е за долг и извршување си го задржуваме останатиот дел од вредноста на имотот се префрла на сметката на должникот.
Хахаха хахаха,девојче те молам не со тие куршуми.Еве може и на татко ми станот ќе му го земете,за тоа што јас немам имот за да наплатите долг од 15.000 денари,а остатокот ќе му го уплатите на сметка.Одлична си.Седи петка
Вие немате никакво право на продажба на туѓ имот кој не е ваш и за кој никој не потпишал за него. Оттуѓување на имот на неисправен начин е кривично дело.