здраво, да прашам вооднос на брзиве кредити. имам кредит од 12000 денари. пошо бев во странство два месеци и не бев во можност да ги исплатам ратите ми стигна опомена пред тужба. дали е возможно да се договри за да уплати дел од сумата и остатокот да речиме по две недели, зашо чекам да ми префрлат плата? или одма тужат? ако да колу е вреемската разлика измеѓу поднесена тужба и поднесување на извршител?
Не ми се верува, он лајн ако се аплицира за брз кредит им треба само матичен број? Значи јас ако го знам на било кој матичниот комотно можам да земам во негово име?
Не знам каде да го поставам прашањево..Се работи за кредит земен од банка, сопругот е жирант ама личноста на која и е жирант не го плаќал кредитот и сега стига од извршител на сопругот. Дали има нешто да се направи за сопругот да не враќа туѓ кредит, тужба или жалба до банката?
За жал ќе треба да го враќа наместо должникот, после тоа колку што платил ќе може да бара регрес од должникот.
Не. Бараат да им сликаш лична карта, картичките за здравствено што ги даваа или здравствена книшка.. Парите ги префрлаат само на сметка на лицето кое подигнува кредит.. Бараат контакт лице на кое му се јавуваат.. Итн
Штом се потпишал како жирант, нема оснпв брз кој може да тужи. Жирантот има исти одговорности како барателот за кредот...тој е исто така учесник во кредитот
Ако има правосилност извршителот може да задржува до 1/3 од месечните примања ...повеќе не..не може целосно да блокира сметка
Јас пак ќе прашам, освен телефонските закани, дали знаете некој да бил даден на извршител или тужен за брз кредит?
Моментално имам неколку активни предмети по овој основ, јас сум од страната на тужените односно граѓани кои биле по еден или друг начин доведени во заблуда. За пред извршител немам моментално предмети но сум слушнал од колеги дека тие имаат нивни странки по овој основ.
Во моите предмети сме во постапка пред суд, јас ги застапувам тужените во моите предмети, а за колегите не знам што како, јас немам предмети во моментот за кај извршител по основ наплата на долг врз основа на извршна исправа во смисла доверители финансиски друштва против должници физички лица.